Казма

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Каз(и)ма
МестоКувајт
ОбластИсточна Арабија
Координати29°23′34″ N; 47°40′17″ E / 29.392881° СГШ; 47.671255° ИГД / 29.392881; 47.671255Координати: 29°23′34″ N; 47°40′17″ E / 29.392881° СГШ; 47.671255° ИГД / 29.392881; 47.671255(приближно)

Казма ― стар град во Кувајт. Се наоѓа во гувернатството Ал Џахра, 40 км северно од градот Кувајт, главниот град на Кувајт. Тој е древен град со долга историја, познат на Персијците и Арапите уште од сасанидските, џахилиските и раните исламски времиња.

Во 633 н.е., Битката на Синџирите помеѓу Сасанидската Империја и Праведниот (Рашидунски) Калифат била водена во Кувајт во близина на Казма.[1][2] Во тоа време, Кувајт бил под контрола на Сасанидската Империја. Битката кај Синџирите била првата битка на Праведниот Калифат во која муслиманската војска се обидела да ги прошири своите граници.

Како резултат на калифатската победа во 633 н.е., заливот Кувајт бил дом на градот Казма (исто така познат како „Кадима“ или „Казима“) во раната исламска ера.[2][3] [4][5][6][7] [8] Средновековните арапски извори содржат повеќекратни наводи за заливот Кувајт во раниот исламски период.[7][8][9] Градот функционирал како трговско пристаниште и место за одмор за аџиите на пат од денешен Ирак до Хеџаз. Градот бил контролиран од кралството Ал-Хира во Ирак.[7][10][11] Во раниот исламски период, заливот Кувајт бил познат по тоа што бил плодна област.[2][12][13]

Кувајтскиот град Казма бил станица за карваните кои доаѓале од Персија и Месопотамија на пат кон Арапскиот Полуостров. Поетот Ал-Фараздак бил роден во кувајтскиот град Казма.[14] Ал-Фараздак е препознаен како еден од најголемите класични поети на Арапите.[14]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kurt Ray (2003). A Historical Atlas of Kuwait. The Rosen Publishing Group, Inc. стр. 10. ISBN 9780823939817.
  2. 2,0 2,1 2,2 Dipiazza, Francesca Davis (2008). Kuwait in Pictures. Francesca Davis DiPiazza. стр. 20–21. ISBN 9780822565895.
  3. Brian Ulrich. „Kāzimah remembered: historical traditions of an early Islamic settlement by Kuwait Bay“. British Museum, Seminar for Arabian Studies. Наводот journal бара |journal= (help)
  4. Kennet, Derek. „Investigating an Early Islamic Landscape on Kuwait Bay: the archaeology of historical Kadhima“. Durham University. Наводот journal бара |journal= (help)
  5. Maguer-Gillon, Sterenn Le; Ulrich, Brian; Kennet, Derek. „Kadhima: Kuwait in the early centuries of Islam“. academia.edu. Наводот journal бара |journal= (help)
  6. „The Soft stone from Kadhima: evidence for trade connections and domestic activities“. Kuwait NCCAL, Durham University.
  7. 7,0 7,1 7,2 Brian Ulrich. „From Iraq to the Hijaz in the Early Islamic Period: History and Archaeology of the Basran Hajj Road and the Way(s) through Kuwait“. The Hajj: Collected Essays, ed. Venetia Porter and Liana Saif.
  8. 8,0 8,1 Kennet, Derek; Blair, Andrew; Ulrich, Brian; Al-Duwīsh, Sultan M. (2011). „The Kadhima Project: investigating an Early Islamic settlement and landscape on Kuwait Bay“. Proceedings of the Seminar for Arabian Studies. jstor.org. 41: 161–172. JSTOR 41622130.
  9. „Kāzimah“. academia.edu.
  10. Proceedings of the Seminar for Arabian Studies Volumes 9–12. 1979. стр. 53. Although the town of al-Hira might have been too far northward to be considered a part of Eastern Arabia it is dealt with here as such because the kingdom of al- Hira controlled Kazima (Kuwait).
  11. „New field work at Kadhima (Kuwait) and the archaeology of the Early Islamic period in Eastern Arabia“. SOA.
  12. „Culture in rehabilitation: from competency to proficiency“. Jeffrey L. Crabtree, Abdul Matin Royeen. 2006. стр. 194. During the early Islamic period, Kazima had become a very famous fertile area and served as a trading stations for travelers in the region.
  13. „Kadhima : an Early Islamic settlement and landscape on Kuwait Bay“. Durham University. Архивирано од изворникот на 19 октомври 2013. Посетено на 13 декември 2021.
  14. 14,0 14,1 „Farazdaq center lauds Info. Min. care for youth“. Кувајтска новинска агенција. 22 мај 2014.