Македонски претседателски избори (1999)
![]() | |||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||
|
Оваа статија е дел од серијалот за |
Политиката на Македонија |
---|
![]() |
Законодавна власт |
Извршна власт |
|
Претседателските избори во 1999 година беа втори по ред претседателски избори во независна Република Македонија. Дотогашниот претседател Киро Глигоров не се кандидира на овие избори, а победник беше Борис Трајковски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.
Кандидати во првиот круг[уреди | уреди извор]
Резултати[уреди | уреди извор]
Кандидат | Партија | Прв круг | Втор круг | ||
---|---|---|---|---|---|
Број на гласови | % | Број на гласови | % | ||
Тито Петковски | СДСМ | 343.606 | 33,1 | 513.614 | 46,8 |
Борис Трајковски | ВМРО-ДПМНЕ | 219.098 | 21,1 | 582.808 | 53,2 |
Васил Тупурковски | ДА | 163.206 | 15,7 | ||
Муарем Неџипи | ДПА | 155.978 | 15,0 | ||
Стојан Андов | ЛДП | 111.983 | 10,8 | ||
Мухамед Халили | ПДП | 45.731 | 4,4 | ||
Неважечки ливчиња | 11.013 | – | 16.281 | – | |
Вкупно | 1.050.615 | 100 | 1.112.703 | 100 | |
Регистрирани гласачи/излезност | 1.613.284 | 65,1 | 1.610.340 | 69,1 | |
Извор: Nohlen & Stöver |
Резултати од Првиот круг[уреди | уреди извор]
Првиот круг на гласањето се одржа на 14 ноември 1999 година. По преброените гласови, во вториот круг се пласираа Тито Петковски со освоени 509.933 гласови и Борис Трајковски со освоени 449.026 гласови.
Резултати од Вториот круг[уреди | уреди извор]
Вториот круг на гласање се одржа на 5 декември 1999 година. Изборниот ден ќе биде запаметен со многу нерегуларности и огромен број на излезени гласачи помеѓу албанското население. Во вториот круг победи Борис Трајковски со 582.808 гласови, а Тито Петковски имаше 513.614 гласови, или 52.40% наспроти 46.18%. СДСМ не ги призна изборните резултати и го бојкотираше Претседателот Трајковски сè до доаѓањето на власт на Парламентарните избори во 2002 година.
Останати статистики[уреди | уреди извор]
Бројот на запишани избирачи во 1999 година бил: 1.610.340 од нив на гласање излегле 1.112.153 гласачи. По преброените гласачки ливчиња Државната Изборна Комисија констатираше дека има 16.281 неважечки гласачки ливчиња или 1,46% од вкупниот број на ливчиња.
Поврзано[уреди | уреди извор]
|