Прејди на содржината

Височани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Височани
Ξηροπόταμος
Височани is located in Грција
Височани
Височани
Местоположба во областа
Височани во рамките на Драма (општина)
Височани
Местоположба на Височани во Општина Драма и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°11′N 24°6′E / 41.183°N 24.100°E / 41.183; 24.100
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски Округ
ОпштинаДрама
Општ. единицаДрама
Надм. вис.&10000000000000255000000255 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно2.554
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Височани или Височан (се среќаваат и Височен и Височени; грчки: Ξηροπόταμος, Ксиропотамос, до 1927 г. Βησωτσάνη, Висоцани[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 8 километри северозападно од градот Драма, на надморска височина од 255 метри.

Историја

[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство

[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската Каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 250 Турци и 1.150 жители Македонци[3][4]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1.840 Македонци, 20 Грци, 36 Власи и 30 Албанци. Освен тоа, во селото работеле македонско и грчко училиште[3][5].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Ликостомо[6].

Демографија

[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било мешано си 396 жители бегалци. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 1925 лица, додека во 1940 година селото броело 2568 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 2677 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 3051 жител, во 1971 година имало 2023 жители, во 1981 година имало 2381 жител, додека во 1991 година имало 2401 жител[7]. Денеска, населението на селото е 2554 жители според пописот од 2011 година.

Места во заедницата Височани преименувани со службен указ на 13 јануари 1969 година
ИмеИмеНово имеНово име[8]Опис[9]
Какавеџик[9]ΚακαβιεζίκМонодендриΜονοδένδριмесност на Ј од Височани[9]
Чирепе[9]ΤσιρεπέПотистраΠοτίστραмесност на Ј од Височани[9]
Калут[9]ΚαλούτРема Агиу КонстантинуΡέμα 'Αγίου Κωνσταντίνουрека на ЈИ од Височани[9]
Ќор Бунар[9]Κιόρ ΜπουνάρКсироврисиΞηρόβρυσηизвор на ЈИ од Височани на река Калут[9]
Карандилак[9]ΚαραντιλίκСпилиесΣπηλιέςмесност на ЈЗ од Височани[9]
Бабамур[9]ΜπαμπαμούρПеристераΠεριστέραмесност на ЈИ од Височани[9]
Пасково[9]ΠάσκοβοПигадиΠηγάδιизвор на З од Височани[9]
Кујњарник[9]ΚουϊνιάρνικСтанесΣτάνεςвозвишение на Боздаг на З од Височани (541,4 m)[9]
Сик Прнар[9]Σίκ ΠουρνάρПурнаријаΠουρνάριαврв на Боздаг на СЗ од Височани[9]
Бабин Дол[9]ΜπαμπιντόλРема Михаил АргангелуΡέμα Μιχαήλ Αρχαγγέλουрека на Боздаг на С од Височани[9]
РакстулеΡαξτοϋλεКсироремаΞηρόρρεμαрека
Рачан[9]ΡακτσάνКоцифоремаΚοτσυφόρρεμαрека на И од Височани[9]
Каинлак[9]ΚαλενίκИпсома МаврудиΎψωμα Μαυρουδήврв на Боздаг на С од Височани (1465 m)[9]
СивекΣίβεκИтиесΙτιές
Чернок[9]ΤσερνόκιМаври КорифиΜαύρη Κορυφήврв на Боздаг на С од Височани (1132,9 m)[9]
Голак[9]ΓκολάκιГимноΓυμνόврв на Боздаг на С од Височани (1051 m)[9]
Чалелик[9]ΤσαλεκίκАнгатотонΆγκαθωτόνмесност на Боздаг на СИ од Височани[9]
ПаланкарΠαλαγκάρХионисмениΧιονισμένη
Дупал[9]ΝτούπαλТрипесΤρύπεςмесност на Боздаг на С од Височани[9]
Перис[9]ΠέριςИпсома ЕлевтеријадиΎψωμα Έλευθεριάδηврв на Боздаг на СИ од Височани (1143 m)[9]
Патрик Дере[9]Πατρίκ ΝτερέФидосермаΦιδόσερμαрека на Боздаг на СЗ од Височани[9]
Гелем Дере[9]Γκελέμ ΝτερέРема НимфонΡέμα Νυμφώνрека на И од Височани (Дабладџик или Блацишта)[9]
Герколаки[9]ΓκερκολάκιАфтиΆφτίмесност на Боздаг на С од Височани[9]
Пилаф Дере ТепеΠιλάφ Ντερέ ΤεπέСтронгилиΣτρογγυλήрека на Боздаг на СЗ од Височани[9]
Мешелик[9]ΜεσελίκДриодасосΔρυόδασοςмесност на Боздаг на С од Височани[9]
Гатишта[9]ΓκατίσταПеривлептонΠερίβλεπτονврв на Боздаг на С од Височани (996,3 m)[9]
КаинтлакΚαϊντλίκОксиесΌξυές
Дуз КиранΝτούζ ΚιράνЛевендикоΛεβέντικο
Тикалница[9]ΤικαλνίτσαСтронгилонΣτρογγυλόνврв на Боздаг на С од Височани (2020 m)[9]

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 2568 2677 3051 2023 2381 2401 2601 2554
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βησωτσάνη -- Ξηροπόταμος
  3. 1 2 Како што е општопознато, Македонците во отоманскиот период од различни автори, но особено во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 198.
  5. ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 204-205.
  6. ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 2.
  8. ↑ „Διατάγματα. Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 12. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 3): 20. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  9. 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“