Османица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Османица
Καλός Αγρός
Османица is located in Грција
Османица
Османица
Местоположба во областа
Османица во рамките на Драма (општина)
Османица
Местоположба на Османица во Општина Драма и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°6′N 24°4′E / 41.100° СГШ; 24.067° ИГД / 41.100; 24.067Координати: 41°6′N 24°4′E / 41.100° СГШ; 24.067° ИГД / 41.100; 24.067
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаДрама
Општ. единицаДрама
Надм. вис.&1000000000000007000000070 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.178
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Османица (грчки: Καλός Αγρός, Калос Агрос[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 43 километри југозападно од градот Драма, на надморска височина од 70 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство.

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според грчката статистика од 1913 година, селото не е евидентирано, додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 226 луѓе[3].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција.

Во 1927 година, селото било преименувано во Калос Агрос[4].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле населени 266 грчки бегалски семејства со вкупно 1074 луѓе[3]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 1074 лица, додека во 1940 година селото броело 1367 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 1509 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 915 жители, во 1981 година имало 1142 жители, додека во 1991 година имало 1016 жители[3]. Денеска, населението на селото 1178 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1367 1509 915 1142 1016 1216 1178
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δράνοβον -- Καλός Αγρός
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 48.
  4. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.