Турско Село

Координати: 41°8′N 24°4′E / 41.133° СГШ; 24.067° ИГД / 41.133; 24.067
Од Википедија — слободната енциклопедија
Турско Село
Μυλοπόταμος
Турско Село is located in Грција
Турско Село
Турско Село
Местоположба во областа
Турско Село во рамките на Драма (општина)
Турско Село
Местоположба на Турско Село во Општина Драма и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°8′N 24°4′E / 41.133° СГШ; 24.067° ИГД / 41.133; 24.067
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаДрама
Општ. единицаДрама
Надм. вис.&1000000000000004800000048 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно711
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Турско Село (грчки: Μυλοπόταμος, Милопотамос[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 48 километри југоозападно од градот Драма, на надморска височина од 48 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 132 жители Македонци и 40 Турци[3][4].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според грчката статистика од 1913 година, во селото живееле 244 жители, додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 184 луѓе[5].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Милопотамос[6].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле населени 80 грчки бегалски семејства со вкупно 303 луѓе[5]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 475 лица, додека во 1940 година селото броело 777 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 779 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 799 жители, во 1971 година имало 557 жители, во 1981 година имало 676 жители, додека во 1991 година имало 801 жител[5]. Денеска, населението на селото е 711 жители според пописот од 2011 година.

Места во заедницата Турско Село преименувани со службен указ на 13 јануари 1969 година
Име Име Ново име Ново име[7] Опис[8]
Чалилак[8] Τσαλιλίκ Ангатотопос Άγκαθότοπος возвишение на Ј од Турско Село (84,6 m)[8]
Кири Κύρι Воскотопос Ксиропотаму Βοσκότοπος Ξηροποτάμου

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 777 779 799 557 676 801 778 711
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δράνοβον -- Μυλοπόταμος
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 198.
  5. 5,0 5,1 5,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 37.
  6. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. „Διατάγματα. Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 12. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 3): 20. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  8. 8,0 8,1 8,2 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“