Горанчо Котески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Горанчо Котески
Gorančo Koteski.jpg
Роден во:Прилеп
Служба во:Македонија Македонија
Род:MacedonianArmyLogo.svg АРМ
Чин:Генерал-мајор

Генерал-мајор Горанчо Котески (р. 18 август 1965) е поранешен началник на Генералштабот на АРМ (2011-2015).

Биографија[уреди | уреди извор]

Котески е роден во Прилеп на 18 август 1965 година. Средно воено училиште завршил во Сараево, а воена академија во Белград и во Сараево. Тој е единствениот активен генерал што ги исполнува НАТО-стандардите, владее англиски и германски јазик. Дипломирал на престижниот воен колеџ на НАТО во Рим, а бил и воен аташе во Германија. Котески ја извршуваше и функцијата аѓутант на претседателот Ѓорге Иванов, како и советник за воени прашања, а во март годинава беше назначен за командант на Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ. Во армиските кругови позитивно се гледа на назначувањето на Котески, кој важи за пронатовски и прореформски настроен генерал.[1]

Генерал Горанчо Котески, со указ на Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов е именуван за Началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија за 16 август 2011.[2] Генерал-мајор Методија Величковски доаѓа на местото на досегашниот началник на генералштабот на АРМ, Котески, за 18 август 2015.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

Претходник
Мирослав Стојановски
Началник на Генералштабот на АРМ
2011-2015
Наследник
Методија Величковски