Панде Петровски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 23: Ред 23:


{{Цитатник|''Како војник, и како граѓанин на [[Република Македонија]], кој беше директен сведок во случувањата со кризата во РМ, лично сум заинтересиран за потполно расветлување на сите аспекти на тие случувања и разрешувањето на кризата. Мислам дека и граѓаните на РМ имаат право да ја сознаат целата вистина за овие случувања, посебно што последиците од неа во најголема мерка, а некои и неповратно, ги погодија луѓето од кризните подрачја. Одговорните за ова треба да му дадат очет на македонскиот граѓанин.''}}
{{Цитатник|''Како војник, и како граѓанин на [[Република Македонија]], кој беше директен сведок во случувањата со кризата во РМ, лично сум заинтересиран за потполно расветлување на сите аспекти на тие случувања и разрешувањето на кризата. Мислам дека и граѓаните на РМ имаат право да ја сознаат целата вистина за овие случувања, посебно што последиците од неа во најголема мерка, а некои и неповратно, ги погодија луѓето од кризните подрачја. Одговорните за ова треба да му дадат очет на македонскиот граѓанин.''}}

== Одликувања ==
:''Забелешка: Списокот на одликувања може да не е целосен.''
* {{знамеикона|Југославија}} [[Податотека:Order of the People's Army with silver star RIB.gif|50п]] Орден на народната армија со сребрена ѕвезда (1974)
* {{знамеикона|Југославија}} [[Податотека:Order of Labour with silver wreath RIB.gif|50п]] Орден на трудот со сребрен венец (1982)
* {{знамеикона|Југославија}} [[Податотека:Order of military merits with golden swords RIB.gif|50п]] Орден за воени заслуги со златни мечеви (1990)
* {{знамеикона|Југославија}} [[Податотека:Order for military merits with silver swords RIB.gif|50п]] Орден за воени заслуги со сребрени мечеви (1968)


== Наводи ==
== Наводи ==

Преработка од 19:24, 18 јануари 2022

Панде Петровски
Роден 26 декември 1943
Живојно, Република Македонија
Починал 31 декември 2006
Битола,Република Македонија

Панде Петровски (Живојно, Битолско, 26 декември 1943 - Битола , 31 декември 2006) бил македонски генерал, началник на генерал-штабот на АРМ и воен стратег кој ги изготвил решавачките воени акции на македонските безбедносни сили во воениот судир во 2001 година.[1]

Животопис

Роден е на 26 декември 1943 година во битолското село Живојно во селско, земјоделско семејство. Неговиот дедо Петре учествувал во Илинденското востание и Првата светска војна, а неговиот татко Алексо бил учесник во народноослободителната борба, при што двапати бил ранет.[2]

Основно и средно образование завршил во родното место и Битола, а во предвидениот период од 1962 до 1965 со висок процент на успех ги завршил студиите на воената академија во Белград[2]. На доусовршување и остручување бил во Бања Лука и Белград. Бил на висока функција во ЈНА, подоцна вклучен во формирањето на АРМ. Како офицер и старешина во оклопните и механизираните единици бил на служба во Загреб, Прилеп, Велес и Приштина, а во 1990 бил назначен за помошник командант на третата армиска област во Скопје. По расформирањето на ЈНА, учествувал во формирањето и бил назначен за командант на Вториот армиски корпус на АРМ во Битола[2]. Во 1996 бил назначен за началник за борбена готовност во Скопје, а од 1999 ја вршел должност заменик на началникот на ГШ на АРМ, на која повторно бил назначен во март 2001 после неговото предвремено пензионирање по Претседателските избори во 1999 година. Во периодот од јуни до септември 2001 бил началник на генерал-штабот на АРМ. Од септември истата година и по пензионирањето во 2002 бил ангажиран како советник на министерот за одбрана за развој и употреба на Армијата. Во неговата војничка кариера предвремено е унапредуван во чин капетан прва класа, чин мајор и чин полковник[2]. Во генерал-мајор бил унапреден во 1993 како командант на корпус, во 1997 бил унапреен во чин генерал-потполковник, а во 2001 година бил унапреден во чин генерал како началник на ГШ на АРМ. Починал на 31 декември 2006 година во Битола, каде и почива.[3]

Учество во воениот конфликт во 2001

Панде Петровски бил предвремено пензиониран без да ги исполнува условите за тоа[4], а исто така бил началник на генерал-штабот на АРМ кој најкратко ја водел македонската војска, само 3 месеци. По избувнувањето на воениот судир во Македонија во 2001 година тој бил повикан да помогне во настаната ситуација. Неговиот личен став бил дека воениот судир бил агресија наметната од надвор[5]. Враќајќи се во редовите на АРМ тој ја испланирал успешната акција за ослободување и освојување на Тетовското Кале, како и акциите во Арачиново и Кумановско-липковскиот крај. На 12 април 2001 по успешната акција за ослободување на Тетовското Кале, лично и писмено му било честитано за големата победа на вооружените сили на Република Македонија од страна на генерал-мајор Ричард Грифитс, шеф на МПРИ од САД[6].

Мисли

Како војник, и како граѓанин на Република Македонија, кој беше директен сведок во случувањата со кризата во РМ, лично сум заинтересиран за потполно расветлување на сите аспекти на тие случувања и разрешувањето на кризата. Мислам дека и граѓаните на РМ имаат право да ја сознаат целата вистина за овие случувања, посебно што последиците од неа во најголема мерка, а некои и неповратно, ги погодија луѓето од кризните подрачја. Одговорните за ова треба да му дадат очет на македонскиот граѓанин.

Одликувања

Забелешка: Списокот на одликувања може да не е целосен.
  • Социјалистичка Федеративна Република Југославија Орден на народната армија со сребрена ѕвезда (1974)
  • Социјалистичка Федеративна Република Југославија Орден на трудот со сребрен венец (1982)
  • Социјалистичка Федеративна Република Југославија Орден за воени заслуги со златни мечеви (1990)
  • Социјалистичка Федеративна Република Југославија Орден за воени заслуги со сребрени мечеви (1968)

Наводи

  1. „ПОСЛЕДЕН ЗБОР Панде Петревски“. Утрински Весник. 4 јануари 2007. Посетено на 2011-03-21.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Петровски, Панде. „Сведоштва - 2001“. Киро Дандаро, Битола, 2006 г. стр.215
  3. „Погребан Панде Петровски“. Вечер. 3 јануари 2007. Посетено на 2011-03-21.
  4. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2012-09-14. Посетено на 2011-03-21.
  5. „архивска копија“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-08-12. Посетено на 2011-03-21.
  6. Петровски, Панде. „Сведоштва - 2001“. Киро Дандаро, Битола, 2006 г. стр.232 (факсимил од оригиналното писмо)
Претходник
Јован Андревски
Началник на Генералштабот на АРМ
2001
Наследник
Методи Стамболиски