Чјинг (династија)
Големиот Чјинг 大清 Dà Qīng ᡩᠠᡳ᠌ᠴᡳᠩ ᡤᡠᡵᡠᠨ |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: 鞏金甌 Gǒng Jīn'ōu "Пехар со чисто злато" (1911–1912) |
||||||
Главен град | Мукден (Шенјанг) (1636–1644), Главен град од 1625 за Подоцнежна Џин; секундарен главен град по 1644. Пекинг (1644–1912) | |||||
Најголем град | Пекинг | |||||
Службен јазик | Мандарински, Манџуриски, Монголски, Тибетски, Чагатајски,[1] други регионални јазици и варијации на Кинескиот јазик | |||||
Уредување | Апсолутна монархија | |||||
Законодавство | Нема (1636-1910) Советодавно тело (1910-1912) |
|||||
Валута | Монети од династијата Чјинг (вен) Таел (лианг) Хартиени пари од династијата Чјинг |
Историја на Кина | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
ДРЕВНА | |||||||
3 владетели и 5 цареви | |||||||
Династија Сја 2100–1600 п.н.е. | |||||||
Династија Шанг 1600–1046 п.н.е. | |||||||
Династија Џоу 1045–256 п.н.е. | |||||||
З. династија Џоу | |||||||
И. династија Џоу | |||||||
Пролетно-есенски период | |||||||
Период на завојуваните држави | |||||||
ЦАРСКА | |||||||
Династија Ќин 221 п.н.е.–206 п.н.е. | |||||||
Династија Хан 206 п.н.е.–220 н.е. | |||||||
З. династија Хан | |||||||
Династија Сјин | |||||||
Источна династија Хан | |||||||
Три кралства 220–280 | |||||||
Веј, Шу и Ву | |||||||
Династија Ѓин 265–420 | |||||||
З. династија Ѓин | 16 кралства 304–439 | ||||||
И. династија Ѓин | |||||||
Јужна и северна династија 420–589 | |||||||
Династија Суј 581–618 | |||||||
Династија Танг 618–907 | |||||||
( Втора династија Џоу 690–705 ) | |||||||
5 династии и 10 кралства 907–960 |
Динстија Љао 907–1125 | ||||||
Династија Сунг 960–1279 |
|||||||
С. династија Сунг | З. Сја | ||||||
С. династија Сунг | Династија Ѓин | ||||||
Династија Јуен 1271–1368 | |||||||
Династија Минг 1368–1644 | |||||||
Династија ЌинЃ 1644–1911 | |||||||
СОВРЕМЕНА | |||||||
Република Кина 1912–денес | |||||||
Народна Република Кина 1949–денес |
Република Кина (Тајван) 1945–денес | ||||||
Династијата Чјинг (официјално Големиот Чјинг) ( [tɕʰíŋ] ) е последната кинеска царска династија. Основана е во 1636 година и владеела со Кина од 1644 до 1912 година, а на кратко била возобновена во 1917 година. Оваа династија е следбеник на династијата Минг и по нејзиниот пад во 1912 била создадена Република Кина. Мултиетничката империја Чјинг опстојала скоро три века и во најголем дел ја опфаќала територијата на современа Кина. Династијата Чјинг била најголема по површина кинеска династија и во 1790 година четврта најголема империја во светската историја. Во 1912 година имала население од 432 милиони, и со тоа била земја со најбројно население во светот во тоа време.
Кон крајот на шеснаесеттиот век, Нурхачи, манџуриски велможа, започнал да организира „Банери“ - воено-социјални единици во чиј состав влегувале Манџуријци, Хан и Монголски припадници. Нурхачи ги обединил клановите за да го создаде етничкиот идентитет Манџурија и во 1616 година официјално се прогласил за владател на Претходната династија Ѓин. Неговиот син Хонг Таиџи ја прогласил династијата Чјинг во 1636 година. Династијата Минг полека слабеела, и во 1644 година избувнало големо востание и селските бунтовници го освоиле Пекинг. Генералот на династијата Минг Ву Сангуи им го отворил Шанхајскиот премин на војските на принцот регент Доргон, кој ги поразил бунтовниците, по што го зазел главниот град и ја презел власта. Поради отпорот на лојалистите на Минг на југот од државата и бунтот на тројцата феудатори го одложија целосното освојување на Кина до 1683 година. Императорот Кангси (1661–1722) ја зацврснал контролата на државата при што бил задржан идентитетот на Манџуријците, а истовремено бил покровител на Тибетскиот будизам. Тој ја имал улогата на конфуцијански владетел. Хан Кинезите работеле управувале заедно или под контрола на службениците од Манџуриските Кинези. За време на Династијата Чјинг, исто така, биле воспоставени идеалите на системот на придонеси со кои соседните земји како Кореја и Виетнам ја прифаќале супериорноста на Кина во трговијата и меѓународните односи. Исто така, Кина продолжила да се шири и воспоставиле контрола врз Тибет и Монголија .
Врвот на славата и моќта на династијата Чјинг бил достигнат за време на владеењето на царот Кианлонг (1735-1796). Тој презел Десет големи кампањи со кои контролата на Чјинг се проширила во Внатрешна Азија, а лично ги надгледувал конфуцијанските културни проекти. По неговата смрт, династијата се соочила со промени во светскиот поредок, империјализмот на западот, внатрешни бунтови, пораст на населението, економски пореметувања, корупција на службениците и неподготвеност на конфуцијанските елити да го променат својот начин на размислување. Во мирнодопските услови бројот на населението се искачил на околу 400 милиони жители, но даноците и државните приходи имале ниска фиксна стапка, што набрзо довело до фискална криза. По поразот на Кина во Опиумските војни, европските сили предводени од Велика Британија наметнале „неправедни договори“, трговски овластувања, екстратериторијалност и договорни пристаништа под странска контрола. Тајпиншкото востание (1850-1864) и Дунганшкото востание (1862-1877) во Средна Азија биле причина за смрт на преку 20 милиони луѓе, поради глад, болести и од самите војни. Возобновувањето на Тонгџи во 1860-тите придонело за големите реформи и воведувањето на странска воена технологија во движењето за самозајакнување. По поразот во Првата кинеско-јапонска војна во 1895 година, Кина ја загубила власта над Кореја и ѝ го отстапила Тајван на Јапонија. Амбициозната стодневна реформа од 1898 година предлагала фундаментални промени, но царицата Довагер Циси (1835–1908), која го имала последниот збор во националната влада во периот од три децении, ја оневозможила преку државен удар.
Во 1900 година ксенофобичните „боксери“ убиле многу кинески христијани и странски мисионери; како одмазда за тоа што странските сили ја нападнале Кина и го наметнале неправедниот Боксерски протокол. Како одговор на тоа, владата вовела фискални и административни реформи без преседан во Кина, меѓу кои биле избори, нов правен законик и укинување на испитниот систем. По смртта на императорот Гуангсу и Циси во 1908 година, конзервативците од Манџурија на суд ги спречиле реформите. Востанието во Вучанг на 10 октомври 1911 година ја предизвикала револуција во Синхај. По абдицирањето на Пуји, последниот цар, на 12 февруари 1912 година, довело до крај на династијата.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Историја на Кина
- Век на понижување
- Христијанство во Кина
- Опиумски војни
- Список на цареви од династијата Чјинг
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Elliott (2001), стр. 290–291.
Извори
[уреди | уреди извор]- Bartlett, Beatrice S. (1991). Monarchs and Ministers: The Grand Council in Mid-Ch'ing China, 1723–1820. University of California Press. ISBN 978-0-520-06591-8.
- Bays, Daniel H. (2012). A New History of Christianity in China. Chichester, West Sussex ; Malden, MA: Wiley-Blackwell. ISBN 9781405159548.
- Billingsley, Phil (1988). Bandits in Republican China (англиски). Stanford, CA: Stanford University Press. ISBN 978-0-804-71406-8.
- Clyde, Paul H.; Beers, Burton F. (1975). The Far East: A history of Western impacts and Eastern responses, 1830–1975 (6. изд.). Prentice-Hall. ISBN 978-0-881-33612-2.
- Crossley, Pamela Kyle (1991). Orphan Warriors: Three Manchu Generations and the End of the Qing World. Princeton University Press. ISBN 0691008779.
- —— (1997). The Manchus. Wiley. ISBN 978-1-55786-560-1.
- —— (2000). A Translucent Mirror: History and Identity in Qing Imperial Ideology. University of California Press. ISBN 978-0-520-92884-8.
- —— (2010). The Wobbling Pivot: China since 1800. Malden, MA: Wiley-Blackwell. ISBN 978-1-4051-6079-7.
- Crossley, Pamela Kyle; Siu, Helen F.; Sutton, Donald S. (2006). Empire at the Margins: Culture, Ethnicity, and Frontier in Early Modern China. University of California Press. ISBN 978-0-520-23015-6.
- Daily, Christopher A. (2013). Robert Morrison and the Protestant Plan for China. Hong Kong: Hong Kong University Press. ISBN 9789888208036.
- Di Cosmo, Nicola, уред. (2007). The Diary of a Manchu Soldier in Seventeenth Century China: "My Service in the Army," by Dzengseo. Routledge. ISBN 978-1-135-78955-8.
- Ebrey, Patricia (1993). Chinese Civilization: A Sourcebook (2. изд.). New York: Simon and Schuster. ISBN 978-0-02-908752-7.
- —— (2010). The Cambridge Illustrated History of China. Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-12433-1.
- ——; Walthall, Anne (2013). East Asia: A Cultural, Social, and Political History (3. изд.). Cengage Learning. ISBN 978-1-285-52867-0.
- Elliott, Mark C. (2000). „The Limits of Tartary: Manchuria in Imperial and National Geographies“ (PDF). Journal of Asian Studies. 59 (3): 603–646. doi:10.2307/2658945. JSTOR 2658945.
- —— (2001). The Manchu Way: The Eight Banners and Ethnic Identity in Late Imperial China. Stanford University Press. ISBN 978-0-8047-4684-7.
- Faure, David (2007). Emperor and Ancestor: State and Lineage in South China. Stanford University Press. ISBN 978-0-8047-5318-0.
- Graff, David Andrew; Higham, Robin, уред. (2012). A Military History of China. University Press of Kentucky. ISBN 978-0-8131-3584-7.
- Goossaert, Vincent; Palmer, David A. (2011). The Religious Question in Modern China. Chicago: Chicago University Press. ISBN 9780226304168.
- Hang, Xing (2016). Conflict and Commerce in Maritime East Asia: The Zheng Family and the Shaping of the Modern World, c.1620–1720. Cambridge University Press. ISBN 978-1-316-45384-1.
- Hevia, James L. (2003). English Lessons: The Pedagogy of Imperialism in Nineteenth-Century China. Durham & Hong Kong: Duke University Press & Hong Kong University Press. ISBN 9780822331889.
- (Thesis). Отсутно или празно
|title=
(help) - Hsü, Immanuel C. Y. (1990). The rise of modern China (4. изд.). New York: Oxford University Press. ISBN 978-0-19-505867-3.
- Предлошка:Cite ECCP (2 vol); reprinted: Leiden: Brill, 2010); revised ed: Eminent Chinese of the Qing Period; Wade–Giles converted to pinyin; Introductory matter by Pamela Kyle Crossley (Great Barrington, MA: Berkshire, 2018 ISBN 9780190088019). 800 biographical articles on people who died 1644 to 1912. Vol 1 of 1943 edition Internet Archive; Vol 2 Internet Archive
- Jackson, Beverly; Hugus, David (1999). Ladder to the Clouds: Intrigue and Tradition in Chinese Rank. Ten Speed Press. ISBN 978-1-580-08020-0.
- Lagerwey, John (2010). China: A Religious State. Hong Kong: Hong Kong University Press. ISBN 9789888028047.
- Предлошка:The Cambridge History of China
- Предлошка:The Cambridge History of China
- Millward, James A. (2007). Eurasian crossroads: a history of Xinjiang. Columbia University Press. ISBN 978-0-231-13924-3.
- Mühlhahn, Klaus (2019). Making China Modern: From the Great Qing to Xi Jinping. Harvard University Press. стр. 21–227. ISBN 978-0-674-73735-8.
- Murphey, Rhoads (2007). East Asia: A New History (4. изд.). Pearson Longman. ISBN 978-0-321-42141-8.
- Предлошка:The Cambridge History of China
- Naquin, Susan; Rawski, Evelyn Sakakida (1987). Chinese Society in the Eighteenth Century. Yale University Press. ISBN 978-0-300-04602-1.
- Perdue, Peter C. (2005). China Marches West: The Qing Conquest of Central Eurasia. Harvard University Press. ISBN 978-0-674-01684-2.
- Platt, Stephen R. (2012). Autumn in the Heavenly Kingdom: China, the West, and the Epic Story of the Taiping Civil War. Alfred A. Knopf. ISBN 978-0-307-27173-0.
- Platt, Stephen R. (2018). Imperial Twilight: The Opium War and the End of China's Last Golden Age. New York: Vintage Books. ISBN 9780345803023.
- Porter, Jonathan (2016). Imperial China, 1350–1900. Lanham: Rowman & Littlefield. ISBN 978-1-442-22293-9. OCLC 920818520.
- Rawski, Evelyn S. (1991). „Ch'ing Imperial Marriage and Problems of Rulership“. Во Rubie Sharon Watson; Patricia Buckley Ebrey (уред.). Marriage and Inequality in Chinese Society. University of California Press. ISBN 978-0-520-06930-5.
- —— (1998). The Last Emperors: A Social History of Qing Imperial Institutions. University of California Press. ISBN 978-0-520-21289-3.
- Reilly, Thomas H. (2004). The Taiping Heavenly Kingdom: Rebellion and the Blasphemy of Empire. Seattle: University of Washington Press. ISBN 9780295801926.
- Rhoads, Edward J.M. (2000). Manchus & Han: Ethnic Relations and Political Power in Late Qing and Early Republican China, 1861-1928. Seattle: University of Washington Press. ISBN 0295979380.
- Reynolds, Douglas Robertson (1993). China, 1898–1912 : The Xinzheng Revolution and Japan. Cambridge, MA: Council on East Asian Studies Harvard University : Distributed by Harvard University Press. ISBN 978-0-674-11660-3.
- Предлошка:The Cambridge History of China
- —— (2009). China's Last Empire: The Great Qing. History of Imperial China. Cambridge, MA: Harvard University Press. ISBN 978-0-674-03612-3.
- Sneath, David (2007). The Headless State: Aristocratic Orders, Kinship Society, and Misrepresentations of Nomadic Inner Asia (illustrated. изд.). Columbia University Press. ISBN 978-0-231-51167-4.
- —— (1990). The Search for Modern China (1. изд.). New York: Norton. ISBN 978-0-393-30780-1. Online at Internet Archive
- —— (2012). The Search for Modern China (3. изд.). New York: Norton. ISBN 978-0-393-93451-9.
- Têng, Ssu-yü; Fairbank, John King, уред. (1954) [reprint 1979]. China's Response to the West: A Documentary Survey, 1839–1923. Cambridge, MA: Harvard University Press. ISBN 978-0-674-12025-9.
- Torbert, Preston M. (1977). The Ch'ing Imperial Household Department: A Study of Its Organization and Principal Functions, 1662–1796. Harvard University Asia Center. ISBN 978-0-674-12761-6.
- Wakeman Jr, Frederic (1977). The Fall of Imperial China. Transformation of modern China series. New York: Free Press. ISBN 978-0-02-933680-9.
- —— (1985). The Great Enterprise: The Manchu Reconstruction of Imperial Order in Seventeenth-century China. I. University of California Press. ISBN 978-0-520-04804-1.
- Wang, Shuo (2008). „Qing Imperial Women: Empresses, Concubines, and Aisin Gioro Daughters“. Во Anne Walthall (уред.). Servants of the Dynasty: Palace Women in World History. University of California Press. ISBN 978-0-520-25444-2.
- Wright, Mary Clabaugh (1957). The Last Stand of Chinese Conservatism: The T'ung-Chih Restoration, 1862–1874. Stanford, CA: Stanford University Press. ISBN 978-0-804-70475-5.
- Zhao, Gang (2006). „Reinventing China Imperial Qing Ideology and the Rise of Modern Chinese National Identity in the Early Twentieth Century“ (PDF). Modern China. 32 (1): 3–30. doi:10.1177/0097700405282349. JSTOR 20062627. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-03-25.
Дополнително читање
[уреди | уреди извор]- Bickers, Robert (2011). The Scramble for China: Foreign Devils in the Qing Empire, 1832–1914. Penguin. ISBN 978-0-7139-9749-1.
- Cotterell, Arthur (2007). The Imperial Capitals of China – An Inside View of the Celestial Empire. London: Pimlico. ISBN 978-1-84595-009-5.
- Dunnell, Ruth W.; Elliott, Mark C.; Foret, Philippe; и др., уред. (2004). New Qing Imperial History: The Making of Inner Asian Empire at Qing Chengde. Routledge. ISBN 978-1-134-36222-6.
- Esherick, Joseph; Kayalı, Hasan; Van Young, Eric, уред. (2006). Empire to Nation: Historical Perspectives on the Making of the Modern World. Rowman & Littlefield. ISBN 978-0-7425-4031-6.
- Предлошка:The Cambridge History of China
- Leung, Edwin Pak-wah (1992). Historical dictionary of revolutionary China, 1839–1976. ISBN 9780313264573.
- Leung, Edwin Pak-wah (2002). Political Leaders of Modern China: A Biographical Dictionary.
- Morse, Hosea Ballou. The international relations of the Chinese empire
- Owen, Stephen (1997). „The Qing Dynasty: Period Introduction“ (PDF). Во Owen, Stephen (уред.). An Anthology of Chinese Literature: Beginnings to 1911. New York: W. W. Norton. стр. 909–914. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-03.
- Paludan, Ann (1998). Chronicle of the Chinese Emperors. London: Thames & Hudson. ISBN 978-0-500-05090-3.
- Предлошка:The Cambridge History of China
- Setzekorn, Eric (2015). „Chinese Imperialism, Ethnic Cleansing, and Military History, 1850-1877“. Journal of Chinese Military History. 4 (1): 80–100. doi:10.1163/22127453-12341278.
- Smith, Richard Joseph (2015). The Qing Dynasty and Traditional Chinese Culture. Rowman and Littlefield. ISBN 978-1-4422-2193-2.
- Spence, Jonathan (1997). God's Chinese Son: The Taiping Heavenly Kingdom of Hong Xiuquan. New York: W. W. Norton & Company. ISBN 978-0-393-31556-1.
- Stanford, Edward (1917). Atlas of the Chinese Empire, containing separate maps of the eighteen provinces of China (2. изд.). Legible color maps.
- Struve, Lynn A. (2004). The Qing Formation in World-Historical Time. Harvard University Asia Center. ISBN 978-0-674-01399-5.
- Waley-Cohen, Joanna (2006). The culture of war in China: empire and the military under the Qing dynasty. I.B. Tauris. ISBN 978-1-84511-159-5.
- Woo, X.L. (2002). Empress dowager Cixi: China's last dynasty and the long reign of a formidable concubine: legends and lives during the declining days of the Qing dynasty. Algora Publishing. ISBN 978-1-892941-88-6.
- Zhao, Gang (2013). The Qing Opening to the Ocean: Chinese Maritime Policies, 1684–1757. University of Hawaii Press. ISBN 978-0-8248-3643-6.
Збирки и наводи од примарни извори
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Дел за династиите Минг и Чјинг на „ Населението на Кина: Читања и мапи “.
- Колекција: „Манџуриска, династија Чјинг“[мртва врска] од Музејот на уметност на Универзитетот во Мичиген
- Ресурс за династијата Чјинг Archived за враќање во Музејот за ликовни уметности во Вирџинија
Претходник Ming dynasty |
Dynasties in Chinese history 1644–1912 |
Наследник Republic of China |
Оваа статија поврзана со Кина е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
|