Равика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Равика
Καλλίφυτος
Равика is located in Грција
Равика
Равика
Местоположба во областа
Равика во рамките на Драма (општина)
Равика
Местоположба на Равика во Општина Драма и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°10′N 24°13′E / 41.167° СГШ; 24.217° ИГД / 41.167; 24.217Координати: 41°10′N 24°13′E / 41.167° СГШ; 24.217° ИГД / 41.167; 24.217
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаДрама
Општ. единицаДрама
Надм. вис.&10000000000000154000000154 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.282
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Равика (грчки: Καλλίφυτος, Калифитос[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 32 километри југозападно од градот Драма, на надморска височина од 154 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1050 жители Македонски муслимани[3][4].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според грчката статистика од 1913 година, во селото живееле 1800 жители, додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 1640 луѓе[5].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Калифитос[6].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле населени 408 грчки бегалски семејства со вкупно 2670 луѓе[5]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 2670 лица, додека во 1940 година селото броело 3186 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 2698 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 2357 жители, во 1971 година имало 1780 жители, во 1981 година имало 1099 жители, додека во 1991 година имало 1033 жители[5]. Денеска, населението на селото е 1282 според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 3186 2698 2357 1780 1099 1033 1083 1282
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δράνοβον -- Καλλίφυτος
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 198.
  5. 5,0 5,1 5,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 53.
  6. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.