Дреново (Драмско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дреново
Μοναστηράκι
Дреново is located in Грција
Дреново
Дреново
Местоположба во областа
Дреново is located in Драма (општина)
Дреново
Местоположба на Дреново во Општина Драма и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°11′N 24°10′E / 41.183° СГШ; 24.167° ИГД / 41.183; 24.167Координати: 41°11′N 24°10′E / 41.183° СГШ; 24.167° ИГД / 41.183; 24.167
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаДрама
Општ. единицаДрама
Надм. вис.&10000000000000330000000330 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно785
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Дреново или Драново (грчки: Μοναστηράκι, Монастираки[2][3][4]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 38 километри југозападно од градот Драма, на надморска височина од 330 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 220 Турци и 330 жители Македонци[5][6]. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 688 македонски гркомани. Освен тоа, во селото работело и грчко училиште[5][7].

Грција[уреди | уреди извор]

По започнувањето на Балканските војни, од селото како доброволци учествувале две лица во Македонско-одринските доброволни чети[8]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според грчката статистика од 1913 година, во селото живееле 612 лица.[9]

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било прекрстено во Монастираки[10].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле населени 24 грчки бегалски семејства со вкупно 109 луѓе[4]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 676 лица, додека во 1940 година селото броело 707 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 676 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 718 жител, во 1971 година имало 647 жители, во 1981 година имало 670 жители, додека во 1991 година имало 710 жители[11]. Денеска, населението на селото е 785 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 707 676 718 647 670 710 781 785
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δράνοβον -- Μοναστηράκι
  3. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  4. 4,0 4,1 Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  5. 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 198.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 204-205.
  8. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр.835.
  9. Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 - Μακεδονία“. Архивирано од изворникот на 2012-07-31. конс. 2009-05-04. 
  10. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  11. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 22.