Споменик на Караѓорѓе (Белград)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Споменикот на Караѓорѓе на висорамнината Врачар, со црквата „Св. Сава“ зад себе.

Споменик на Караѓорѓе (српски: Споменик Карађорђу) ― еден од двата споменици во Белград, главниот град на Србија. Постариот бил изграден во 1913 година во делот Голем Калемегдан на Белградската тврдина и урната од окупаторските австроунгарски сили во 1916 година за време на Првата светска војна. Сегашниот споменик е посветен во 1979 година на висорамнината Врачар.[1]

Предлог од 1857 година[уреди | уреди извор]

Идејата за споменикот на Караѓорѓе, водач на Првото српско востание од 1804 до 1813 година, за прв пат се појавила во 1853 година. Во тоа време, автономна Србија била управувана од династијата Караѓорѓевиќи. Предложената местоположба била Теразије, средишниот градски плоштад. Првиот службен предлог дошол во 1857 година, од Тома Вучиќ Перишиќ, еден од водачите на уставобранителите. Иако споменикот на речиси митскиот јунак требал да ја хомогенизира нацијата по вековната отоманска окупација, како еден од најмоќните луѓе во државата во тоа време, Вучиќ Перишиќ не бил многу заинтересиран да ја слави владејачката династија, бидејќи тековниот кнез Александар Караѓорѓевиќ бил свечен владетел. Идејата за споменикот бил да биде симбол и јасна порака до прогонетиот владејачки кнез Милош Обреновиќ (кој го организираше убиството на Караѓорѓе во 1817 година), од спротивставената династија Обреновиќи која била заменета со династијата Караѓорѓевиќи во 1842 година.[1][2]

Иако отоманската администрација над Србија во тоа време била ограничена, таа сепак била доволно силна за да ја спречи изградбата на споменикот. Тие не можеле да дозволат споменик на лутиот непријател на нивната империја. По Свети Андрејското собрание во 1858–1859 година, детронизираниот Милош Обреновиќ бил вратен на власт и идејата за подигање споменик на Караѓорѓе била напуштена.[1]

Споменик од 1913 година[уреди | уреди извор]

Ѓорѓе Петровиќ „Караѓорѓе“ (1768–1817), водач на Првото српско востание од 1804 до 1813 година и родоначалник на династијата Караѓорѓевиќи која владеела со Србијаи Југославија 1842–1858 и 1903–19

Во 1903 година на престолот повторно дошла династијата Караѓорѓевиќи. Била обновена е глорификацијата на Караѓорѓе и повторно се појави идејата за споменикот бидејќи, овој пат, Србија била независна држава за да може да биде изграден споменикот. Споменикот бил замислен како силна пропагандна и реторичка алатка за новообновената династија. Пропагандата била потребна и поради трагичната појава со која била отстранета династијата Обреновиќи (крвавиот Мајски пуч), и поради решителниот судир со остатоците од Отоманската Империја на Балканот.[1]

Министерството за војна го објавила конкурсот за дизајн на споменикот на 21 септември 1908 година. Избраната местоположба бил делот Голем Калемегдан во паркот Калемегдан, во Белградската тврдина. Предлозите предвидувале дека уметниците мора да бидат од Србија, тој споменик да биде во директна военоисториска насока и дека изгледот на Караѓорѓе мора да биде пожив и поимпозантен од околните фигури. Изложба на применети дизајни била организирана во април 1909 година. Првата награда му припаднала на уметникот Пашко Вучетиќ. Ова не било големо изненадување, бидејќи Вучетиќ бил еден вид кралски сликар, кој веќе направил два портрети на кралот Петар I, што било сметано за голема привилегија.[1][2][3]

Од овој момент, следела една од „најгорчливите уметнички полемики во нашето општество“. „Вечерње новости“ напишале дека моделот на Вучетиќ е всушност „парче одвоена карпа“. Историчарот на уметност Владимир Петковиќ бил еден од главните противници на проектот. Поетот и дипломат Јован Дучиќ го пофалил дизајнот, велејќи дека „зрачи со промисленост“. Сепак, по откривањето на споменикот, тој малку го изменил ставот.[1] Постаментот бил извајан во Белград, додека бронзените делови од композицијата биле излеани во Рим.[3]

Споменикот бил посветен на 24 август [ст. ст. 11 август] 1913 година, во знак на сеќавање на враќањето на српската војска од Балканските војни . На посветувањето присуствувале членовите на кралското семејство, меѓу кои и кралот Петар I, внукот на Караѓорѓе. Еден од весниците дал подробен осврт на споменикот: „Неколку војници од Првото српско востание се качуваат нагоре. Еден од нив зема во раце бебе кое му го дале селанките, можеби неговата сопруга. Да го бакне бебето за последен пат во животот. Стариот гуслар полека оди по бунтовниците, кој ќе го поттикне духот на српските одмаздници во лиснатите шуми. Горе е Караѓорѓе. Од неговата една страна се сабјата и пушката, додека од другата е самовила со знамето и венецот“.[1][4][5]

Според извештаите на весникот од настанот, откако кралот го отстранил белиот чаршав на откривањето на споменикот, толпата молчела, со повремени шепотење, што било пријавено како големо несакање на дизајнот. Полемиките за споменикот дури се интензивирале по посветувањето, овојпат доминантно негативни. Моша Пијаде, ученик на Вучетиќ, бил еден од главните приговарачи („бронзена гнасотија, срамота за Србија што треба да се урната со казма“). Јавноста сметала дека изгледот на Караѓорѓе не е доволно јуначки, дека не наликува на жестокиот бунтовник и со неприроден израз на лицето, додека некои отворено повикувале да биде урнат „крпениот“ споменик. Авторот Бранислав Нушиќ бил член на Одборот за изградба на споменикот. Кога на церемонијата на откривање беше прашан од принцот Ѓорѓе, најстариот син на кралот, што мисли за споменикот сега, Нушиќ одговорил дека сега се моли да биде член на Одборот за уривање. Додека принцот и неговата придружба гласно се смееле, новинарите заклучиле дека ниту кралското семејство не е задоволно со споменикот. Споменикот му се допаднал на писателот и новинар Драгутин Илиќ, кој композицијата ја нарекол поетска.[1][3]

За време на австроунгарската окупација на Белград во Првата светска војна, Австроунгарците планирале да го подигнат бронзениот споменик на нивниот император Франц Јозеф I на самото место на споменикот на Караѓорѓе. Во 1916 година тие го демонтирале споменикот, тврдејќи дека бил оштетен во борби. Потоа го стопиле за повторно да ја искористат бронзата. Кога масивниот споменик на Франц Јозеф бил испорачан во Белград во 1918 година, српските сили го зазеле бродот и ја конфискувале статуата. Подоцна тој бил претопен во три црковни ѕвона, од кои најголемите од камбанаријата на црквата Ружица, во рамките на тврдината.[1][2][4][5]

Споменикот бил толку несакан што никогаш не бил реконструиран. Наместо тоа, на неговата местоположба, на 11 ноември 1930 година, бил посветен Споменикот на благодарноста на Франција. Единствениот преостанат дел од споменичкиот комплекс е фигурата на стариот гуслар. Исклучително е сочуван, па градските власти одлучиле да го вратат во Калемегдан и да го постават во близина на Споменикот на благодарноста кон Франција и неговата претходна местоположба, до крајот на 2019 година.[1][3][4][5] Археологот и истражувач на белградската тврдина Марко Поповиќ предложил враќање на фигурата на гусларот уште во 2000 година. Како осамена скулптура „Слеп Гуслар“, таа била свечено поставена блиску до првобитната местоположба на споменикот на 11 ноември 2020 година. Бронзената статуа е 2 м висока и стои на камен пиедестал висок 40 цм. Малку помали интервенции морале да бидат направени од вајарот Зоран Кузмановиќ. Тие вклучуваат преобликување на делови од малиот прст на гусларот, бастумот и гуслата.[6][7]

Споменик од 1979 година[уреди | уреди извор]

Споменик на Караѓорѓе во облачното зајдисонце.

Социјалистичкиот сојуз на Србија заклучил дека споменикот на Караѓорѓе треба да биде подигнат некаде во градот. Од Синдикатот не разговараат за подробности, но одлуката ја пренеле до Градското собрание на Белград. Ниту државата доделила средства, ниту Град Белград имале пари бидејќи споменикот не бил планиран. Градскиот Завод за заштита на спомениците на културата ја избрал местоположбата, мала тумба на врвот на висорамнината Врачар. Тие решиле да ја користат веќе постоечката скулптура од Сретен Стојановиќ, кој починал во 1960 година. Скулптурата со децении била чувана окована во јагленовата визба на леарницата „Пластика“, а семејството на Стојановиќ, решило да му ја подари скулптурата на градот. Статуата е излеана во постапката на лиење со изгубен восок (т.н. cire perdue)[8][9]

Град Белград потоа го организирал брунирањето на статуата, основањето на тумбата и поставувањето на вертикалната основа, наоѓање спонзори за работите. Гранитниот постамент се покажал како проблем. Плоча со големината и квалитетот предвиден со дизајнот, не можела да биде најдена во Југославија, ниту пак да биде произведена за толку краток временски период. На крајот неволно бил избран помалиот постамент од каменот од планината Венчац кај Аранѓеловац. Архитектот Зоран Јаковљевиќ го проектирал дизајнот на постаментот.[8]

Споменикот е посветен во 1979 година. Бронзениот споменик е 3,2 м висок. Се наоѓа на врвот на тумбата. Со текот на времето, тој станал еден од најпрепознатливите споменици во Белград, особено кога работите на црквата „Св. Сава“ напредувале и платото било архитектонски уредено, но и поради неговиот монументален изглед издигнат од околниот терен.[1]

Споменикот се наоѓа на раскрсницата на булеварот „Ослободување“, улиците „Небојшина“ и „Крушедолска“. Зад (односно, источно) од споменикот се наоѓа црквата „Св. Сава“, која е поврзана со споменикот преку платото во стилот на паркот и фонтаните. На југ е Националната библиотека на Србија. Преку улицата „Небојшина“ се наоѓа најсеверниот врв на Караѓорѓевиот парк, додека понатаму преку булеварот е паркот „Милутин Миланковиќ“ кој е посветен на Милутин Миланковиќ.[10][11]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 Goran Vesić (25 октомври 2019). Споменик вожду Карађорђу [Споменик на водачот Караѓорѓе]. Политика (српски). стр. 14.
  2. 2,0 2,1 2,2 Zoran Nikolić (5 септември 2013). „Beogradske priče: Neobična sudbina spomenika na Kalemegdanu“ [Белградски приказни: Необична судбина на споменикот на Калемегдан]. Вечерње новости (српски).
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Vanja Mlađenović. „Omraženi spomenik Karađorđu na Kalemegdanu“ [Омразениот споменик на Караѓорѓе на Калемегдан] (српски). 011 info.
  4. 4,0 4,1 4,2 Dragan Perić (18 февруари 2018). „Политикин времеплов: Калемегдански цветњак за Карађорђа“ [Politika's chronicle: Kalemegdan's flower garden for Karađorđe]. Политика-Магазин (српски) (1064). стр. 28.
  5. 5,0 5,1 5,2 Dimitrije Bukvić (29 декември 2011), „Kameni "mesojedi" ispod Kalemegdana“, Политика (српски) Занемарен непознатиот параметар |trans_title= (help)
  6. "Slepi guslar" se vraća na Kalemegdan“ [„Слеп гуслар“ се враќа на Калемегдан]. Политика (српски). 10 ноември 2020. стр. 15.
  7. Dejan Aleksić (12 ноември 2020). Слепи гуслар враћен на тврђаву [Слеп гуслар вратен на тврдината]. Политика (српски). стр. 15.
  8. 8,0 8,1 Branko Radivojević (1 ноември 2019). „Spomenik voždu Karađorđu poklon Beogradu“ [Споменик на водачот Караѓорѓе подарок на Белград]. Политика (српски). стр. 23.
  9. Dragan Kragić (11 ноември 2019). Утамничени вожд [Затворен водач]. Политика (српски).
  10. Tamara Marinković-Radošević (2007). Beograd - plan i vodič. Belgrade: Geokarta. ISBN 978-86-459-0297-2.
  11. Beograd - plan grada. Smedrevska Palanka: M@gic M@p. 2006. ISBN 86-83501-53-1.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

44°47′54″N 20°28′00″E / 44.79836° СГШ; 20.46653° ИГД / 44.79836; 20.46653