Ополе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ополе
Град
Montages of Opole, Poland 2014.jpg
Знаме на Ополе
Знаме
Грб на Ополе
Грб
Ополе се наоѓа во Полска
Ополе
Местоположба во Полска
Координати: 50°40′ СГШ 17°56′ ИГД / 
Држава  Полска
Војводство Ополско
Повијат Ополски повијат
Градски права од 1217 г.
Управа
 • Градоначалник Аркадиуж Вишневски
Површина
 • Град 96,55 км2
Надм. вис. 176 м
Население (31.12.2014)
 • Град 119.574
 • Густина 1.238/km2
 • Метро 267.000
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Поштенски код 45-001 до 45-910
Повик. бр. +48 077
Регис. таблички OP
Мреж. место http://www.opole.pl

Ополе (германски: Oppeln, шлезиски германски: Uppeln, шлезиски: Uopole — град кој се наоѓа во јужна Полска на реката Одра. Со население од 119,574 (декември 2014), тој е административен центар на Ополското војводство и исто така седиште на Ополскиот повијат.

Со долгата историја која датира од 9. век, Ополе се смета за еден од најстарите градови во Полска. Потеклото на првите населби се поврзува со 1217 година, кога градот се здобил со градски права од Казимир I Ополски,[1] внукот на полскиот кнез Болеслав III Пјаст. Во текот на средниот век и ренесансата градот бил познат како центар на трговијата поради својата местоположба на пресекот на неколку главни трговски патишта, што му помогнало да собере стабилен профит од транзит на трговија. Брзиот развој на градот исто така бил предизвикан со основањето на регенско седиште во Ополе во 1816 година. Првата железничка врска помеѓу Ополе, Бжег и Вроцлав била отворена во 1843 година, а првите вистински фабрики за производство биле изградени во 1859 година, кои во голема мера придонеле за негово регионално значење.[2]

Во текот на своето постоење Ополе припаѓал на Полска, Бохемија, Прусија и Германија. Пред втората светска војна градот се наоѓал во источна Германија и бил еден од најголемите центри во кој живеело полско малцинство во целата држава. Во 1945 година, според кримската конференција и потсдамскиот договор, регионот бил доделен на Полска. Голем број на Германци од Горна Шлезија и Полјаци од германско потекло сеуште живеат во Ополскиот регион; сепак во рамките на градот, етничките германци се застапени со помалку од 3% од населението. Ополе исто така бил главен град на историскиот регион Горна Шлезија.

Ополе често се нарекува „полска Венеција“,[3] поради живописноста на стариот град и големиот број на канали и мостови кои поврзуват делови од градот.

Име[уреди | уреди извор]

Името „Ополе“ веројатно потекнува од средновековниот словенски термин за групи на населби.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Среден век[уреди | уреди извор]

Историјата на Ополе започнуа во 8. век. Во овој период, според архелошките ископувања,[5] првата словенска населба била основана на северниот дел од островот Пасиека во средината на реката Одра. Во почетокот на 10. век таа се развила во една од главните населби на словенското племе Ополани. Кон крајот на векот Шлезија станала дел од Полска и била управувана од династијата Пјаст; земјиштето на паганските Ополани било освоено од војводата Мјешко I Пјаст во 992 година. По смртта на војводата Владислав II Изгнаник, Шилезија била поделена во 1163 година помеѓу две пјастови линии - Долна Шлезија на вроцлавската линија и Горна Шлезија на ополско-раќибожката линија. Ополе станал кнежевство во 1172 година и делел многу знаеднички нешта со Раќибожкото кнежевство, со кое понекогаш бил комбиниран. Во 1281 година Горна Шлезија била дополнително поделена помеѓу наследниците на кнезовите. Војводството Ополе привремено било возобновено во 1290 година.

Најстариот познат поглед на Ополе виден од југоисток, околу 1535 година.

Во почетокот на 13. век, кнезот Казимир I Ополски одлучил да ја премести населбата од островот Пасиека кон десниот брег на реката Одра. Сите жители морале да се преселат како би се направило место за замок кој бил изграден на местото на старата населба.[6] Жителите од старата населба заедно со германските трговци кои се населиле тука од запад, ги добиле првите градски права веројатно околу 1217 година, иако овој датум е спорен.[7] Ополе добил германски градски права во 1254 година. Градот се развил во текот на владеењето на кнезот Болеслав I Ополски. Во овој период замокот бил конечно завршен и нов градби, вклучувајќи ги градските ѕидини и црквата на Светиот крст, биле изградени. Заедно со поголемиот дел од Шлезија, во 1327 година Ополското кнежевство влегло под суверенитет на Кралството Бохемија, кое било дел од Светото Римско Царство. Во 1521 година кнежевството Раќибож било наследено од Ополското кнежевство, тогаш исто така познато по германскиот назив - Опелн. Вториот замок во Ополе веројатно бил изграден во 14. век од кнезот Владислав Ополски, иако според некои извори тоа било дрвено упориште од кастеланот на градот кој датирал од 12. век.[8]

Во Хабсбуршката монархија[уреди | уреди извор]

Со смртта на кралот Лајош II во мохачката битка, Шлезија била наследена од Фердинанд I, кој го ставил Ополе под суверенитет на Хабсбуршката Монархија на Австрија. Хабсбурзите ја превземале контролата врз регионот во 1532 година по смртта на последниот кнез од династијата Пласт - Јан II Добриот. Во тој период градот бил претежно со жители од полско говорно подрачје (околу 63%), а другите националности биле застапени со Германци, Чеси и Евреи. Последните два кнеза на Ополе, Миколај II и Јануш II Добриот, не го научиле германскиот јазик.[9]

Катедралата во Ополе

Почнувајќи во 1532 година, Хабсбурзите го заложиле кнежевството на различни владетели вклучувајќи неколку полски владетели. Со откажувањето на кралот Јан II Казимир од Полска како последен кнез на Ополе во 1668 година, регионот припаднал во директна контрола на Хабсбурзите. На почетокот на 18. век, германското население во Ополе било проценето на 20%.[10]

Во Пруска Шлезија[уреди | уреди извор]

Кралот Фридрих Велики од Прусија го освоил поголемиот дел од Шлезија од Австрија во 1740 година во текот на шлезиските војни ; пруската контрола била потврдена со бреславскиот мировен договор од 1742 година. За време на пруското владеење етничката структура на градот започнала да се менува. Во почетокот на 20. век бројот на полски и двојазични жители на Ополе, според германската статистика, се движел од 25% до 31%.[11] Во периодот 1816–1945 Ополе бил главен град на административното подрачје Опелн во рамките на Прусија. Градот станал дел од Германското Царство во текот на обединувањето на Германија во 1871 година.

По првата светска војна[уреди | уреди извор]

Ополе преименуван во Опелн по референдумот

По поразот на Царска Германија во првата светска војна, на 20 март 1921 година во Ополе бил организиран референдум за прашањето дали градот да биде дел од Вајмарска Германија или да стане дел од Втората Полска Република. 20,816 (94.7%) гласови биле за Германија, 1,098 (5.0%) за Полска, и 70 (0.3%) гласови биле невалидни. Излезноста на гласачите била 95.9%.

Ополе бил административно седиште на провинцијата Горна Шлезија во периодот 1919–1939. Со поразот на Полска во Инвазијата на Полска на почетокот на втората светска војна во 1939 година, некогашната Полска Источна Горна Шлезија била додадена кон провинцијата Горна Шлезија и Ополе Ополе го загубил својот статус како главен град на провинцијата од Катовице.

На 15 февруари 1941 и 26 февруари 1941 година, две депортации со 2,003 еврејски мажи, жени и деца ја напуштиле Аспанг станицата во Виена и биле пренесени во гето поставено во Ополе. До март 1941 година, 8,000 евреи биле депортирани во Ополе. Од мај 1941 година, 800 работоспособни мажи биле принудени да работат во Демблин. „Ликвидацијата“ на гетото во Ополе започнала во пролетта 1942. Од 2,003 Евреи од Виена, познато е дека само 28 преживеале.

Во современа Полска[уреди | уреди извор]

По крајот на втората светска војна во 1945 година, Ополе бил предаден од Германија на Полска во согласност со потсдамскиот договор, и градот го добил назад своето словенско име Ополе. Градот бил дел од Катовицкото војводство во периодот 1946–1950, а потоа станал дел од Ополското војводство. За разлика од другите делови на т.н. вратени територии, населението во Ополе и околината останало во градот и не било прогонето како што било случај секаде. На преку еден милион Шлезијци кои се сметале себеси како Полјаци или биле третирани како такви од властите поради нивниот јазик и обичаи им било дозволено да останат откако биле потврдени како Полјаци во посебен верификациски процес. Тој вклучувал декларирање полска националност и заклетва на верност кон полската држава.[12] Во подоцнежните години, сепак многумина од нив заминале во Западна Германија за да избегаат од комунистичкиот Источен блок.

Панорама на центарот на градот

Движење на населението[уреди | уреди извор]

Во раниот 20. век полските и двојазичните жители во Ополе, според официјалната германска статистика, се движеле 25 до 31%.[11]

Градското собрание на главниот пазаришен плоштад

Германско малцинство[уреди | уреди извор]

Поглед на Ополе

Покрај германскиот и полскиот јазик, многу жители на Ополе пред 1945 година користеле шлезиски дијалект со силно германско влијание (понекогаш наречен wasserpolnisch или wasserpolak). Поради тоа, администрацијата во полската држава во повоениот период по припојувањето на Шлезија во 1945 година не предизвикала општ прогон на сите поранешни жители на Ополе, како што било сторено во Долна Шлезија, каде населението зборувало исклучиво германски јазик. Бидејќи тие биле сметани за „автохтони“ (Полјаци), зборувачите на дијалектот добиле право да останат во нивното родно место ако се декларираат себеси како Полјаци. Некои зборувачи на германскиот јазик ја искористиле оваа одлука, пришто останале во градот иако биле од германска националност. Околината на градот во моментов го содржи најголемото германско и горно шлезиско малцинство во Полска. Сепак, во рамките на Ополе живеат само 2.46% германци.[13]

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Пјастова кула, изградена околу 1300 година.

Ополе го одржува годишниот Национален фестивал на полската песна. Градот исто така е познат по црквата Св. Адалберт која датира од 10. век и по црквата Светиот крст од 14. век. Во градот исто така има зоолошка градина.

Објекти и градби

  • Пјастовата кула на островот (само дел кој останал од Пјастовиот замок)
  • фрањечка црква од 14. век, мавзолеј на Ополе
  • зградата на градското собрание од 19. век
  • црквата „Пресвета богородица на жалостите и Св. Адалберт“
  • катедралата Светиот крст од 14. век
  • Зелениот мост во арт нуво стил
  • главната железничка станица во Ополе, градба во еклектички стил од раниот 20. век

Музеи

  • Епархискиот музеј (Muzeum Diecezjalne)
  • Ополскиот регионален музеј (Muzeum Śląska Opolskiego)
  • Ополскиот селски музеј (Muzeum Wsi Opolskiej)

Гробишта

  • Еврејските гробишта во Ополе биле основани во 1822 година, и претставуваат необичен пантеон на Евреите од Ополе.[14][15]

Клима[уреди | уреди извор]

Ополе е еден од најтоплите градови во Полска. Највисоката рекордна температура во државата била измерена во градот Прошков, близу Ополе.

Климатски податоци за Ополе
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 15.8
(60)
19.3
(67)
25.0
(77)
28.2
(83)
32.6
(91)
35.5
(96)
38.0
(100)
39.0
(102)
35.4
(96)
26.2
(79)
21.9
(71)
16.1
(61)
39.0
(102)
Прос. висока °C (°F) 1.9
(35)
3.7
(39)
8.4
(47)
15.7
(60)
20.0
(68)
23.1
(74)
25.6
(78)
24.7
(76)
19.9
(68)
14.0
(57)
8.5
(47)
2.8
(37)
14.0
(57)
Сред. дневна °C (°F) −0.5
(31)
0.6
(33)
4.2
(40)
10.1
(50)
14.4
(58)
17.7
(64)
19.9
(68)
19.1
(66)
14.8
(59)
10.0
(50)
5.6
(42)
0.6
(33)
9.7
(49)
Прос. ниска °C (°F) −2.9
(27)
−2.3
(28)
0.0
(32)
4.4
(40)
8.9
(48)
12.3
(54)
14.4
(58)
13.5
(56)
9.5
(49)
5.9
(43)
2.8
(37)
−1.6
(29)
5.4
(42)
Најниска забележана °C (°F) −25.2
(−13)
−22.9
(−9)
−15.6
(4)
−6.8
(20)
−4.4
(24)
1.8
(35)
5.0
(41)
1.0
(34)
−1.5
(29)
−6.7
(20)
−12.9
(9)
−22.5
(−8)
−25.2
(−13)
Прос. врнежи мм (ин) 34
(1.34)
29
(1.14)
32
(1.26)
29
(1.14)
59
(2.32)
66
(2.6)
73
(2.87)
46
(1.81)
47
(1.85)
29
(1.14)
31
(1.22)
34
(1.34)
494
(19.45)
Прос. бр. врнежливи денови 16 13 14 11 13 12 13 9 11 11 13 15 151
Прос. релативна влажност (%) 83 81 76 71 72 73 72 74 78 79 83 84 77
Сред. бр. сончеви часови месечно 48 70 127 191 225 224 238 221 151 108 56 41 1.698
Извор бр. 1: [1]
Извор бр. 2: http://climatebase.ru/station/12530/?lang=en

Образование[уреди | уреди извор]

Зградата на Филолошкиот факултет при Ополскиот универзитет

Познати жители[уреди | уреди извор]

Градски куќи близу главниот пазар
Црква „Св. Адалберт“, исто позната како „Црква на каменот“

Меѓународни врски[уреди | уреди извор]

Знаци кои покажуваат на насоката на збратимени градови

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Ополе е збратимен со:[17]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.mapofpoland.net/Opole,description.html
  2. http://www.sztetl.org.pl/en/article/opole/3,local-history/
  3. http://studiowac.pl/2235/studia-w-opolu-polska-wenecja-moze-zaoferowac-wam-nie-tylko-wspaniale-widoki-ale-takze-cudowna-atmosfere/
  4. Opole, Słownik geograficzny Królestwa Polskiego i innych krajów słowiańskich, Tom VII, nakł. Filipa Sulimierskiego i Władysława Walewskiego, 1880-1914
  5. B. Gediga, Początki i rozwój wczesnośredniowiecznego ośrodka miejskiego na Ostrówku w Opolu, Slavia Antiqua t. 16, Wrocław 1970.
  6. W. Dziewulski, F. Hawranek, Opole - Monografia miasta, Instytut Śląski Opole 1975, p. 57.
  7. This opinion is shared i.e. by W. Dziewulski, F. Hawranek, Opole - Monografia miasta, Instytut Śląski Opole 1975, p. 57 and G. A. Stenzel, Geschichte Schlesiens, T1. 1, Breslau 1853, p. 41. The opposite opinion is presented i.e. by K. Buczek, Targi i miasta na prawie polskim (okres wczesnośredniowieczny), Wrocław 1964, p. 114.
  8. W. Dziewulski, F. Hawranek, Opole - Monografia miasta, Instytut Śląski Opole 1975, pp. 58-60.
  9. W. Dziewulski, F. Hawranek, Opole - Monografia miasta, Instytut Śląski Opole 1975, p.78.
  10. W. Dziewulski, F. Hawranek, Opole - Monografia miasta, Instytut Śląski Opole 1975, p.159.
  11. 11,0 11,1 W. Dziewulski, F. Hawranek, Opole - Monografia miasta, Instytut Śląski Opole 1975, p. 263-268".
  12. The Expulsion of 'German' Communities from Eastern Europe at the end of the Second World War, Steffen Prauser and Arfon Rees, European University Institute, Florense. HEC No. 2004/1. p.28
  13. German minority in Poland on the Ministry of Interior and Administration webpage
  14. „JEWISH CEMETERY IN OPOLE (GRANICZNA STREET)“. Muzeum Historii Żydów Polskich. http://www.sztetl.org.pl/en/article/opole/12,cemeteries/1595,the-jewish-cemetery-in-opole-graniczna-street-/. конс. 20 октомври 2012 г. 
  15. „OPOLE: Opolskie“. International Jewish Cemetery Project. http://www.iajgsjewishcemeteryproject.org/poland/opole.html. конс. 20 октомври 2012 г. 
  16. WSB University in Wrocław - WSB Universities
  17. 17,00 17,01 17,02 17,03 17,04 17,05 17,06 17,07 17,08 17,09 17,10 17,11 17,12 „Miasta Partnerskie Opola“ (на polish). Urzad Miasta Opola. http://www.opole.pl/miasta_partnerskie_opola. конс. 1 август 2013 г. 
  18. „Офіційний сайт міста Івано-Франківська“ (на украински). mvk.if.ua. http://www.mvk.if.ua/news/4114/. конс. 7 март 2010 г. 
  19. „Die Partnerstädte der Landeshauptstadt Potsdam“ (на германски). www.potsdam.de. http://www.potsdam.de/cms/ziel/27222/DE/. конс. 24 јуни 2010 г. 
  20. Bozsoki, Agnes. „Partnervárosok Névsora Partner és Testvérvárosok Névsora“ (на hungarian). City of Székesfehérvár. архивирано од оригиналот на 8 декември 2012. https://web.archive.org/web/20121208035612/http://onkormanyzat.szekesfehervar.hu/index.php?pg=page_49881. конс. 5 август 2013 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]