Бад Залцдетфурт
Бад Залцдетфурт
Bad Salzdetfurth | |
Поглед на стариот дел на градот и реката Ламе | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хилдесхајм |
Градоначалник | Хенинг Хесе (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 67,11 км2 |
Надм. височина | 118 м |
Население | 13.520 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 201 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HI |
Пошт. бр. | 31162 |
Повик. бр. | 05063 |
Портал | www.bad-salzdetfurth.de |
Местоположба на градот Бад Залцдетфурт во рамките на округот Хилдесхајм | |
Координати | 52°03′55″N 10°00′33″E / 52.06528° СГШ; 10.00917° ИГД |
Бад Залцдетфурт (германски: Bad Salzdetfurth) — мал град во округот Хилдесхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот е сместен на бреговите на реката Ламе.
Градското подрачје во денешните граници е создадена со општинската реформа во 1974 година со спојување на дванаесет општини.
Бад Залцдетфурт се наоѓа околу 11 километри јужно од Хилдесхајм. Соседни големи градови се Залцгитер (околу 24 км североисточно), Хановер (39 км северно) и Брауншвајг (околу 42 км североисточно).
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Бад Залцдетфурт се наоѓа на Висорамнините Инерсте, дел од Долносаксонките ридови.[2] Градската област главно се состои од обработливи површини и шуми. Градот зафаќа површина од 67 квадратни километри.
Низ северниот дел на градот, како и низ местата Хокелн, Листринген, Хајнде, Клајн Динген и Грос Динген, тече реката Инерсте.
Самиот град е вгнезден од Хилдесхајмската Шума на запад и Зауберге на исток.[3] Реката Ламе тече низ местото во насока на север и се влева кај Грос Динген во Инерсте.
Највисока точка во Бад Залцдетфурт е Безенберг во Залцдетфуртската Шума со 339 метри.
Градски единици
[уреди | уреди извор]Градот Бад Залцдетфурт се состои од следниве 13 места:[4]
Место | Жители |
---|---|
Бад Залцдетфурт | 4.785 |
Боденбург | 1.827 |
Брајнум | 627 |
Детфурт | 437 |
Грос Динген | 1.153 |
Хајнде | 1.286 |
Хокелн | 198 |
Клајн Динген | 392 |
Лехштет | 697 |
Листринген | 183 |
Еструм | 393 |
Верштет | 1.078 |
Веселн | 883 |
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Бад Залцдетфурт се граничи од североисток надесно со општината Шелертен, општината Холе, градот Бокенем, општината Ламшпринге, општината Зибесе, општината Дикхолцен и градот Хилдесхајм.
Клима
[уреди | уреди извор]Бад Залцдетфурт се наоѓа под влијание на морска и континентална клима. Најтопол месец е јули со просечни 17 °C, додека најстуден е јануари со просечни 0 °C. Годишна просечна температура е 8,6 °C.[5] Во просек во една година наврнуваат 700 mm воден талог.
Историја
[уреди | уреди извор]Во 1194 година, Залцдетфурт бил споменат во документ за првпат. Местото било уништувано од поплави и пожари неколкупати. Најлоша поплава се случила во 1738 година, кога 176 куќи биле уништено. Зборот „Бад“, кој означува „бања“, бил додаден кон името во 1921 година.
На 22 март 1945 година, во текот на тешките воздушни напади на Хилдесхајм, Бад Залцдетфурт бил погоден од неколку бомби и две куќи биле уништени.[6]
Бад Залцдетфурт се стекнал со градските права дури во 1949 година.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]Постојат повеќе знаменитости во самиот град и во припоените села. Има многу зачувани фахверк куќи во стариот дел на градот, како рударскиот еснаф од 1898 година и во селото Веселн. Католичката црква „Св. Галус“ во Детфурт била изградена во класицистички стил во периодот 1772-1779. Други интересни селски цркви и капели може да се видат во Хокелн, Боденбург, Брајнум, Еструм, Верштет и Клајн Динген. Црквата „Св. Јован Крстител“ во Веселн била изградена во типичен неоготски стил во периодот 1853-55.
Најголема црква во Бад Залцдетфурт е „Св. Ѓорѓи“, протестантска црква со насликан резбан таван, изградена околу 1700 година. На западниот ѕид има ознака, три метри над земја, што ја означува висината на поплавата од Ламе во 1738 година. Барокниот олтар потекнува од 1717 година. Оргулите потекнуваат од 1590 година, првично сместени во црквата „Св. Ламбертиј“ во Хилдесхајм. Постои градски музеј за рударската историја. Првично, тулната градба во која е сместен музејот било училиште. Бил основан во 1987 година.
Најсовремена црква во градот е католичката „Св. Семејство“, која била изградена во периодот 1960-61 и осветена на 3 септември 1961 година. Нејзините оргули потекнуваат од 1979 година. Првично, многу малку католици живееле во Бад Залцдетфурт, но по Втората светска војна се населиле католички бегалци од Шлеска.
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Бад Залцдетфурт има железничка врска со Хилдесхајм. Железничката станица е во средиштето на градот. Постојат станици и во селата Боденбург, Детфурт, Веселн и Грос Динген. Во работни денови има најмалку еден воз на секој час до и од Хилдесхајм. Во неделите и празниците постои еден воз на секои два часа.
Политика
[уреди | уреди извор]Градоначалник
[уреди | уреди извор]Хенинг Хесе (SPD) бил избран како нов градоначалник во мај 2014 година, наследувајќи го сопартиецот Ерих Шапер.[7]
Меѓународни односи
[уреди | уреди извор]Бад Залцдетфурт е збратимен со следниве градови:
Познати луѓе
[уреди | уреди извор]- Јозеф Милер (свештеник) (1894-1944) — свештеник
- Готфрид фон Крам (1909-1976) — тенисер
- Улрике Розенбах (р. 1943) — сликар и професор
- Даниел ван Бујтен (р. 1978) — фудбалер
- Катарина Шилер (р. 1984) — пливачка
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Реката Ламе во средиштето на градот
-
Рударскиот еснаф и споменикот
-
Музеј посветен на рударството и историјата на градот
-
Католичка црква „Св. Семејство“ (1960–61)
-
Поглед на Веселн
-
Црквата „Св. Галус“ во Детфурт
-
Внатрешноста на црквата „Св. Галус“ во Детфурт
-
Црквата во Хокелн
-
Внатрешноста на црквата во Хокелн
-
Црквата „Св. Јован“ во Веселн
-
Католичката црква „Св. Кузман и Дамјан“ во Грос Динген
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Bundesamt für Naturschutz: Landschaftssteckbrief Innerstebergland Архивирано на 12 август 2014 г.
- ↑ Gerhard Meier-Hilbert: Geographische Strukturen (des Hildesheimer Landes) Архивирано на 16 јули 2011 г. (PDF-Datei; 1,03 MB)
- ↑ Stadtverwaltung Bad Salzdetfurth: Vorstellung der Ortsteile Архивирано на 12 мај 2015 г., Stichtag: 1. Januar 2014.
- ↑ Climate-data.org: Klimadaten Bad Salzdetfurth
- ↑ Friedrich Kalbus: Sole, Salz und Söder - ein Gang durch die Geschichte von Bad salzdetfurth, p. 55. Bad Salzdetfurth 1961.
- ↑ Results of the elections in May 2014 in Lower Saxony Архивирано на 3 март 2016 г., retrieved November 2014
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Бад Залцдетфурт“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
- Вести од Бад Залцдетфурт
|
|