Квадратен степен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дефиниција за квадратен степен (со црвено)

Квадратен степен е единица за просторен агол со симбол (°)², кој од практични причини понекаде се претставува како степ2, кв. степ. и сл. Со оваа единица се изразуваат делови од сферата, аналогно на степените што изразуваат делови од кружицата. Еден степен еднаков на π /180 радијани, па затоа еден квадратен степен е (π /180)2 или околу 13283 од стерадијан. Бројот на квадратни степени во една сфера е

4 \pi \left(\frac{180}{\pi}\right)^2 = \frac{129\,600}{\pi},

или приближно 41.253 (°)². Ова е вкупната површина на сите 88 соѕвездија.

На пример, гледајќи од површината на Земјата, Месечината има пречник од околу 0,5°, што значи дека зафаќа просторен агол од приближно 0,20 (°)², што претставува 4,8 × 10−6 од вкупната небесна сфера.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]