Отуње

Координати: 42°3′28″N 21°3′0″E / 42.05778° СГШ; 21.05000° ИГД / 42.05778; 21.05000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 12:27, 17 февруари 2021; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (→‎Демографија: Замена на помешани латинични букви меѓу кириличните, replaced: Етнографиja → Етнографија)
Отуње
Отуње во рамките на Македонија
Отуње
Местоположба на Отуње во Македонија
Отуње на карта

Карта

Координати 42°3′28″N 21°3′0″E / 42.05778° СГШ; 21.05000° ИГД / 42.05778; 21.05000
Општина Тетово
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 28055
Надм. вис. 449 м
Отуње на општинската карта

Атарот на Отуње во рамките на општината
Отуње на Ризницата

Отуње — село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба

Историја

Според турски документи од 1628 година село Хотујне се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 16 христијански семејства.

Стопанство

Демографија

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Отуње живееле 220 жители, сите Македонци.[2]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Отуње имало 240 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Спорец Афанасиј Селишчев во 1929 година, Отуниште било село во Теарска општина и имало 65 куќи со 480 жители, Македонци и Албанци.[4]

Селото е наполно иселено по 1981 година, кога броело само 10 жители, сите Македонци.[5]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[6]

Година 1900 1905 1929 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 220[2] 240[3] 480[4] 193 177 78 29 10

Родови

Отуње е македонско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Јанкуловци или Клаковци (7 к.) староседелци. Имаат иселеници во Скопје (две семејства), Белград (едно семејство), Софија (две семејства) и во Пловдив (четири семејства);
  • Илиновци (8 к.) доселени се од сега албанското село Орашко Градиште во клисурата на Вардар. Имаат иселеници во Лешок (Пејчиновци или Поповци) и на други места;
  • Петковци (5 к.) исто потекло како претходниот род;
  • Шурновци или Поројчанци (11 к.) доселени се од сега албанското село Порој. Имаат иселеници во Тетово (четири семејства), Скопје (четири семејства) и во Софија (две семејства).[7]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

  • Борис Марков (р, 1923) - македонски славист и универзитетски професор

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.210.
  3. 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.122-123.
  4. 4,0 4,1 Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.22.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  7. Ф., Трифуноски, Јован (1976). Полог : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. OCLC 5846115.
  8. „Црквите и манастирите во Тетовското Архиерејско Наместништво“. Архиерејско намесништво Тетово. Посетено на 2010-04-29.

Надворешни врски