Вера Рафајловска: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с r2.7.1) (Робот: Додава bg:Вера Рафайловска
Ред 17: Ред 17:
[[Категорија:Политичари од НСДП]]
[[Категорија:Политичари од НСДП]]


[[bg:Вера Рафайловска]]
[[sr:Вера Рафајловска]]
[[sr:Вера Рафајловска]]

Преработка од 22:45, 11 мај 2012

Вера Рафајловска (родена на 25 февруари 1947 година) е поранешен министер за економија од август 2006 до јануари 2008 година. Експерт е за даноци, сметководство, финансии и ревизија.

Дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот Свети Климент Охридски. До изборот за министер работи како директор-партнер, овластен ревизор и овластен проценител во Рафајловски консалтинг ДОО-Скопје, каде е и главен и одговорен уредник на Репрезент и Даночен практикум, списание за сметководство, финансии, ревизија и даноци.

Од 1991-1998 година била заменик директор и партнер во Центарот за економско-правен консалтинг В&Ф, Скопје, каде била главен и одговорен уредник на стручното списание Економско правен советник и работела како презентер на семинари. Во својата професионална кариера била заменик директор во Економски центар од Скопје и советник за економски прашања на генералниот директор во ЈП Комуналец.

Рафајловска е автор и коавтор на повеќе написи во стручни списанија и специјализирани изданија од областа на сметководството, даноците и од областа на практичната примена на меѓународните сметководствени стандарди.

Во моментов е претседател на Македонската асоцијација на сметководители и финансиери. Зборува француски, словенечки, српски, хрватски и бугарски јазик.