Прејди на содржината

Шарплесов каталог

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шарплесов каталог
Други називиШарплесови објекти
Вид пописАстрономски каталог Уреди на Википодатоците
ЦелH II-подрачје Уреди на Википодатоците
Страница на Ризницата Поврзано на Ризницата

Шарплесов каталог (англиски: Sharpless catalog) — попис на 313 H II-подрачја (оддавни маглини) предвиден како сеопфатен северно од деклинација −27°, но вклучувајќи и извесни маглини јужно од тоа место. Првото издание е објавено во 1953 г. со 142 тела (Sh1), а втората и конечна верзија ја издал американскиот астроном Стјуарт Шарплес во г. со вкупно 312 тела. Шарплес придодал и некои планетарни маглини и остатоци од супернови, покрај H II-подрачјата.[1]

Во 1953 Стјуарт Шарплес стапил во служба на станицата „Флегстаф“ при Морнаричката опсерваторија на САД,[2] каде направил преглед и каталогизација на H II-подрачја од Млечниот Пат користејќи ги сликите на Паломарскиот преглед. Од оваа работа произлегол каталог на H II-подрачја во две изданија: првиот од 1953 г. имал 142 маглини,[3] а вториот и последен од 1959 г. содржел 312.[2][4]

Шарплесовите координати се водат според ѕвездените каталози Бонски (BD) и Кордопски преглед (CD), но второто издание е прилагодено на епохата 1900.[1]

Во второто издание, извесни координати за делови од јужната полутопка содржат несигурност од 1 лачна минута.[1] Ова предизвикува потешкотии во нивното наоѓање, па затоа е објавен преработен каталог наречен BFS (Блиц, Фич и Старк)[1] со 65 нови подрачја и 20 отстранети ставки.[1] Највеќето од отстранетите ставки биле за маглини и остатоци.[1]

Ставките во Шарплесовиот каталог се преклопуваат со 110 Месјеови тела (M), 7.840 тела од Новиот општ каталог (NGC), Колдвеловиот каталог (кој самиот е зборник од други каталози, со 109 ставки) и RCW-каталогот. Истовремено во употреба биле и Гамовиот и RCW-каталогот, но тие се задржуваат претежно на јужната полутопка.

Ова се примери од второто издание (1958) на Шарплесовиот каталог:

Бр. Име Слика Називи и ознаки
6 NGC 6302 Sh2-6, NGC 6302, Бубачка,

PK 349+01 1, Пеперутка, RCW 124, Гам 60, Колдвел 69

8 NGC 6334 ESO 392-EN 009, Шарплес 8, RCW 127, Гам 64, NGC 6334
11 NGC 6357 Sh2-11, NGC 6357, RCW 131, Гам 66, Војна и Мир
25 Лагуна Sh2 25, RCW 146, Гам 72, Месје 8
29 Шарплес 29 Sh2 29
30 Триделна Маглина Sh2 30, M20, NGC 6514, RCW 147, Гам 76
45 Омега Омега, M17, NGC 6618, Лебед, Шарплес 45, RCW 160, Гам 81
49 Орел Sh2 49, Месје 16, NGC 6611, RCW 165, Гам 83
64 W 40 Sh2 64, RCW 174
101 Лале Шарплес 101, Ѕвезден облак во Лебед
105 Полумесечина Sh2 105, NGC 6888, Sharpless 105, Колдвел 27
106 Sh2-106 Sh2-106, Небесен Снежен Ангел
117 Северна Маглина NGC 7000, Колдвел 20
125 Кожурец IC 5146, Колдвел 19
140 Sh2-140 Sh2-140
155 Пештера Sh2-155, Колдвел 9
162 NGC 7635 Sh2-162, NGC 7635, Меур
184 NGC 281 NGC 281, IC 11
191 Мафеи 1 Sh2-191, Мафеи 1, PGC 9892
197 Мафеи 2 Sh2-197, Мафеи 2, UGCA 39,[5]PGC 10217[5]
199 Душа Sh2-199, LBN 667, Душа, IC 1848 (само јато)
220 Калифорнија NGC 1499, Шарплес 220
229 IC 405 Распламтена Ѕвезда, Колдвел 31, IC 405, Sh2-229
237 NGC 1931 Шарплес 237
238 NGC 1555 NGC 1555, Хиндова Маглина, Шарплес 238
244 Раковидна Маглина Месје 1, NGC 1952,
248 IC 443 IC 443, Sh2-248, Медуза
275 Розета Sh2-275, CTB 21
279 Sh2-279
276 Барнардова Јамка Sh2-276, Барнардова Јамка
277 Пламен Sh2-271, NGC 2024
281 Орион M42, NGC 1976, LBN 974
297 Sh2-297 Ced 90, LBN 1039
298 NGC 2359 Торов Шлем, Гам 4, Шарплес 298, NGC 2359

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Galaxy Map – The Gum, RCW, Sharpless and BFS catalogs
  2. 2,0 2,1 Steven, Dick (2002). Sky and Ocean Joined: U.S. Naval Observatory, 1830–2000. Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-81599-4.
  3. Stewart Sharpless, A Catalogue of Emission Nebulae Near the Galactic Plane, Astrophysical Journal, vol. 118, p.362, 1953
  4. Stewart Sharpless, A Catalogue of H II Regions, Astrophysical Journal Supplement, vol. 4, p.257, 1959
  5. 5,0 5,1 „NASA/IPAC Extragalactic Database“. Results for Maffei 2. Посетено на 12 ноември 2006.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]