Ескиќој

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ескиќој
Νικοτσάρας
Ескиќој is located in Грција
Ескиќој
Ескиќој
Местоположба во областа
Ескиќој is located in Драма (општина)
Ескиќој
Местоположба на Ескиќој во Општина Драма и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°7′N 24°4′E / 41.117° СГШ; 24.067° ИГД / 41.117; 24.067Координати: 41°7′N 24°4′E / 41.117° СГШ; 24.067° ИГД / 41.117; 24.067
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаДрама
Општ. единицаДрама
Надм. вис.&1000000000000008000000080 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно322
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Ескиќој (грчки: Νικοτσάρας, Монастираки[2][3][4]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 51 километри југозападно од градот Драма, на надморска височина од 80 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 250 Турци и 650 жители Македонски муслимани[5][6].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според грчката статистика од 1913 година, селото се споменува како разрушена населба, додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 50 луѓе[7].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било прекрстено во Монастираки[8].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле населени 79 грчки бегалски семејства со вкупно 279 луѓе[7]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 279 лица, додека во 1940 година селото броело 422 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 406 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 400 жител, во 1971 година имало 283 жители, во 1981 година имало 257 жители, додека во 1991 година имало 258 жители[7]. Денеска, населението на селото е 322 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 422 406 400 283 257 258 309 322
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δράνοβον -- Νικοτσάρας
  3. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  4. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  5. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 198.
  7. 7,0 7,1 7,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 25. 
  8. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971