Прејди на содржината

Хилдерик I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хилдерик I
Прстенот на Хилдерик I со натпис CHILDERICI REGIS ("На кралот Хилдерик"), пронајден во неговиот гроб воТурне, Белгија, денес во Национална библиотека на Франција[б 1]
Крал на Салиските Франки
На престол457–481/82
ПретходникМеровех[1]
НаследникХлодовик I
Роден(а)околу 440
Починал(а)481/82
Турне
Почивалиште
СопружникБазина од Тирингија
ДецаХлодовик I
Аудофледа, кралица на Остроготите
Лантилда
Албофлед
ДинастијаМеровинзи
ТаткоМеровех

Хилдерик I (c. 440 – 481/82) бил меровиншки крал на Салиските Франки и татко на Хлодовик.

Тој го наследил својот татко Меровех како крал, во 457 или 458 (?). Неговото име составено од франкиските елементи hild- « битка » et -rīk « моќен », се потврдува со латинизираната форма Childericus.[2][б 2] Хилдерик, заедно со неговата воена дружина основал своја претолнина во Турне, на земјата што ја добил како федератус на Римјаните и одредено време го одржувал мирот меѓу неговите сојузници.

Во 463 во Орлеан, здружено со римскиот генерал Егидиј, чија база била во Соасон, ги поразил Визиготите, кои сакале да го прошират своето влијание долж бреговите на Лоара. По смртта на Егидиј, прво му помогнал на комесот ("грофот") Пол од Анже да ги порази Готите. Грофот Пол бил убиен и Хилдерик го преземал градот. Откако го ослободил градот Анже, ги протерал Саксоните до устието на Лоара и таму ги масакрирал. Според Григориј Турски, ги дружил силите и со Одоацер за да ги спречи Алеманите кои сакале да ја нападнат Италија.

Приказните за неговото протерување од страна на Франките, чии жени ги грабнувал, за неговиот осумгодишен престој во Турунгија со Кралот Базин и неговата жена Базина, за неговото враќање кога некој верен слуга го посоветувал дека безбедно ќе може да се врати ако му прати половината од златото што го зел со себе, и за пристигнувањето на кралицата Базина во Турне, со која се оженил, потекнуваат од делото Книги за историјата на Григориј Турски (латински: Libri Historiarum) (Книга ii.12).

Хилдерик е првиот крал од династијата Меровинзи чие поколение е потврдено[3]. Тој умрел во 481 и бил погребан во Турне. Неговиот гроб, откриен во 1653 година, содржел оружје како спата (меч со широко сечило), франциска и скрамасакса. Исто така, многу златен накит и палудамент, наметка (обично пурпурна) каква што носеле римските генерали. Негов син бил Хлодовик, кој подоцна станал крал на Франките.

Контекст

[уреди | уреди извор]

Првиот најзначаен извор кој дава информации за Хилдерик е Историјата на Франките[4], дело напишано од епископот Григориј Турски. Три основни извори кои претходат на оној на Григориј Турски ја евоцираат политичката ситуација на северот на Галија[5]. Станува збор за Хрониката на Идациј, епископот на Шав во Галеција[6], една галоримска хроника од 5 век, наречена Галска хроника 511 и Хрониката на Мариј, епископот на Авенш[7].

Други два извора ги комплетираат информациите: делото Животот на Света Геновева (латински: Vita Sanctæ Genovefæ )[8], кое сведочи за походот на Хилдерик врз Париз и едно писмо кое свети Реми му го напишал на Хлодовик кое дава информации за татко му. На овие ограничени им се додаваат дополнителните археолошки извори и направените студии по откривањето на гробот на Хилдерик во 1653[9].

Геополитичките движења во северна Галија во 5 век

[уреди | уреди извор]
Франките во римска Белгија - втора половина на 5 век, за време на Хилдерик I.

Пред доаѓањето на Хилдерик, Салиските Франки од 342 биле населени како федерати во рамки на Римското Царство, во северниот дел на Галија, во Токсандрија, меѓу мезанските мочуришта, на север од денешен Мастрихт, и шумата Шарбоњер[10]. Нив на почетокот на 5 век ги предводел Хлодион. За време на слабеењето на Рим, тие се обиделе да ја прошират својата доминација над Фландрија и бреговите на Шелда кон 430-435, потоа во долината на Сома. Но Аециј ги попречил во 448 а потоа направил сојуз со нив. Тој ги потврдил нивните освојувања на Турне, Арас и Камбре. Нивниот крал (рекс) станал римски офицер на чело на здружените трупи во секторот, како столб на римската одбрана. Непотврдени книжевни извори го ставаат Хлодион Долгокосиот на чело на Салиските Франки, а потоа Меровех и Хилдерик, но нивните роднински врски не се докажани. Други франкиски помали кралства исто така постоеле : "кралството" од Камбре, кралството на Карарик[10]. Нивна прва акција во одбрана на римската империја била поддршката на Аециј во борбата против Атила во 451[9].

По смртта на Аециј и за време на Хилдерик, генерал по име име Аегидиј командувал со римската војска во парискиот басен во 456-464 година. Друг воен заповедник, грофот Пол, бил одговорен за Армориканскиот тракт (латински: ''Tractus Armoricanus'') кој се протегал од Сома до Лоара. За тоа време, од Теодорих II (453-466), визиготското кралство на Тулуза станало најмоќно во западна Европа. Под власта на неговиот брат Еурик, почнувајќи од 466, тоа се претворило во вистинска суверена држава, а федусот исчезнал[11]. Еурик започнал политика на експанзија и неговите сили стигнале до долината на Лоара со намера да го освојат Тур. Во овој контекст, Хилдерик одиграл голема улога во поддршката на римските гарнизони при победите врз Саксонците, Визиготите и Алеманите. Салиските Франки успеале да го запрат ширењето на Готите помагајќи му на Аегидиј во битката против Саксонците и Визиготите кај Лоара во 463-464, и во Битката кај Орлен во 463[12]. Тие, исто така, учествувале во борбите против Визиготите во Тур заедно со грофот Пол, кој најверојатно потоа погинал во 469 при опсадата на Анже овојпат борејќи се против Саксонците[12]. Но алијансата со Хилдерик пропаднала по смртта на Егидиј во 464. Неговиот син Сијагриј, кој го заменил и се преселил во Соасон, почнал да се зближува до Визиготите што довело до блокадата на Париз од страна на Хилдерик од 465 година. Околу 469, кралот на Бретонците Риотам, под закана од Саксонците, бил победен од страна на Еурик во Бурж а потоа и во Битката кај Деол без Хилдерик да биде во можност да му се придружи. Тур паднал за кратко во рацете на Еурик во 470, исто како Лош и Амброаз а римската армија била победена од страна на Еурик во Арл во 471. Во 475, додека Париз бил на Хилдерик, Клермон Феран бил преземен од страна на Визиготите, по долга опсада, што го натерало новиот император Јулиј Непот да ја признае независноста на Аквитанија за сметка на евакуацијата на Прованса што пак резултирало со тоа Одоакар да бара територии во Италија, што следната година довело до падот на последниот западен римски цар. Сијагриј одбил потоа да го признае Одоакар и се свртел кон Еурик. По смртта на Хилдерик во 481, неговиот син Хлодовик отворено застанал против Сијагриј кој конечно бил поразен во Соасон во 486.

Животопис

[уреди | уреди извор]
Галија пред смртта на Хилдерик[13].

Бурниот живот на Хилдерик

[уреди | уреди извор]

Хилдерик првпат се спомнува во 457, во делото Книга за историјата на Григориј Турски[14]. Таа година Хилдерик, кој ги обесчестувал жените на неговите поданици, предизвикал лутина кај неговиот народ кој го симнал од престолот. Тој побеггнал и 8 години поминал во Тирингија веројатно од 451[15]. Кога бил кај кралот Базин, ја завел жената на неговиот домаќин, Базина, која што ја зел со себе во неговата провинција кога лутината на народот престанала. Франките одново побарале да биде на престолот. Кралот се оженил со Базина. Од овој брак се родил Хлодовик I[14].Овој дел од раскажувањето на Григориј Турски се смета дека е поврзан со популарните и легендарните приказни коишто тој ги вметнува во раскажувањето. Тешко е да се толкува од историски аспект, макар што во тоа време постоел крал наречен Базин во Тирингија а според преданијата, мајката на Хлодовик се викала Базина.

Гувернер на провинцијата Белгија

[уреди | уреди извор]

Како многу други водачи на варварските народи, Хилдерик, иако Франк, се борел на страната на Римското Царство[16]. Писмото на свети Реми упатено до Хлодовик, вели :

Голема гласина стигнува откај вас. Штотуку сте го преземеле раководењето со Белгија. Не е новост дека почнувате да бидете тоа што беа и вашите родители.[17]


Оваа реченица кажува дека Хилдерик имал навистина значајно место во римското општество како одговорен офицер и водач на најмалку една римска провинција (Белгија II) каде дел биле Ремс, Турне и Соасон. Како римски генерал, погребан бил со генералските почести, соодветни на функцијата што ја вршел: златна фибула, палудаментум, и прстен[18]. Мишел Руш ја истакнува претпоставката дека местото гувернер на Белгија му било доделено од самиот Егидиј [19].

Крал и водач на Салиските Франки

[уреди | уреди извор]

Хилдерик бил значајна личност. Тој бил крал и водач на Салските Франки. Не само што тој ја презел контролата врз римската провинција, туку учествувал и во политичките игри на Рим, преку неговите битки во Галија, па и во Италија. Покрај тоа, при враќањето од Тирингија, дал активна поддршка на воените операции на генералот Егидиј, другиот римски авторитет на северна Галија, и се побунил против Рицимер[20]. Хилдерик и Егидиј, придружени од Салиските Франки, му помогнале на Мајоријан околу 458, со што се зацврстиле франко-римските односи на северот во Галија[21]. Успеале да ги избркаат Бургундите од градот Лион и му се придружиле на Егидиј во Арл откако Мајоријан бил признат за император[22].

Битката кај Орлеан

[уреди | уреди извор]

Хрониката на Идациј, Галската хроника од 511 и онаа на Мариј од Авенш, ја споменуваат битката во 463 година. Мариј од Авенш вели дека битката се случила во близина на Орлеан помеѓу Егидиј и Визиготите: Фредерик , братот на визиготскиот крал Еурик, бил убиен. Според хрониката од 511, Визиготите биле поразени од Франките.

Опсадата на Париз (465-475) и врската со света Геновева

[уреди | уреди извор]

Во 465, Хилдерик го опседнал Париз. Оваа епизода од животот на кралот Хилдерик е особено тешка за сфаќање ако не се разгледува преку личноста на света Геновева. Таа, судија во Париз, длабоко религиозна, се залагала за антивоена политика. Меѓутоа Сијагриј, кој доминирал во дел од Северна Галија, почнувал да се зближува со Визиготите. На Париз му се заканувала граѓанска војна помеѓу поборниците на Сијагриј, вистинските претставници на Рим и поборниците на Франките. Света Геневева, и самата од франкиско потекло, најверојатно се сретнала со Хилдерик во Лаон за да побара да дејствува и да го "зачувува јавниот живот"[23]. Тој се одлучил "да го задуши Сијагриј без да влезе во отворена војна против Париз", држејќи го градот под опсада. Геновева десет години успевала да создаде зона на мир без фаворизирање на било која од двете вклучени страни.

Борбата против Саксонците : Битката кај Анже (469)

[уреди | уреди извор]

Со римска и франкиска поддршка римскиот гроф Пол им објавил војна на Визиготите. Во 459 година[24] Одовакриј (латински: Eadwacer или Adovacrius) и неговите Саксонци биле закана за Анже. Хилдерик го поразил. Грофот Пол бил убиен во битката а Хилдерик го заземал градот. Некои историски коментатори рекле дека Хилдерик се борел на страната на грофот Пол, како сојузник на Римјаните. Сепак, Фредегерската хроника вели дека Хилдерик го убил грофот Пол. Модерните историчари ја отфрлаат оваа претпоставка[24], но сепак, во оваа битка повеќе групи на Римјани се бореле со што ни за сојузништвото не може да се тврди со сигурност.

Сојузот со Одоакар

[уреди | уреди извор]

Во 476, при падот на Римското Царство и заземањето на власта од страна на Одоакар, романо-франкиската доминација е особено ограничена и поделена помеѓу зоната на влијание на Хилдерик и онаа на Сијагриј, синот на Егидиј. Спротивно на Сијагриј кој се приклонил кон Визиготите, кои биле главната сила во моментот, Хилдерик одлучил да се приклони кон Одоакар, признат од Зенон, царот на Источното Римско Царство.[25] По овој сојуз, Одоакар бил признат за крал. Хилдерик тогаш водел поход за да ги покори Алеманите кои го нападнале северот на Италија.Со овој гест тој покажал дека наспроти сѐ останал верен на Империјата[25]. Од 470 тој веќе не се појавува во разните анали. Проучувањето на разните монети пронајдени во неговиот гроб овозможуваат да се датира неговата смрт помеѓу 477 и 487. Ниеден документ не ја открива прецизната дата, но како година на смртта се назначува 481/482[б 3][26]

Гробот на Хилдерик

[уреди | уреди извор]
Златните пчели на кралот Хилдерик. Во гробот биле откриени 300 пчели

Гробот на Хилдерик бил откриен во 1653 (мај 27) од страна на градителите кои ја поправале црквата Сен-Брис во Турне, град во денешна Белгија. Биле пронајдени голем број скапоцени предмети, вклучително и богато орнаментиран меч, златен накит, златни монети, златна глава на бик и прстен со натпис CHILDERICI REGIS ("на кралот Хилдерик")[27], преку што и бил идентификуван гробот.[28] Исто така биле пронајдени и околу 300 златни пчели. Надвојводата Вилијам Леополд, гувернер на Јужна Холандија (денешна Белгија), на латински го објавил тоа што било пронајдено. Богатството прво отишло кај Хабсбурговците во Виена, потоа како подарок на Луј XIV, кој не бил импресиониран со богатството и го оставил во кралската библиотека, која станала Национална библиотека на Франција за време на Револуцијата. На Наполеон повеќе му се допаднале пчелите на Хилдерик и кога барал хиралдички симбол како замена на лилијата на Капетите,[29] ги одбрал пчелите на Хилдерик да бидат симбол на Првото француско царство.

Ноќта меѓу 5-6 ноември 1831, богатството на Хилдерик (кое тежело 80 килограми) било украдено од Библиотеката и стопено за злато.[30] Неколку парчиња биле најдени во Сена, вклучително и две од пчелите. Податок за богатството сепак постои од гравурите од времето кога било пронајдено и во некои репродукции кои ги направиле Хабсбурговците.

  1. Оригиналниот прстен исчезнал во тек на кражба во 1831. Опис на печатот: биста на кралот,анфас,долга коса до рамења, разделена на средината. На левото рамо има палудаментум а со десната рака држи копје. Натписот е на латински (Кралот Хилдерик) : « Childerici Regis ».
  2. Ова старо име на припадник на германските народи е мошне раширено и подоцна се потврдува во варијантите Хелдрик, Хилдерик, Хилдрих итн. (Heldricus, Hilderichus, Hildericus, Hildrich, Hildricus, Hiltirich, Hiltrih, etc.) (Ibid.).
  3. Оваа хипотеза се потпира на сведоштвото на Книгата за историјата на Франките (латински: Liber historiæ Francorum ) каде се вели дека Хилдерик владеел 24 години, почнувајќи од 457 или 458.
  1. Lebecq 1990, p. 39
  2. Marie-Thérèse Morlet, Les noms de personnes sur le territoire de l’ancienne Gaule du vie au xiie siècle, Paris, CNRS, t. I (les noms issus du germanique continental et les créations gallo-germaniques), 1968, p. 131a.
  3. B. Dumézil, «  », L’Histoire, no 358,‎ ноември 2010, p. 44
  4. Histoire des Francs [Податоци за издавањето] 
  5. James 1988, стр. 9
  6. Chroniques : (Sources chrétiennes, 219), éditions du Cerf 
  7. Marius d'Avenches, Chroniques (455-481), texte original et traduction. Œuvre numérisée et traduite par Marc Szwajcer.
  8. James 1988, стр. 11
  9. 9,0 9,1 Inglebert 2009, p. 62
  10. 10,0 10,1 a et b Leguay 2002, p. 93-94
  11. Inglebert 2009, p. 106-107
  12. 12,0 12,1 Inglebert 2009, p. 95
  13. Paul Vidal de La Blache, Atlas général d'histoire et de géographie(1894).
  14. 14,0 14,1 Grégoire de Tours,Liber Historiarum volume II, 12
  15. Rouche 1996, стр. 13
  16. Karl Ferdinand Werner, De Childéric à Clovis : antécédents et conséquences de la bataille de Soissons en 486, Revue archéologique de Picardie (1988)volume3, numéro 1
  17. K.-F. Werner,Les origines, Paris, Fayard (1984)пасус:286, оригинален цитат: Une grande rumeur parvient à l'instant de nous. Vous venez de prendre en main l'administration de la Belgique seconde. Ce n'est pas une nouveauté que vous commenciez à être ce que vos parents ont été
  18. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име karl.
  19. Rouche 1996, стр. 187
  20. Rouche1996, стр. 186
  21. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Rouche,1352.
  22. Rouche1996, стр. 138
  23. Rouche1996, стр. 191-192
  24. 24,0 24,1 Karl Ferdinand Werner, «  », Revue archéologique de Picardie, vol. 3, no 1,‎ 1988, p. 4
  25. 25,0 25,1 Rouche1996, стр. 189
  26. Settipani, Christian (1993). La Préhistoire des Capétiens (Nouvelle histoire généalogique de l'auguste maison de France, том 1) (француски). уредн. Patrick van Kerrebrouck. ISBN 2-9501509-3-4..
  27. Jean Benoît Désiré Cochet, , Paris, 1859
  28. (la) Jean-Jacques Chifflet, , Anvers, 1655. Conservé à la Bibliothèque de Tournai
  29. Colette Beaune, , vol. III : Le roi, la France et les Français, Gallimard, coll. « Folio histoire », chap. VIII (« Les lys de France »), p. 239
  30. Geneviève Bührer-Thierry, Charles Mériaux, La France avant la France (481-888), éd. Belin, 2010, p. 68.

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Stéphane Lebecq, , vol. 1 : Les origines franques, ve – ixe siècle, Paris, Éditions du Seuil, coll. « Points. Histoire » (no 201), 1990, 317 p. (ISBN 2-02-011552-2).
  • Edward James: The Franks. Oxford, 1988.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Хилдерик I
Роден(а): 437 Починал(а): 481
Претходник
Меровех
Крал на Салиските Франки
457–481
Наследник
Хлодовик I