Орел (соѕвездие)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Орел
лат. Орел
250п
Список на ѕвезди во соѕвездието Орел
Кратенка Aql
Генитивно Aquilae
Ректасцензија 20 ч.
Деклинација +5°
Површина 652 (°)² (22nd)
Главни ѕвезди 8
Бајерови/Флемстидови
ѕвезди
65
Ѕвезди со планети 4
Ѕвезди посјајни од 3,00m 3
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) 3
Најсјајна ѕвезда Алтаир (α Aql) (0.77m)
Најблиска ѕвезда Алтаир (α Aql)
сг,  пс)
Месјеови објекти 0
Метеорски дождови јунски аквииди
ипсилон-аквииди
Соседни
соѕвездија
Стрела
Херкул
Змијоносец
Змија (опашка)
Штит
Стрелец
Јарец
Водолија
Делфин
Видливо на ширина од +85° до −75°.
Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец август.

Орел е соѕвездие. Неговото латинско име е Aquila и значи орел. Се наоѓа речиси на небесниот екватор. Најсјајната ѕвезда, Алтаир, е вертекс на летниот триаголник.

Историја[уреди]

Соѕвездието Орел е едно од 48-те соѕвездија забележани од Птоломеј во 1 век. Исто така се споменува во 4 век п.н.е. и во 3 век п.н.е. од Аратус. Денес е едно од 88-те соѕвездија дефинирани од меѓународната астрономска заедница.

Ова соѕвездие било познато и како Летечки грабливец (Vultur volans) за старите Римјани (да не се меша со Vultur cadens што е старо римско име за соѕвездието кое денес го знаеме како Лира).

Птоломеј каталогизирал деветнаесет ѕвезди од ова соѕвездие и од соѕвездието наречено Антиноус, кое се смета за застарено, а тогаш било наречено така во чест на императорот Хадриан (117–138), односно по грешка посветено на Тихо Брахе, кој каталогизирал 12 ѕвезди од Орел и седум од Антиноус.

Ѕвезди со имиња[уреди]

Бајер Име Потекло Значење
           α Altair арапски птица
           β Alshain арапски сив сокол
           γ Tarazed персиски лушпа
           ε Deneb el Okab арапски опашка на сокол
           ζ Deneb el Okab арапски опашка на сокол
           η Bezek хебрејски молња
           θ Tseen Foo мандарински небесен сплав
           ι Al Thalimain арапски два ноја
           λ Al Thalimain арапски два ноја

Нова[уреди]

Две големи нова ѕвезди се забележани во соѕвездието Орел; првата во 389 година п.н.е. за која е забележано дека била сјајна колку и Венера, а другата (V603 Aquilae) нешто посјајна од Алтаир, најсјајната ѕвезда во ова соѕвездие.

Небесни тела[уреди]

Три интересни планетарни маглини се наоѓаат во соѕвездието Орел:

Други небесни тела:

Друго[уреди]

Леталото Пионир 11 на НАСА, што помина крај Јупитер и Сатурн во 1970-те години, ќе помине блиску до една од ѕвездите на соѕвездието Орел за околу четири милиони години.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]