Андромеда (галаксија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Андромеда
Andromeda Galaxy (with h-alpha).jpg
Галаксијата Андромеда
Податоци од набљудување (апоха J2000)
Соѕвездие Андромеда
Ректасцензија 00ч 42м &1000000000000044300000044,3с[1]
Деклинација +41° 16′ &100000000000000090000009″[1]
Црв. помест. z = -0,001001
(знакот минус
означува сино поместување)[1]
Радиј. брзина на ореолот −301 ± 1 км/с[2]
Оддалеченост 2,54 ± 0,11 мсг
(778 ± 33 кпс)[2][3][4][5][6][а 1]
Вид SA(s)b[1]
Маса ~1×1012[2][7] M
големина (сг) ~100 исг
Бр. на ѕвезди 1 трилион (1012)[8]
Прив. димензии (V) 190′ × 60′[1]
Прив. величина (V) 3,44[9][10]
Апс. величина (V) −21,5[а 2][4]
Други ознаки
M31, NGC 224, UGC 454, PGC 2557, 2C 56 (јадро),[1] LEDA 2557
Поврзано: Галаксија, Список на галаксии

Андромеда (макед. народно име: Гумно[11], Месје 31, M31, или NGC 224; во постари текстови „маглина Андромеда“) — џиновска пречкеста спирална галаксија одалечена приближно 2,5 милиони светлосни години во соѕвездието Андромеда, што лежи во северната полутопка на небото. Таа е доста слична на нашата галаксија.

Првпат е забележана во 905 од арапскиот астроном Абдурахман ел-Суфи, кој ја опишал како „мал облак“. Првиот опис на галаксијата со помош на телескоп е направен од Симон Мариус во 1612 (на него често му се припишува дека ја открил галаксијата).

За Анромеда се сметало дека е најголемата галаксија од Месната група на галаксии што се состои од Андромеда, Млечниот Пат и галаксијата Триаголник, како и 30 други помали галаксии. Според најновите истражувања базирани на подобрени мерења и податоци, научниците сметаат дека Млечниот Пат содржи повеќе темна материја, и дека можеби е помасивна во групата. Сепак, скорешните опсервации од вселенскиот телескоп Спицер открија дека Андромеда содржи еден билион (1012), многу поголем од бројот на ѕвезди во нашата галаксија.

Андромеда се состои од:

  • спирални краци - млади ѕвезди кои се наоѓаат на средината на својот еволуционен пат
  • јадро - кое се состои од суперџинови и џиновски ѕвезди, т.е. ѕвезди на крајот од својот еволуционен пат.

Галаксијата Андромеда е лесно видлива со голо око во умерено темно небо, иако такво небо постои само во помалите градови и изолираните области што се наоѓаат доволно далеку од големите градови и изворите на светлосно загадување. Всушност Андромеда е единствената галаксија во северната полутопка која е видлива со голо око без некои посебни атмосферски погодности (на јужната полутопка тоа се Малиот Магеланов Облак и Големиот Магеланов Облак). Изгледа доста мала без телескоп бидејќи само средишниот дел е доволно светол да биде видлив.

Народни верувања во Македонија[уреди]

Во астрономијата е познато дека оваа галаксија е единствената друга галаксија која се гледа со голо око, а е надвор од нашата галаксија Млечен Пат. Галаксијата Андромеда се гледа како мала белузлава маглина со облик на диск, и кај нашиот народ е позната под името „Гумно“.

Поврзано[уреди]

Белешки[уреди]

  1. просечна (787 ± 18, 770 ± 40, 772 ± 44, 783 ± 25) = ((787 + 770 + 772 + 783) / 4) ± (182 + 402 + 442 + 252)0.5 / 2 = 778 ± 33.
  2. сина апсолутна величина од -20,89 — боен показател за 0,63 = -21,52

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Results for Messier 31“. „NASA/IPAC Extragalactic Database“. NASA/IPAC. http://ned.ipac.caltech.edu/cgi-bin/objsearch?objname=M+031&extend=no&hconst=73&omegam=0.27&omegav=0.73&corr_z=1&out_csys=Equatorial&out_equinox=J2000.0&obj_sort=RA+or+Longitude&of=pre_text&zv_breaker=30000.0&list_limit=5&img_stamp=YES. конс. 1 ноември 2006. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Karachentsev, I. D.; Kashibadze, O. G. (2006). „Masses of the local group and of the M81 group estimated from distortions in the local velocity field“. „Astrophysics“ 49 (1): 3–18. doi:10.1007/s10511-006-0002-6. Bibcode2006Ap.....49....3K. 
  3. Karachentsev, I. D.; Karachentseva, Valentina E.; Huchtmeier, Walter K.; Makarov, Dmitry I. (2004). „A Catalog of Neighboring Galaxies“. „Astronomical Journal“ 127 (4): 2031–2068. doi:10.1086/382905. Bibcode2004AJ....127.2031K. 
  4. 4,0 4,1 Ribas, I.; Jordi, Carme; Vilardell, Francesc; Fitzpatrick, Edward L.; Hilditch, Ron W.; Guinan, Edward F. (2005). „First Determination of the Distance and Fundamental Properties of an Eclipsing Binary in the Andromeda Galaxy“. „Astrophysical Journal Letters“ 635 (1): L37–L40. doi:10.1086/499161. Bibcode2005ApJ...635L..37R. 
  5. McConnachie, A. W.; Irwin, M. J.; Ferguson, A. M. N.; Ibata, R. A.; Lewis, G. F.; Tanvir, N. (2005). „Distances and metallicities for 17 Local Group galaxies“. „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“ 356 (4): 979–997. doi:10.1111/j.1365-2966.2004.08514.x. Bibcode2005MNRAS.356..979M. 
  6. Jensen, J. B.; Tonry, John L.; Barris, Brian J.; Thompson, Rodger I.; Liu, Michael C.; Rieke, Marcia J.; Ajhar, Edward A.; Blakeslee, John P. (2003). „Measuring Distances and Probing the Unresolved Stellar Populations of Galaxies Using Infrared Surface Brightness Fluctuations“. „Astrophysical Journal583 (2): 712–726. doi:10.1086/345430. Bibcode2003ApJ...583..712J. 
  7. Evans, N. W.; Wilkinson, M. I. (2000). „The mass of the Andromeda Galaxy“. „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“ 316 (4): 929–942. doi:10.1046/j.1365-8711.2000.03645.x. Bibcode2000MNRAS.316..929E. 
  8. Young, K. (6 јуни 2006). „The Andromeda galaxy hosts a trillion stars“. New Scientist. http://www.newscientist.com/article/dn9282-andromeda-galaxy-hosts-a-trillion-stars.html. конс. 8 јуни 2006. 
  9. „SIMBAD-M31“. SIMBAD Astronomical Database. http://simbad.u-strasbg.fr/simbad/sim-id?Ident=M31. конс. 29 ноември 2009. 
  10. Armando, G. P.; Boissier, Samuel; Madore, Barry F.; Seibert, Mark; Joe, Young H.; Boselli, Alessandro; Wyder, Ted K.; Thilker, David; и др. (2007). „The GALEX Ultraviolet Atlas of Nearby Galaxies“. „Astrophysical Journal173 (2): 185–255. doi:10.1086/516636. Bibcode2007ApJS..173..185G. 
  11. Ѓоре Ценев, „Небото над Македонија“, МКЦ Скопје, 2004, стр. 73-74.