Љубан

Координати: 41°25′N 24°16′E / 41.417° СГШ; 24.267° ИГД / 41.417; 24.267
Од Википедија — слободната енциклопедија
Љубан
Σκαλωτή
Љубан is located in Грција
Љубан
Љубан
Местоположба во областа
Љубан во рамките на Драма (општина)
Љубан
Местоположба на Љубан во Општина Драма и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°25′N 24°16′E / 41.417° СГШ; 24.267° ИГД / 41.417; 24.267
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаДрама
Општ. единицаОсеница
Надм. вис.&10000000000000940000000940 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно102
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Љубан или Либан (грчки: Σκαλωτή, Скалоти[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 48 километри северно од градот Драма, на надморска височина од 940 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Љубан се состоел од 70 семејства и 180 жители македонски муслимани[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 400 македонски муслимани[5].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според грчката статистика од 1913 година, во селото живееле 609 жители, додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 423 луѓе[6].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Скалоти[7].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле населени 26 грчки бегалски семејства со вкупно 125 луѓе[6]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 125 лица, додека во 1940 година селото броело 276 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 179 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 219 жители, во 1971 година имало 77 жители, во 1981 година имало 60 жители, додека во 1991 година имало 131 жител[6]. На поисот од 2001 година се забележани 84 жители, за во 2011 година да се накачат на 102 24 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 276 179 219 77 60 131 84 102
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δράνοβον -- Σκαλωτή
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 132-133.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 196.
  6. 6,0 6,1 6,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 42.
  7. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.