Ени Чифлик (Драмско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ени Чифлик
Νέα Σεβάστεια
Ени Чифлик is located in Грција
Ени Чифлик
Ени Чифлик
Координати: 41°7′N 24°7′E / 41.117° СГШ; 24.117° ИГД / 41.117; 24.117Координати: 41°7′N 24°7′E / 41.117° СГШ; 24.117° ИГД / 41.117; 24.117
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаДрама
Општ. единицаДрама
Надм. вис.&1000000000000004100000041 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно518
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Ени Чифлик (грчки: Νέα Σεβάστεια, Неа Севастија[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 39 километри југозападно од градот Драма, на надморска височина од 41 метар.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 150 Турци и 150 жители Македонци[3][4].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, селото не е евидентирано.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било прекрстено во Неа Севастија[5].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле населени 64 грчки бегалски семејства со вкупно 230 луѓе.[6]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 309 лица, додека во 1940 година селото броело 520 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 615 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 645 жител, во 1971 година имало 429 жители, во 1981 година имало 490 жители, додека во 1991 година имало 469 жители[7]. Денеска, населението на селото е 518 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 520 615 645 429 490 469 480 518
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија


Наводи[уреди | уреди извор]