ФК Валенсија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
RedBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Бот Менува: da:Valencia C.F.
FoxBot (разговор | придонеси)
с r2.6.5) (Робот: Додава ga:Valencia Club de Fútbol
Ред 207: Ред 207:
[[fa:باشگاه فوتبال والنسیا]]
[[fa:باشگاه فوتبال والنسیا]]
[[fr:Valence Club de Fútbol]]
[[fr:Valence Club de Fútbol]]
[[ga:Valencia Club de Fútbol]]
[[gl:Valencia Club de Fútbol]]
[[gl:Valencia Club de Fútbol]]
[[ko:발렌시아 CF]]
[[ko:발렌시아 CF]]

Преработка од 19:14, 5 февруари 2012

ФК Валенсија
Valencia CF
Грб на Фк Валенсија
Целосно име Фудбалски клуб Валенсија
(Valencia Club de Fútbol)
Прекар(и) Лос Че
Лилјаци
Основан 18 март 1919
Распаднат
Стадион Местаља, Валенсија, Шпанија
Капацитет 55,000
Претседател Мануел Љоренте
Тренер Унаи Емери
Лига Ла Лига
2009-10 Ла Лига, 3ти
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Домашен дрес
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Гостински дрес


Фудбалски клуб Валенсија (шпански: Valencia Club de Fútbol) е професионален шпански фудбалски клуб од градот Валенсија, од покраината Валенсија. Клубот игра во Шпанската Ла Лига и е еден од најголемите и најуспешните шпански клубови во историјата. На Ла Лига табелата за сите времиња, Валенсија се наоѓа на третото место зад Реал Мадрид и Барселона.

Клубот е формиран во 1919 година, а своите натпревари од 1923 година, ги игра на стадионот Местаља со капацитет од 55.000 гледачи. Се очекува набрзо преместување на новиот стадион кој е сеуште во изградба, со капацитет од 75.000 гледачи, кој ќе го носи името Нова Местаља. Екипата на Валенсија има долгогодишно ривалство со клубот Леванте од Валенсија, како и со Виљареал, клуб од автономната област Валенсија.

ФК Валенсија е трет клуб во Шпанија по бројот на своите навивачи. Исто така е еден од најголемите светски клубови по бројот на претплатници, со околу 50.000 продадени сезонски билети, и други 20.000+ претплатници, кои се наоѓаат на листата на чекање. Се очекува овој проблем да се реши по изградбата на Новата Местаља која ќе има капацитет од 75.000 гледачи.

Историја

Во 1919 година во центарот на главниот град на Турија, во барот Торино е формиран клубот ФК Валенсија. Прв претседател на тимот бил Октавио Аугусто Милего Диаз кој е избран со фрлање паричка.

Првиот официјален натпревар Валенсија го одиграла на 21 мај 1919 година против Гимнастико на гости, во Кастељон, натпревар кој завршил со победа на домакините од 1-0.

Валенсија своите домашни натпревари ги играла на стадионот Алгирос кој е отворен на 7 декември 1919, а во 1923 се сели на новиот стадион Местаља. Во својот прв официјален натпревар на Местаља, Валенсија играла против Кастељон, а натпреварот завршил нерешено 0-0. Следниот ден Валенсија повторно играла со истиот противник, но победила со резултат 1-0. Истата година Валенсија го освоила и регионалното првенство, а благодарејки на тоа се здобила со право на учество во Шпанскиот Куп.

После Граѓанската војна, Валенсија го освоила и Кралскиот Куп во 1941 година кој бил и прв трофеј во клупската историја. Во финалето славела против Еспањол. Во сезоната 1941/42 за прв пат ја освоила и Шпанската лига. Подоцна повторувајки ги добрите игри, екипата на Валенсија успеала уште двапати да ја освои титулата во домашното првенство и тоа во сезоните 1943/44 и 1946/47.

Во текот на педесетите години, екипата на Валенсија не успеала да ги повтори добрите резултати од претходните сезони. Со обновувањето на Местаља и зголемувањето на капацитетот, во екипата пристигнале домашни и странски играчи меѓу кои Шпанскиот репрезентативец Антонио Пукадес и Холанѓанецот Фаас Вилкес. Сезоната 1952/53 екипата ја завршила на втората позиција, а следната сезона го освоила и Кралскиот Куп кој тогаш бил познат како Copa del Generalísimo.

Во 60 те години дошле и првите Европски успеси по победите во Fairs купот (денешна Лига Европа) во сезоните 1961/62 и 1962/63 против Барселона и Динамо Загреб. Исто така освојува и нова титула во купот во 1967 победувајки го во финалето Атлетик Билбао.

Седумдесетите години започнале со нова титула во Шпанската лига во сезоната 1970/71 под палката на селекторот Алфредо ди Стефано. Во 1976 година во Валенсија пристигнува Аргентинскиот напаѓач Марио Кемпес, кој ќе одбележи една од најславните епохи во клубот. Во првата сезона во тимот, успеал да биде најдобар стрелец во лигата со постигнати 24 голови. Со Кемпес во нападот, Валенсија успеала да го освои Кралскиот куп во сезоната 1978/79, совладувајки го големиот ривал Реал Мадрид со 2-0 од кои двата биле постигнати од гол машината на Валенсија Марио Кемпес нарекуван Матадор.

Иако 80 те години започнале со нова Европска титула, Купот на победниците на куповите во 1979/80, тие биле црна декада за тимот од Местаља. Клубот морал да го продаде Кемпес во Ривер Плата. Поради долгови за стадионот Местаља за Мундијалот во Шпанија ‘82, клубот паднал во длабока економска криза. Во сезоната 1982/83 Валенсија се спасила од испаѓање со гол на Тендиљо во последниот натпревар од сезоната против Реал Мадрид на Местаља. Сепак во 1985/86 екипата на Валенсија е делегирана во Втората Шпанска Дивизија по 55 сезони одиграни во највисокиот ранг на фудбал во Шпанија. Во првата лига се вратила по една сезона, а долгот почнал да се намалува малку по малку. Така сезоната 1989/90, екипата на Валенсија завршила на втората позиција и го најавила своето враќање во Шпанската елита.

Деведесетите години се одбележани со претворањето на клубот во Спортско друштво, а на чело на клубот дошол Пако Роиг. Во сезоната 1995/96 екипата на Валенсија завршила на втората позиција, а нова титула била освоена во Купот 1998/99 совладувајки ја екипата на Атлетико Мадрид со 3-0 во финалето во Севиља, под тренерската палка на Клаудио Раниери.

Со почетокот на новиот век започнуваат и златните години за Валенсија. Во сезоната 1999/00 за прв пат Валенсија игра во финалето на Лигата на Шампионите но е поразена од Реал Мадрид со резултат 3-0. Следната година се повторува финалето, овојпат против Германскиот претставник Баерн Минхен, кој ја освојува титулата по изведувањето пенали. Сезоната 2001/02 на чело со дотогаш непознатиот стратег Рафаел Бенитез, Валенсија успева да освои нова титула во лигата. Во 2003/04 година, тимот од Местаља го повторува успехот освојувајки ја лигата уште еднаш, како и Уефа Купот. По три освоени титули за три години Рафаел Бенитез заминува од тренерското место во екипата на Ливерпул. Во тимот се враќа Клаудио Раниери со помош на кој се освојува и Суперкупот на Европа, но ситуацијата во лигата не е добра поради која тој добива отказ.

Истата година на претседателското место доаѓа Хуан Баутиста Солер. Под негово раководство екипата паѓа во економска криза, со што се доведува до парализирање на изградбата на Новата Местаља, која самиот Солер започна да ја гради. Сезоната 2007/08 се освојува уште една титула во купот по победата против Гетафе од 3-1, но екипата ја завршува сезоната на лошото 10то место во лигата. Летото 2008 година на местото претседател на Валенсија доаѓа Висенте Сориано, кој тврди дека има решение за економската состојба во клубот. По една година во исчекување и со појавувањето на непостоечка Уругвајска фирма наречена Инверсионес Далпорт, Сориано го напушта местото претседател во тимот и на чело на Валенсија доаѓа Мануел Љоренте кој извршува проширување на капиталот на клубот и ја враќа стабилноста во тимот.

Стадион

Стадионот Местаља, официјално “Mestalla, camp del València” (Местаља, стадион на Валенсија) е стадионот на екипата на Валенсија ФК која игра во Шпанската Примера Дивизион. Неговото име се должи на подводните канали за наводнување „Местаља“ кои поминуваат под него. Се наоѓа помеѓу улиците Шведска и Арагон во градот Валенсија. Порано се викал стадион Луис Казанова. Со капацитет од 55.000 гледачи е трет најголем стадион во Шпанија.

На 20 мај 1923, стадионот Местаља бил инагуриран со пријателскиот натпревар помеѓу Валенсија и градскиот ривал Леванте. Тоа било почеток на нова ера за клубот што воедно значело и збогување со стариот стадион Алгирос, кој засекогаш ќе остане во сеќавањата на сите Валенсијци како прв дом на тимот. Долгата и успешната историја на тимот од Местаља започнала, кога сеуште Валенсија не играла во првата дивизија. Во тоа време капацитетот на стадионот изнесувал 17.000 гледачи. Со добрите игри на тимот и победување на неколку регионални шампионати, дошол моментот кога менаџерите на Валенсија морале да размислуваат за реконструкција на Местаља. Па така во 1927 година капацитетот на стадионот се зголемил на 25.000 гледачи за потоа да биде тешко оштетен во Граѓанската војна.

Местаља била користена како концентрационен логор и склад за ѓубре. Единствено нешто што било задржано била нејзината структура откако останатиот дел бил празно поле без тераси и трибини кои биле оштетени во војната. Откако стадионот бил реконструиран, тимот успеал да ја донесе и првата титула во својата историја, Шпанскиот Куп во 1941 година.

Во текот на 50те години, стадионот на Валенсија ги претрпел најголемите измени во својата историја. Проектот резултирал со стадион со капацитет од 45.000 гледачи. Сепак по неколку години новиот стадион бил тешко оштетен од поплавата во Валенсија во октомври 1957та година, од локалната река Турија. И покрај тоа Местаља била вратена во нормалност, па дури некои дополнителни работи биле додадени, како вештачко осветлување кое било инагурирано во текот на свеченостите Fallas во 1959та година. Тоа било почеток за нови промени на Местаља.

Во текот на 60те години, стадионот го задржал својот изглед, додека опкружувањето на стадионот било урбанизирано. Во тоа време Местаља го доживува и своето Европско деби. Англискиот прволигаш Нотингем Форест бил првиот странски тим кој одиграл официјален натпревар против Валенсија. Натпреварот се одиграл на 15 септември 1961 година и бил прв натпревар од златното доба за Валенсија полно со континентални успеси, засилено со титулите во Fairs купот во 1962 и 1963 година. Местаља во тој момент влегла во Европските натпреварувања како стадион каде се одржале најважните настани во тој период.

Од 1969 година познатата фраза “Anem a Mestalla” (Да одиме на Местаља), која била многу популарна кај навивачите почнала да паѓа во заборав. Причината за тоа била промената на името која значела голем придонес од клубот кон својот најсимболичен претседател на Валенсија. Луис Казанова признал дека бил целосно обземен од таквата чест, и самиот претседател побарал во 1994 година неговото име да биде тргнато и да биде вратено популарното име Местаља, што се и случило.

Местаља, каде во 1925 година Шпанската национална селекција го одиграла првиот натпревар, била избрана за место каде Шпанија дебитирала на Светското првенство во 1982 година. Десет години подоцна, олимпискиот тим на Шпанија го освоил и златниот медал играјки на стадионот Местаља на Летните Олимписки Игри 1992та во Барселона.

Нова Местаља

Нова Местаља е фудбалски стадион кој е сеуште во изградба и ќе биде новиот стадион на кој ќе ги игра своите натпревари екипата на Валенсија. Плановите за изградба на новиот стадион беа откриени во 2006 година и на 10 ноември 2006, поранешниот претседател Хуан Солер ги откри деталите за стадионот и беше презентиран краток филм за тоа како новиот стадион на Валенсија ќе изгледа.

Градежните работи на стадионот започнаа во август 2007. Стадионот требаше да биде готов минатото лето и да биде подготвен за сезоната 2009/10, но поради финансиските проблеми во тимот, датумот на завршување на стадионот беше одложен.

Стадионот ќе има капацитет од 75.000 гледачи и ќе го замени досегашниот стадион на Валенсија, стадионот Местаља. Стадионот го гради градежната фирма ArupSport која е позната по неколку извонредни зданија во целиот свет меѓу кои и Птичјото гнездо или Олимпискиот стадион во Пекинг. Стадионот изнесува околу 250 до 300 милиони евра.

Екстериерот на стадионот ќе ги покажува сите региони на градот Валенсија кои ќе бидат поделени со течението на реката Турија. Фасадата на стадионот ќе биде покриена со алуминиум и дрво.

Внатре во стадионот ќе има 75 зони за освежување, вклучувајки и ресторант од 300 метри квадратни, кој ќе овозможува неверојатен поглед на целиот терен. Ќе има 3100 места за паркирање, 2600 подземни паркинзи, 330 вип седишта, 130 вип премиум, 30 седишта за играчите и тимот и 15 места за автобуси.

Горниот дел на трибините ќе има капацитет од 22.000 гледачи, средниот 18.000, а оној кој е најблизу до теренот 35.000 гледачи. Стадионот ќе има и можност да се конвертира во стадион кој може да биде домакин и на атлетски натпреварувања, откако ќе се извадат некои од трибините. Сето тоа ќе може да се направи за 5 дена.

Грб

Градот Валенсија и Балеарските острови биле освоени од кралот Хаиме I од Арагон во периодот од првата половина на 13ти век. По освојувањето, кралот им дозволил статус на независни кралства на двата региони.

Со неговото доаѓање на врвот на грбот на градот Валенсија се појавил лилјакот. Постојат неколку можни објаснувања за таа појава:

- Едното е дека лилјаците се многу застапени во тој регион.

- Другата пак теорија датира од 9 октомври 1238 година кога кралот Хаиме I бил пред влезот на градот Валенсија со цел да го освои градот од Маврите. Тогаш на врвот од неговото знаме слетал лилјак, а Хаиме тоа го интерпретирал како добар знак. Па така по освојувањето на градот, лилјакот бил додаден во грбот на Валенсија.

Освен лилјакот кој е симбол на градот Валенсија, логото на клубот е составено и од боите на знамето на Автономниот регион Валенсија во Шпанија, а тоа се сината, црвената и жолтата боја.

Химна

Химната на клубот Валенсија е компонирана од познатиот Шпански диригент Пабло Санчез Тореља, кој по барање на клубот ја напишал музиката за химната на Валенсија наречена Пасодобле. Текстот на химната пак е напишан од Рамон Химено Гил на Валенсиски јазик.

Новата химна на Валенсија била премиерно изведена и ја имала својата официјална презентација на 75та годишнина од формирањето на клубот Валенсија на 21 септември 1993 година.

Дресови

Оригиналните дресови на Валенсија биле сочинети од бели маици, црни шорцеви и црни чорапи. Со текот на времето се појавувале варијации на тие бои како и користење на портокаловата боја како и боите на знамето на Валенсија.

Се смета дека белата боја ја претставува чистотата на маицата на Валенсија, црната боја го претставува лилјакот, а портокаловата боја е бојата на портокалите кои наголемо се произведуваат во регионот на градот Валенсија.

Успеси

Домашни

1941/42, 1943/44, 1946/47, 1970/71, 2001/2002, 2003/2004

1941, 1949, 1954, 1967, 1979, 1999, 2008

1999


Европски

1961/62, 1962/63, 2003/04

1980/81, 2004/05

1979/80

Надворешни врски