Прејди на содржината

Гамов каталог

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гамов каталог
Други називиGum
Вид пописАстрономски каталог Уреди на Википодатоците
ЦелОддавна маглина Уреди на Википодатоците
ОрганизацијаМаунт Стромло Уреди на Википодатоците
Наречен поКолин Стенли Гам Уреди на Википодатоците
Објавен1955 Уреди на Википодатоците

Гамов каталог (англиски: Gum catalog) — астрономски каталог на 84 оддавни маглини на јужното небо. Составен е од австралискиот астроном Колин Стенли Гам (1924-1960) во опсерваторијата Маунт Стромло кај Канбера користејќи широкоаголна фотографија. Гам ја објавил својата работа во 1955 г. во трудот наречен „Студија на расеаните јужни H-алфа маглини“ (A study of diffuse southern H-alpha nebulae) во која се претставува каталогот од 84 маглини и маглински склопови. Слични каталози се Шарплесовиот и RCW, и многу Гамови објекти се присутни и во нив. Меѓутоа, RCW и Гамовиот претежно ја покриваат јужната полутопка (каде е сместена „Маунт Стромло“).

Гамовата Маглина е наречена по Гам, кој ја открил како Гам 12; претставува оддавна маглина во соѕвездијата Едро и Крма.

Ознака Име Слика Имиња и ознаки
Гам 4 NGC 2359 Торов Шлем, Гам 4, Шарплес 298, NGC 2359
Гам 15 RCW 32 Гам 15, Ѕвездородна област
Гам 16 Остаток од супернова во Едро Гам 16, Остаток од супернова во Едро
Гам 20 RCW 36 RCW 36
Гам 29 RCW 49 Гам 29, RCW 49
Гам 60 NGC 6302 Sh2-6, NGC 6302, Бубачка,

PK 349+01 1, Пеперутка, RCW 124, Колдвел 69

Гам 64 NGC 6334 ESO 392-EN 009, Шарплес 8, RCW 127, Гам 64, NGC 6334
Гам 66 NGC 6357 Sh2-11, NGC 6357, RCW 131, Гам 66, Војна и Мир
Гам 72 Лагуна Sh2 25, RCW 146, Гам 72, Месје 8
Гам 76 Триделна Маглина Sh2 30, M20, NGC 6514, RCW 147, Гам 76
Гам 81 Омега Омега, M17, NGC 6618, Лебед, Шарплес 45, RCW 160, Гам 81
Гам 83 Орел Sh2 49, Месје 16, NGC 6611, RCW 165, Гам 83
  1. „A Study in Scarlet“. ESO Press Release. Посетено на 18 април 2014.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]