Длето (соѕвездие)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Длето
лат. Caelum
КратенкаCae
ГенитивноCaeli[1]
СимболизамДлето
Ректасцензија04ч 19,5м to 05ч 05,1м[2] ч.
Деклинација−27,.02° to −48,74°[2]°
КвадрантSQ1
Површина125 (°)² (81-во)
Главни ѕвезди4
Бајерови/Флемстидови
ѕвезди
8
Ѕвезди со планети1
Ѕвезди посјајни од 3,00m0
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг)0
Најсјајна ѕвездаα Cae (4,45m)
Најблиска ѕвездаHD 30876
(57,87 сг, 17,75 пс)
Месјеови објекти0
Метеорски дождовиNone
Соседни
соѕвездија
Гулаб
Зајак
Еридан
Часовник
Златна Рипка
Сликар
Видливо на ширина од +40° до −90°.
Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец јануари.

Длето — слабосјајно соѕвездие на јужното небо, воспоставено во 1750 година од страна на Никола Луј де Лакај. Името на соѕвездието потекнува од латинскиот збор саelum што во превод значи длето, и првично било познато под името Caelum Scalptorium („Длетото на Граверот“). Станува зор за осмото најмало соѕвездие, и просторен агол од околу 0.038 стерадијани, само малку помалку од Јужна Круна.

Поради својата мала големина и местоположба од рамнината на Млечниот Пат, Длето е јалово соѕвездие, со само неколку соѕвездија од интерес. Најсјајната ѕвезда во соѕвездието, Алфа Длето, е само со светлинска величина 4,45, и само уште една ѕвезда (Гама1 Длето) е со светлинска величина поголема од 5. Други позначајни објекти во Длето се RR Длето, двојна ѕвезда со една планета на растојание од 65,7 сг. од Земјата, X Длето, и променливата Делта Штит која образува оптичка двојна ѕвезда со Гама1 Длето, и HE0450-2958 Сејфертова галаксија која првично наликувала на млаз без да се забележи галаксијата.

Историја[уреди | уреди извор]

Соѕвездието Длето во долниот десен агол на ѕвездена карта од 1825 година во збирката на ѕвездени карти Огледалото на Уранија.

Длето за првпат било воведено во XVIII век од страна на Никола Луј де Лакај, француски астроном кој осмислил уште 13 други јужни соѕвездија во еден кус период.[3] Првичното име кое Лакај му го доделил на соѕвездието било Caelum Scalptorium „Длетото на Граверот“, и Францис Бејли го скратил името само на Длето по сугестија од страна на Џон Хершел.[4] Во оригиналната ѕвездена карта на Лакај, соѕвездието било прикажано како шило или пак бакрорез, за подоцна да се препознава само како длето.[4] Јохан Елерт Боде го предложил името во множина, Caela Scalptoris, но истото не било прифатено.[5]

Особености[уреди | уреди извор]

Длето се граничи со Златна Рипка и Сликар на југ, Часовник и Еридан на исток, Зајак на север и Гулаб на запад. Со површина од 125 квадратни степени, е на 81 место по големина од 88-те современи соѕвездија. Може да се забележи на јужната полутопка за време на летото и целото соѕвездие е видливо во еден период од годината за жителите под 41 северен напоредник на северната полутопка.[1][б 1] Главниот астеризам се состои од четири ѕвезди кои се со светлинска величина поголема од 6,5.[1] Границите на соѕвездието се поставени од Ежен Делпорт во 1930 година, и се опишани како дванаесетостран многуаголник. Во екваторскиот координатен систем, координатите на ректасцензијата на овие граници се меѓу 04ч 19,5м и 05ч 05,1м,додека пак координатите на деклинацијата се движат меѓу −27,02° и −48,74°.[2] Меѓународниот астрономски сојуз ја прифатил кратенката од три букви „Cae“ за соѕвездието во 1922 година.[6]

Забележителности[уреди | уреди извор]

Соѕвездието Длето набљудувано со голо око.

Ѕвезди[уреди | уреди извор]

Длето е слабосјајно соѕвездие, не поседува ѕвезди со светлинска величина поголема од 4 и смо две со светлинска величина поголема од 5. Лакај на шест ѕвезди им дал Бајерови ознаки, означувајќи ги од алфа до зета во 1756 година, но ја прскокнал епсилон и две блиски ѕвезди ги означил со гама. Боде ги проширил ознаките до Ро за останатите ѕвезди но повеќето не се користат.[5] Длето е многу на југ за ѕвездите од соѕвездието да имаат Фламстидови ознаки.[б 2]

Најсјајната ѕвезда, Алфа Длето, е двојна ѕвезда, која содржи ѕвезда со спектрална класа F која е на главната низа и со светлинска величина 4.,45 и црвено џуџе со светлинска величина 12,5, на растојание од 65,7 сг. од Земјата.[8][9] Бета Длето, уште една ѕвезда со спектрална класа F со светлинска величина 5,05, е уште подалеку, на растојание од 93,5 сг. од Земјата. За разлика од Алфа, Бета Длето е ѕвезда подџин, пред кус временски период ја напуштила главната низа.[10] Делта Длето, со светлинска величина 5,05, е ѕвезда подџин со спектрална класа B и на растојание од 700 сг. од Земјата.[11]

Гама1 Длето е двојна ѕвезда со првична ѕвезда црвен џин со светлинска величина 4,58 и втората ѕвезда со светлинска величина 8,1. И двете ѕвезди се на растојание од 181,3 сг. од Земјата. Двете ѕвезди не можат да се видат оддвоено во помали аматерски телескопи поради разликата во светлинските величини и малото ѓегусебно растојание.[12] Оваа ѕвезда образува оптичка двојна ѕвезда со неповрзаната X Длето (Гама2 Длето), и променлива ѕвезда од типот Делта Штит на растојание од 320,7 сг. од Земјата.[13] Станува збор за кратко периодични пулсирачки ѕвезди кои се користат како стандардни свеќи и се предмет на проучување на астросеизмологијата.[14] X Длето и самата е двојна ѕвезда, поточно допирна двојна ѕвезда,[15] што значи дека ѕвездите се толку близу една до друга што ги делат обвивките. Друга променлива ѕвезда видлива со голо око во спѕвездието е RV Длето, пулсирачки црвен џин со спектрална класа M1III,[16] чии светлински велеичини се движат од 6,44 до 6,56.[17]

Постајат и три ѕвезди кои сè уште се нарекуваат по своите Бајерови ознаки и можат да се видат со голо око во соѕвездието Длето. Ни Длето[18] е уште една двојна ѕвезда, која содржи бел џин со светлинска величина 6,07[19] и друга ѕвезда со светлинска величина 10,66 со непозната спектрална класа.[20] Овој систем е на растојание од 171,4 сг. од Земјата.[19] Ламбда Длето,[21] со светлинска величина 6,24, е многу поцрвена и подалечна ѕвезда црвен џин на растојание од 740 сг. од Земјата.[22] Зета Длето е подалечна послабосјајна ѕвезда со светлинска величина 6,36 на растојание од 430 сг. од Земјата, станува збор за ѕвезда со спектрална класа К подџин од спектрален тип K1.[23] Останатите 12 ѕвезди кои можат да се видат со голо око во Длето не се со Бајерови ознаки како што е на пример RV Длето.

Сејфертова галаксија HE0450-2958, невообичаено активна галаксија во Длето

Една од најблиските ѕвезди во Длето е еклиптичката двојна ѕвезда RR Длето, на растојание од 65,7 сг. од Земјата.[24] Овој систем се состои од темно црвено џуџе и бело џуџе.[25] И покрај близината до Земјата, привидната светлинска величина изнесува 14,4[24] поради слабиот сјај на ѕвездите и токму поради овие причини не може лесно да се забележи со помал амтерски телескоп. Во 2012 година, во овој систем беше пронајдена џиновска планета, и постои доказ а постоење на уште една планета.[26] Системот е во пост преносна фаза и го губи своето аголно забрзување што на крајот ќе предизвика пренос на масата од црвеното џуџе на белото џуџе. За отприлика од 9 до 20 милијарди години, ова ќе предизвика системот да стане катаклизмична променлива.[27]

Далечни објекти[уреди | уреди извор]

Поради својата мала големина и местоположба надвор од галактичката рамнина на Млечниот, во Длето нема далечни објекти, и нема Месјеови објекти. Единствениот далечен објект во Длето кој е интересен за разгледување е HE0450-2958, невообичаена Сејфертова галаксија. Првично, оваа галаксија се покажала како тешка за наоѓање, како млазот од истата да потекнувал од никаде.[28] Некои астрономи предложиле дека станува збор за исфрлена материја од супермасивна црна дупка,[29] но сега се знае дека станува збор за мала галаксија која може тешко да се забележи поради млазот и блиската ѕвездородна галаксија.[30]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Додека одредени делови од соѕвездието се искачуваат над хоризонтот за набљудувачи меѓу 41°СГШ и 62°СГШ, ѕвездите на растојание од неколку степени од хоризонтот нема да бидат видливи.[1]
  2. Јужните соѕвездија како што е Длето немаат Фламстидови ознаки, бидејќи Фламстид ги категоризирал ѕвездите кои се видливи од Англија.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Ridpath, Ian. „Constellations: Andromeda–Indus“. Star Tales. self-published. Посетено на 1 April 2014.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Caelum, Constellation Boundary“. The Constellations. International Astronomical Union. Посетено на 14 January 2014.
  3. Ridpath, Ian. „Lacaille“. Star Tales. self-published. Посетено на 3 May 2014.
  4. 4,0 4,1 Ridpath, Ian. „Caelum“. Star Tales. self-published. Посетено на 3 May 2014.
  5. 5,0 5,1 Wagman, Morton (2003). Lost Stars: Lost, Missing and Troublesome Stars from the Catalogues of Johannes Bayer, Nicholas Louis de Lacaille, John Flamsteed, and Sundry Others. Blacksburg, VA: The McDonald & Woodward Publishing Company. стр. 58–59. ISBN 978-0-939923-78-6.
  6. Russell, H. N. (1922). „The New International Symbols for the Constellations“. Popular Astronomy. 30: 469–71. Bibcode:1922PA.....30..469R.
  7. Kaler, J. B. „Star Names“. University of Illinois at Urbana–Champaign. Посетено на 11 May 2014.
  8. „* Alpha Caeli – Star in double system“. SIMBAD. Посетено на 13 January 2013.
  9. „GJ 174.1 B – Flare star“. SIMBAD. Посетено на 13 January 2013.
  10. „LTT 2063 – High proper-motion Star“. SIMBAD. Посетено на 13 January 2013.
  11. „* Delta Caeli – Star“. SIMBAD. Посетено на 13 January 2013.
  12. „* Gamma Caeli – Star“. SIMBAD. Посетено на 13 January 2013.
  13. „V* X Caeli – Variable Star of Delta Scuti type“. SIMBAD. Посетено на 13 January 2013.
  14. Templeton, M. (16 July 2010). „Delta Scuti and the Delta Scuti Variables“. AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. Посетено на 2 February 2014.
  15. X., V. S.; Patrick, W. (4 January 2010). „X Caeli“. AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. Посетено на 28 March 2014.
  16. „V* RV Caeli – Pulsating variable Star“. SIMBAD. Посетено на 17 January 2013.
  17. X., V. S. (25 August 2009). „RV Caeli“. AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. Посетено на 3 February 2014.
  18. Ashland Astronomy Studio: Where Art and Science Converge. „Nu Caeli (HIP 22488)“. Архивирано од изворникот на 2014-01-29. Посетено на 15 January 2014.
  19. 19,0 19,1 „HR 1557 – Star in double system“. SIMBAD. Посетено на 15 January 2013.
  20. „CD-41 1593B – Star in double system“. SIMBAD. Посетено на 15 January 2013.
  21. Ashland Astronomy Studio: Where Art and Science Converge. „Lambda Caeli (HIP 21998)“. Архивирано од изворникот на 2014-01-29. Посетено на 15 January 2014.
  22. „HR 1518 – Star“. SIMBAD. Посетено на 15 January 2013.
  23. „Zeta Caeli – Star“. SIMBAD. Посетено на 15 January 2013.
  24. 24,0 24,1 „V* RR Caeli – Eclipsing binary of Algol type (detached)“. SIMBAD. Посетено на 15 January 2013.
  25. doi:10.1086/300471
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  26. doi:10.1111/j.1745-3933.2012.01228.x
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  27. doi:10.1111/j.1365-2966.2007.11564.x
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  28. doi:10.1038/nature04013
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  29. doi:10.1111/j.1745-3933.2005.00124.x
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  30. doi:10.1086/518027
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно

Надворешни врски[уреди | уреди извор]