Јужен Триаголник (соѕвездие)
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Соѕвездие | |
Список на ѕвезди во соѕвездието Јужен Триаголник |
|
| Кратенка | TrA |
|---|---|
| Генитивно | Trianguli Australis |
| Ректасцензија | 16 ч. |
| Деклинација | −65° |
| Површина | 110 (°)² (83rd) |
| Главни ѕвезди | 3 |
| Бајерови/Флемстидови ѕвезди |
10 |
| Ѕвезди со планети | 0 |
| Ѕвезди посјајни од 3,00m | 3 |
| Ѕвезди во радиус од 10,00 пс (32,62 сг) | 2 |
| Најсјајна ѕвезда | α TrA (Atria) (1.91m) |
| Најблиска ѕвезда | ζ TrA ( сг, пс) |
| Месијеови објекти | нема |
| Метеорски дождови | нема |
| Соседни соѕвездија |
Норма Ара Circinus Apus |
| Видливо на ширина од +25° до −90°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец јули. |
|
Јужен Триаголник или Triangulum Australe е малечко соѕвездие на јужното небо, забележано во 16 век. Неговото латинско име Triangulum Australe значи „јужен триаголник“, што е различно од соѕвездието Триаголник кое се наоѓа на северното небо. Името му е дадено поради трите сјајни ѕвезди, со втора и трета магнитуда, кои формираат речиси рамностран триаголник.
Соѕвездието Јужен Триаголник е претставено во 1589 година од страна на Петрус Плансиус на небесен глобус со дијаметар од 32½ сантиметри, објавен во Амстердам од Јакоб Флорис ван Лангрен, а во небесен атлас за првпат е претставено во Уранометрија на Јохан Бајер во 1603 година.
Од видливите карактеристики тука е ѕвезденото јато NGC 6025, со околу 30 ѕвезди со магнитуда од 7 до 9.
[уреди] Види исто така
[уреди] Наводи
- Ian Ridpath and Wil Tirion (2007). Stars and Planets Guide, Collins, London. ISBN 978-0007251209. Princeton University Press, Princeton. ISBN 978-0691135564.
[уреди] Надворешни врски
- Фотографски водич низ соѕвездието: Јужен Триаголник
- Ноќни фотографии: Јужен Триаголник
- Ѕвездени приказни – Јужен Триаголник
- Спѕвездие Јужен Триаголник
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Јужен Триаголник (соѕвездие)“ |
|
|||||||
