Плуг
Плуг e вид на алатка која се користи за орање на земјата. Главни негови делови се лимеш или рало кои служат за хоризонтално сечење на браздите, како и за вертикално сечење на браздите, односно за превртување на мелените жлебови. Постојат различни врсти на плугови, од кои најчест е рален плуг. Ралото најдолго се задржало во планинските и ридските предели поради карактеристиките на самата планинска почва - плиток слој на земја. Ралото плитко ора и има една рачка со која лесно се регулира аголот под кој се обработува земјата. Ралото е влеча за два вола. Покрај ралните постојат и: дискосни (работен дел е дискот), чиниест (работен дел е чинијата), чизел плугови (работен дел во облик на мотика). Во случај на извесна длабочина постои водонопропусен слој пред орањето (или заедно со него) каде се врши подривање на различични видови.
Историја[уреди | уреди извор]
Плугот се развил уште за време на рачното рало и мотиката во периодот на неолитот на подрачјето на Месопотамија. Пред 2000 години пне. се употребувал во северна Италија и јужна Шведска, а пред 1000 години пне.се користел на целото подрачје на Средоземие, во источна Европа како и во Кина. Америка, јужна Африка, Австралија i Океанија не го познавале плугот сè до европската колонизација. Првите плугови биле направени од дрво, за влечење на стока , вол, бивол, камила, коњ итн. Со нив можело да се ора само доколку земјата била низинска, бидејќи тие биле нежни и кревки. Иако веќе античките народи ги врзувале плуговите, дури во 18- от век е деносен знатен напредок во модернизацијата и неговата конструкција. Поедини делови се заменуваат со делови од ковано железо. Во 19- от век преовладуваат челични плугови за фабричко производство, кај кој за влеча се употребувале машини. Денес се изработуваат еднобразни, двобразни, и повеќе бразни плугови, кои воглавно се користат на тракторско влечење.
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Оруђа за рад (зајечарски крај), Гласник Етнографског музеја у Београду књ. 42, Душан Масловарић
- Народна (традиционална) земљорадња у пределу висок (пиротски крај), Велибор Стојаковић, 2010.
- Средњевековни налази раоника и прикази рала на дечанским фрескама, Весна Р. Манојловић Николић, Филозофски факултет – Одсек за историју, Универзитет у Новом Саду, 2011
- Ploughing In Medieval Times On The Territory of Present-Day Serbia, Nemanja Marković and Jelena Bulatović, Institute of Archaeology, Belgrade, 2013.
![]() |
„Плуг“ на Ризницата ? |