Христијански крст

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Meister des Reliquienkreuzes von Cosenza 002.jpg

Христијанскиот крст е најпознатиот и најраспространетиот религиозен симбол на христијанството. Како основа за употреба на овој симбол во христијанството се зема фактот што Исус Христос бил распнат на крст. Постојат повеќе видови на крстови, а меѓу најпознатите се Андреиниот крст, кој ја има формата на буквата Х бидејќи според преданието Апостол Андреја бил распнат на таков вид на крст. Исто така постои и т.н. „обратен“ и истиот е познат ѝ како Петров крст бидејќи според преданието Апостол Петар бил распнат со главата надолу како што и тој самиот побарал.

Како христијански симбол, крстот се наоѓа во христијанските храмови, цркви, манастири, на предметите кои се користат при богослужба. Со крст се обележуваат и гробовите на христијаните. Според христијанството, вертикалната линија на крстот го симболизира божеството, а хоризонталната човештвото. Крстот е директно поврзан и со мачењето и распнувањето на Исус Христос. Разпнувањето на крст е било распространето средство на казнување во древнот Рим. Иако тогаш крстот означувал симбол на смртта, во христијанството означува симбол на животот.

Историја[уреди]

Во текот на првите два века на христијанството, крстот бил голема реткост во христијанската иконографија. Раните христијани како свој симбол на верата го употребувале Ихтисот односно Риба. Крстот во тоа време најмногу се користел како знак односно метод за погубување. Христовиот монограм познат ѝ како Лабарум бил користен од страна на Константин I Велики во 4 век како свој симбол, и како таков зел голем замав како симбол во раното христијанство. Но ова не значи дека крстот не бил во употреба. Според некои учени, тој бил во употреба уште во 2 век, но во помала мера.

Денеска, во христијанството крстот претставува најсвет знак и симбол. Сите христијански богослужби се извршуваат со христијанскиот крст како: Крштението, Миропомазанието, Евхаристијата. Во денешнината тој е најрапространет симбол на верата. Според христијанската митологија, од крстот најмногу се плашат демоните.

Видови крстови[уреди]

Галерија[уреди]

Поврзано[уреди]

Портал „Христијанство