Томас Вермален

Од Википедија — слободната енциклопедија
Томас Вермален
Лични податоци
Полно име Томас Вермален[1]
Роден на 14 ноември 1985(1985-11-14)(38 г.)
Роден во Капелен, Белгија
Држава Белгија Белгија
Висина &100000000000001830000001,83 м[2]
Играчки податоци
Позиција одбрана
Повлекување 21 јануари 2022 (36 г.)
Младинска кариера
1991–1999 Жерминал Екерен
1999–2000 Жерминал Биршот Жерминал Биршот
2000–2003 Ајакс Ајакс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003–2009 Ајакс Ајакс 97 (7)
2004–2005РКЦ Валвајк РКЦ Валвајк 13 (2)
2009–2014 Арсенал Арсенал 110 (13)
2014–2019 Барселона Барселона 31 (1)
2016–2017Рома Рома 9 (0)
2019–2021 Висел Кобе Висел Кобе 45 (1)
Репрезентација
2002–2003 Белгија Белгија 18 5 (0)
2003–2004 Белгија Белгија 19 7 (0)
2004–2007 Белгија Белгија 21 13 (1)
2008 Белгија Белгија 23 5 (0)
2006–2021 Белгија Белгија 85 (2)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 20
08, 23 December 2017 (UTC).

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 23:38, 11 December 2017 (UTC)

Томас Вермален (роден на 14 ноември 1985 година, во Капелен) — поранешен белгиски фудбалер, играч од одбраната и поранешен репрезентативец на Белгија (2006-2021).

Вермален се приклучил на младинската академија на Ајакс во 2000 година, а за време на сезоната 2003-2004, неговата прва со првиот тим, го холандското првенство со Ајакс. Дресот на Ајакс го носел цели шест сезони, а во 2009 година по заминувањето на Клас-Јан Хунтелар, тој бил назначен и за капитен на амстердамскиот гигант. Во 2009 година, Вермален потпишал за Арсенал и веќе во својата прва сезона бил избран во тимот на годината на Премиер Лигата. Со трансферот на  Робин ван Перси во Манчестер Јунајтед во август 2012 година, тој бил избран за капитен на топџиите, но неговите игри и минутажата биле ограничени поради добрите игри на одбранбениот тандем Мертезакер-Кошчелни. Во август 2014 година, тој се преселил во Барселона за 15 милиони евра,[3] каде поради бројните повреди не успеал да се наметне. Откако една сезона бил позајмен во Рома, во 2019 година се приклучил на јапонскиот Висел Кобе, каде и ја завршил својата кариера во 2021 година.

За репрезентацијата на Белгија, Вермален дебитирал во 2006 година и настапувал се до 2021 година, забележувајќи 85 настапи и 2 гола. Во дресот со државниот грб учествувал на две Светски првенства во 2014 и 2018 и две Европски во 2016 и 2020, како и на Олимписките игри 2008.

Титули[уреди | уреди извор]

Холандија Ајакс[уреди | уреди извор]

2003-2004
2005-2006, 2006-2007
2006, 2007

Англија Арсенал[уреди | уреди извор]

2020-2021

Шпанија Барселона[уреди | уреди извор]

2014–2015, 2015–2016, 2017–2018, 2018–2019
2015–2016, 2017–2018
2015

Јапонија Висел Кобе[уреди | уреди извор]

2019
2020

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Белгија Белгија[уреди | уреди извор]

Бронзен медал Трето место: 2018

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „2014 FIFA World Cup Brazil: List of Players“. FIFA. 11 June 2014. стр. 4. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-06-11. Посетено на 10 July 2014.
  2. „Vermaelen - Thomas Vermaelen - FC Barcelona“. fcbarcelona.com. Архивирано од изворникот на 24 јануари 2015.
  3. „Thomas Vermaelen: Barcelona to sign Arsenal defender on Sunday“. BBC. 9 August 2014. Посетено на 10 August 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]