Борис Марков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Борис Марков (Отуње, Тетовско, 1923) е македонски славист, универзитетски професор на Филозофскиот и Филолошкиот факултет во Скопје по граматика и историја на рускиот јазик[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Марков е роден во тетовското село Отуње во 1923 година. Тој бил долгогодишен шеф на Катедрата за славистика и декан на Филолошкиот факултет (19831985). Во 1960 година ја одбранил докторската дисертација „Продуктивни именски наставки во македонскиот јазик“.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Автор е на околу 200 научни трудови за зборообразувањето и лексиката на македонскиот и рускиот јазик во споредба со други словенски и балкански јазици, како и на книгата „Образување на придавките во македонскиот јазик“ (1988).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (на македонски) Македонска енциклопедија. II (прво издание). МАНУ. ISBN 978-608-203-024-2.