Зајак (соѕвездие)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зајак
лат. Lepus
КратенкаLep
ГенитивноLeporis
СимболизамЗајак
Ректасцензија6 ч.
Деклинација−20°
КвадрантNQ2
Површина290 (°)² (51-во)
Главни ѕвезди8
Бајерови/Флемстидови
ѕвезди
20
Ѕвезди со планети3
Ѕвезди посјајни од 3,00m2
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг)3
Најсјајна ѕвездаα Lep (Арнеб) (2,58m)
Најблиска ѕвездаГлизе 229
(18,83 сг, 5,77 пс)
Месјеови објекти1
Метеорски дождовинема
Соседни
соѕвездија
Орион
Еднорог
Големо Куче
Гулаб
Длето
Еридан
Видливо на ширина од +63° до −90°.
Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец јануари.

Зајаксоѕвездие сместено малку јужно од небесниот екватор, веднаш на југ од Орион. Името потекнува од латинскиот збор Lepus, што значи зајак. Иако зајакот не претставува некој значаен лик од старогрчката митологија, Зајак сепак било едно од 48 соѕвездија забележани од страна на Птоломеј во II век, и останало едно од 88 современи соѕвездија. Со местоположба под соѕвездието Орион (ловецот), и понекогаш се претставува како да е спотеран од Орион или пак од ловечките кучиња на Орион.[1]

Историја и митологија[уреди | уреди извор]

Зајак претставен во Огледалото на Уранија од 1825 година.

Зајак најчесто се претставува како зајак кое е ловен од страна на Орион, чии ловечки кучиња (Големо Куче и Мало КучеCanis) се здадени во прогон на истиот. Соѕвездиети исто така се поврзува и со месечевата митологија, како Месечев Зајак.[2]

Четири ѕвезди во ова соѕвездие (α, β, γ, δ Lep) се 4 сврзани ѕвезди и се познати на арапски како Арш ел-Џевза, „Престолот на Џевза'“ или Курсиј ел-Џевза ел-Муакар, „Најзадниот стол на Џевза“ и ел-Нихал, „Камили кои се напојуваат“.

Забележителности[уреди | уреди извор]

Соѕвездието Зајак гледано со голо око.

Ѕвезди[уреди | уреди извор]

Во соѕвездието Зајак постои задоволителен број на сјајни ѕвезди, како единечни така и двојни. Алфа Зајак, најсјајната ѕвезда во Зајак, е бел суперџин, со светлинска величина 2,6, на растојание од 1300 сг. од Земјата. Позната и по традиционалното име, Арнеб, што значи „зајак“. Бета Зајак наречен Нихал, е жолт џин со светлинска величина 2,8, на растојание од 159 сг. од Земјата. Гама Зајак е двојна ѕвезда која може да се види како двојна и со обичен двоглед. Првичната ѕвезда е жолта ѕвезда со светлинска величина 3,6, на растојание од 29 сг. од Земјата. Втората е портокалова ѕвезда со светлинска величина 6,2. Делта Зајак е жолт џин со светлинска величина 3,8, на растојание од 112 сг. од Земјата. Ипсилон Зајак е портокалов џин со светлинска величина 3,2,[3] на растојание од 227 сг. од Земјата. Капа Зајак е двојна ѕвезда која може да се види раздвоена во среден аматерски телескоп, на растојание од 560 сг. од Земјата. Првичната ѕвезда е сино-бела ѕвезда со светлинска величина 4,4 и втората е ѕвезда со светлинска величина 7,4.[2]

Постојат и неколку променливи ѕвезди. R Зајак е Мирида, ѕвезда која исто така се нарекува и „Хајндова Темноцрвена Ѕвезда“ поради својата забележителна црвена боја. Истата има распон на светлинската величина од минимален 9,8 до максимален од 7,3, со период од 420 денови. R Зајак е нарастојание од 1500 сг. од Земјата. Бојата станува се поизразена како што ѕвездата станува посјајна.[4] Но може да биде и со светлинска величина 12 па сè до 5,5. Именувана е според Џон Расел Хајнд.[2] T Зајак е исто така Мирида и детално е набљудувана со интерферометарот на Многу Големиот Телескоп на ЕВА.[5] RX Зајак е полупроменлив црвен џин со временски период од 2 месеци. Има минимална светлинска величина од 7,4 и максимална светлинска величина од 5.[2]

Далечни објекти[уреди | уреди извор]

Постои само еден Месјеов објект во Зајак, M79. Станува збор за збиено ѕвездено јато со светлинска величина 8, на растојание од 42.000 сг. од Земјата. Едно од ретките јата кои можат да се набљудуваат на северната полутопка во зима, станува збор за ѕвездено јато со класификација Шепли V, што значи дека има средна густина на ѕвезди во центарот. Честопати се опишува како да има облик на „морска ѕвезда“. M79 е откриено во 1780 година од страна на Пјер Мешен.[6]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Skys & Telescope: March 2008", Southern Hemisphere Highlights: by Shermend
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Ridpath & Tirion 2001, стр. 170-171.
  3. Gutierrez-Moreno, Adelina; и др. (1966). „A System of photometric standards“. 1. Publicaciones Universidad de Chile, Department de Astronomy: 1–17. Bibcode:1966PDAUC...1....1G. Наводот journal бара |journal= (help)
  4. Levy, David H. (2005), Deep Sky Objects, Prometheus Books, ISBN 1-59102-361-0
  5. Unique Details Of Double Star In Orion Nebula And Star T Leporis Captured By 'Virtual' Telescope. ScienceDaily. Retrieved February 19, 2009, /releases/2009/02/090218103517.htm
  6. Levy 2005, стр. 160-161.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]