Прејди на содржината

Келбра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Келбра
Градско собрание
Градско собрание
Градско собрание
Грб на Келбра
Келбра во рамките на Германија
Келбра
Управа
Земја Германија
ПокраинаСаксонија-Анхалт
ОкругМансфелд-Зидхарц
Општ. заед.Голдене Ауе
ГрадоначалникРајнхард Тешке
Основни податоци
Површина41 км2
Надм. височина157 м
Население 3.220 (31 декември 2022)[1]
 - Густина79 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.SGH
Пошт. бр.06537
Повик. бр.034651
Порталwww.kelbra.de
Местоположба на град Келбра во рамките на округот Мансфелд-Зидхарц
Карта
Карта
Координати51°26′N 11°2′E / 51.433°N 11.033°E / 51.433; 11.033

Келбра (германски: Kelbra) — град во округот Мансфелд-Зидхарц, во Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа северно од планините Кифхојзер, околу 20 километри западно од Зангерхаузен и 20 километри источно од Нордхаузен. Келбра е дел од заедницата на општини Голдене Ауе.

Келбра се наоѓа на северните падини на планините Кифхојзер во Голдене Ауе. B 85 сојузниот автопат започнува во соседното село Берга и води низ Келбра преку Кифхојзер до Пасау.

Поради близината на браната Келбра и Кифхојзер, градот е туристички центар, но страда од големиот сообраќај, особено мотоцикли, бидејќи на Кифхојзер започнува привлечна патека.

Близу е пештерата Барбароса и воената панорама во Бад Франкенхаузен. Келбра е добра почетна точка за излети во Харц.

Селата Ситендорф, Тиледа (Кифхојзер) и Тирунген припаѓаат на градот Келбра.

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Келбра е збратимен со англиското село Фрамптон Котерел и германскиот град Бад Залцдетфурт.

  1. ↑ „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)