Редосеалка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Редосеалка — земјоделска машина која се користи за сеење во изорани редови и леи како и за садење и пресадување садници во земја. Се користи за садење на груткасти и репкасти растенија (пр. компир), главчести (чешнести) растенија (пр. лале), семиња (зелка, целер, тутун, ориз) и садници на млади дрвја. Редосеалката е специјално дизајнирана и е опремена со цилиндри за производство на бразди, еден или повеќе (конусни или цилиндрични) полначи (комори) во кои стојат и од кои се испуштаат и посејуваат семенските материјали, како и со тркала, кои може да се од рапаво железо за дополнително да ја разронат земјата и затрупаат семето. Се прикачува и е влечена од трактор. Постојат повеќе видови на редосеалки во зависност од семето кое што се сее: редосеалка за жито - пченица и јачмен, редосеалка за ориз, редосеалка за пченка, редосеалка за ситни семиња итн. Употребата на редосеалката е многу важна и значајна бидејќи го намалува времето потребно за сеење зрна и садење на садници, во споредба со рачното сеење и пресадување, со што се овозможува повеќе време за берба. Исто така ја намалува употребата на рачна енергија, со што овозможува сеење на многу поголеми површини наеднаш и за пократко време.

Галерија[уреди | уреди извор]