Опел Комбо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Опел Комбо
Opel Combo Monrepos 2019 IMG 1929.jpg
ПроизведувачОпел
Производство1986–денес
ПретходникБедфорд Бигл
Бедфорд Чеван
Бедфорд HA
Бедфорд Раскал
Опел/Воксхал Астра H
НаследникШевролет N200/N300
Класаминиван
Тип на каросеријаВан

Опел Комбо — повеќефункционален автомобил од типот LAV, кој се произведува од страна на германскиот производител на автомобили Опел. Комбо за прв пат се појавил во 1993 година, втората генерација била претставена во 2001 година, третата во 2011 година, која била врз основа на платформа на Фиат Добло. Името „Комбо“ претходно се применувало како суфикс на каросерија на Опел Кадет Е од 1986 до 1993 година.

Опел/Воксхал се приклучиле на Група ПСА во март 2017 година, по кое следувало и претставување и на четвртата генерација Комбо, лансирана во март 2018 година, модел кој има иста платформата и каросерија на Пежо Рифтер и Партнер, како и на Пежо Берлинго.

Кадет Комбо (Комбо A; 1986–1993)[уреди | уреди извор]

Кадет Комбо
Opel Combo 1.7D, front left (Lisbon).jpg
Познат и какоБедфорд Астрамакс
Бедфорд Астраван
Воксхал Астраван
Воксхал Астрамакс
Производство1986–1993
СклопувањеПортугалија: Азамбужа
Обединето Кралство: Елсмир Порт
Класа3-врати ван
ПлатформаПлатформа GM T platform
СродниОпел Кадет E

Опел Кадет Комбо бил претставен во јануари 1986 година, а производството завршило во август 1993 година. Се базирал на малиот семеен автомобил Опел Кадет E. МОделот бил произведуван во Обединетото Кралство, Елсмир Порт, од страна на Воксхал до јануари 1989 година.

Во исто време, производството било пренесено во Азамбужа, Португалија и комбињата тогаш ги произведувал Опел. Во Германија, тој бил продаван со 1,3 литарски бензински мотор или дизел од 1,6 (подоцна 1,7) литар[1]. 1.3 бензинската единица потоа била сменета во 1,4.

Во Велика Британија, комбето со три врати било познато како Бедфорд и Воксхал Астраван, а комбето со висок покрив како Бедфорд Астрамакс, кое подоцна било продавано како Опел. Промената од Бедфорд во Воксхал се случило на 1 јуни 1990 година, бидејќи Бедфордс бил подобро познат како производител на потешки камиони[2].

Комбо B (1993–2001)[уреди | уреди извор]

Комбо B
Opel Combo front 20080625.jpg
Познат и какоВоксхал Комбо
Холден Комбо (SB)
Шевролет Комбо
Шангај Авто
Производство1993–2001
2002–2005 (China)
СклопувањеПортугалија: Азамбужа
Тип на каросерија3-врати ван
ПлатформаПлатформа GM4200
СродниОпел Корса B

Првата генерација на Комбо, лансирана во октомври 1993 година, се базирала на Опел Корса B, која пак била претставена шест месеци порано. Предниот дел е практично идентичен со Корса (освен спојлерот на покривот), но платформата (а со тоа и меѓуоскиното растојание и каросеријата воопшто) е продолжена за да се смести товарниот простор, способен да смести една палета во должина и ширина.

Комбо Б поседува симетрични задни врати што се отвараат на страна. Овие се сметаат како единствени „врати“ кога се однесува на стилот на каросеријата како три врати.

По зголемената популарност на возилата од овој тип, Опел лансирал пет патнички верзии на Комбо во 1995 година, наречени Опел Комбо Тур. Се разликувал од ван-верзијата на панелот со тоа што товарниот дел е опремен со странични прозорци, и три седишта за подесување на седиштето кое може да се преклопува.

Иако примарниот пазар на Комбо бил Европа, моделот исто така бил продавсн и на други континенти, на пазарите каде Џенерал моторс традиционално користи модели добиени од Опел. Бидејќи фабриката Азамбужа Опел во Португалија била единственото место за производство на сите комбинации од овој модел, сите тие биле заменети постепено со Комбо C во 2001 година.

Комбо, исто така, бил произведуван во релативно мал број од подружницата SAIC-SAIC-Yizheng како Шангај Авто, кој поседувал мотор од 1,6 литри и пет брзински рачен менувач како „Буик Саил“. Моделот се произведувал од 2002 до 2005 година, и била достапна врзијата ДеЛукс, со тркала од алуминиум и други додатоци[3].

Холден во Австралија ја лансирал серијата на Комбо во февруари 1996 година[4]. На пазарот бил понуден моторот со 1,4 литарски C14NZ, надграден на спецификацијата C14SE во 1997 година. Продажбата продолжила до 2002 година, иако последните комбинации биле произведени во 2001 година. Производството на Комбо завршило во август 2001 година.

Галерија[уреди | уреди извор]

Имиња и пазари[уреди | уреди извор]

  • Опел Комбо – Европа
  • Воксхал Комбо – Обединето Кралство
  • Холден Комбо – Австралија, Нов Зеланд
  • Шевролет Комбо – Чиле
  • Шевролет Саил-Кина

Мотори[уреди | уреди извор]

Комбо C (2001–2011)[уреди | уреди извор]

Комбо C
Opel Combo front 20080701.jpg
Познат и какоВоксхал Комбо
Холден Комбо (XC)
Шевролет Комбо
Производство2001–2011
Склопување
Тип на каросерија4/5-врати
ПлатформаПлатформа GM Gamma
Меѓуоскино раст.2,715 mм (106.9 ин)
Должина4,332 mм (170.6 ин)
Ширина1,685 mм (66.3 ин)
Висина1,800 mм (70.9 ин)
СродниОпел Корса C
Опел МЕрива A
Шевролет Монтана

Втората генерација била лансирана на Саемот за автомобили во Франкфурт, во септември 2001 година[6]. Додека повеќето конкуренти ги прекинале врските со нивните поткомпактни врсници, „Опел“ одлучил повторно да го заснова возилото на „Корса“. Употребата на субкомпактна гама платформа ја ограничила целокупната ширина на возилото. Додека општата форма на каросеријата била ажурирана на модерниот „flush“ изглед, предниот дел се одделил со Корса.

Споредено со претходната генерација, Комбо C се здобил со лизгачки задни странични врати. Продажбата започнала во октомври 2001 година.

Воведена била и верзијата Опел Комбо Тур, проследена со Опел Комбо Тур Трамп, во обид да привлече купувачи на возила од овој тип. Опел Комбо Тур Трамп се сметал за повеќе од патно рекреативно возило.

Моделот се одликува со зголемено подесување за суспензија, капаци за заштита. Моделот со турбо мотор не бил понуден од Воксхал во Велика Британија. Комерцијалните ван верзии ги задржале симетричните задни врати, додека верзиите на Тур имаат опција за единечна задната врата (отворање кон врвот). Влезната врата е стандардна на Трамп.

Во декември 2006 година, фабриката Азамбужа, Португалија била затворена[7], и производството на „Опел Комбо“ било преместено во Сарагоса, Шпанија во 2007 година[8]. Холден во Австралија ја лансирал XC серијата на Комбо во септември 2002 година.[9]. На овој пазар бил понуден модел со 1,6 литарскиот мотор Z16SE, надграден на 1,4 литарската спецификација Z14XEP во декември 2004 година при фејслифтот.

Иако производството завршило на крајот на 2011 година, Холден во Австралија и Нов Зеланд собрале доволно инвентар на Комбо за да продолжат со производството до 2013 година. Во август 2013 година, CarAdvice објавил дека Холден Комбо нема да продолжи да се произведува и дека нема да биде заменет од Комбо D, кој веќе бил достапен за европскиот пазар[10].

Производството на овој модел завршило на крајот на 2011 година, кога бил претставен новиот модел Комбо D, кој е базиран на Фиат Добло[11].

Галерија[уреди | уреди извор]

Имиња и пазари[уреди | уреди извор]

  • Опел Комбо – Европа
  • Воксхал Комбо – Обединето Кралство
  • Холден Комбо – Австралија, Нов Зеланд
  • Шевролет Комбо – Чиле

Мотори[уреди | уреди извор]

Комбо D (2011–2017)[уреди | уреди извор]

Комбо D
Opel Combo 1.6 CDTI Edition (D) – Frontansicht, 18. März 2012, Wuppertal.jpg
Познат и какоФиат Добло
Воксхал Комбо
Рам ПроМастер Сити
Производство2011–2017[12]
СклопувањеТурција: Бурса (Тофаш)
Класаван
Тип на каросерија4/5-врати
ПлатформаПлатформа GM Fiat Small platform
Мотор1.4 L Fire I4 (бензин)
1.4 L Fire турбо-џет I4 (гас)
1.6 L CDTI I4 (дизел)
Пренос5-брзини (рачно)
6-брзини (рачно)
5-брзини (автоматско)
Меѓуоскино раст.SWB: 2,755 mм (108.5 ин)
LWB: 3,105 mм (122.2 ин)
ДолжинаSWB: 4,390 mм (172.8 ин)
LWB: 4,740 mм (186.6 ин)
ШиринаSWB: 1,832 mм (72.1 ин)
LWB: 1,832 mм (72.1 ин)
ВисинаSWB: 1,845 mм (72.6 ин)
LWB: 1,880 mм (74.0 ин)
СродниФиат Линеа
Фиат 500L
Опел Мерива B

Третата генерација Комбо била произведувана од декември 2011 до декември 2017 година, а се базирала на Фиат Добло. Третата генерација Комбо била произведувана во Турција од страна на Тофаш[13]. Продажбата започнала во јануари 2012 година.

Мотори[уреди | уреди извор]

Бензин
Модел Мотор Зафатнина Сила Вртежи Забелешка
1.4 FIRE I4 1368 cc 95 PS (70 kW; 94 hp) @6000 врт/мин 127 N•m (94 lb•ft) @4500 врт/мин 2011–17
Гас
Модел Мотор Зафатнина Сила Вртежи Забелешка
1.4 FIRE CNG турбо I4 1368 cc 120 PS (88 kW; 120 hp) @5000 врт/мин 207 N•m (153 lb•ft) @3000 врт/мин 2011–17
Дизел
Модел Мотор Зафатнина Сила Вртежи Забелешка
1.6 CDTI I4 1598 cc 90 PS (66 kW; 89 hp) @4000 врт/мин 290 N•m (210 lb•ft) @1500 врт/мин 2011–17
1.6 CDTI I4 1598 cc 105 PS (77 kW; 104 hp) @4000 врт/мин 290 N•m (210 lb•ft) @1500 врт/мин 2011–17

Комбо E (2018–денес)[уреди | уреди извор]

Комбо E
2018 Opel Combo life left side front angle Ruesselsheim LWEOS1816.jpg
Познат и какоПежо Рифтер
Цитроен Берлинго
Тојота Сити
Воксхал Сити
Производство2018–денес
Год. на модел2019–денес
СклопувањеПортугалија: Мангуалди) Шпанија: Виго)[14]
Класаминиван (M)
Тип на каросерија4/5-врати
ПлатформаПлатформа PSA EMP2
Мотор1.2 L бензин THP
1.5 L дизел HDi/CDTI
Пренос6-брзини (рачно)
EAT8 (автоматско)
Меѓуоскино раст.2,780–2,970 mм (109–117 ин)
Должина4,400–4,750 mм (173–187 ин)

Четвртата генерација Комбо била претставена на Саемот за автомобили во Женева во 2018 година. Моделот е ист проект како Цитроен Берлинго и Пежо Рифтер и Партнер, бидејќи ПСА Групацијата го купил Опел во март 2017 година.

Галерија[уреди | уреди извор]

Мотори[уреди | уреди извор]

Бензински мотор
Тип Зафатнина Сила Вртежи Максимална
брзина
Убрзување
0-100 -{km/h}-
Потрошувачка
-{1.2 s}- [15] 1196 cm3 40.5 -{kW}- @ 5600 -{rpm}- 84 -{Nm}- @ 3600 -{rpm}- 155 km/h 16.5 s 6.6 -{l/100km}-
-{1.3 gl}- [16] 1297 cm3 44 -{kW}- @ 5800 -{rpm}- 94 -{Nm}- @ 3400 -{rpm}- 160 km/h 15 7.2
-{1.3 gl }- 5 степ.[17] 1297 cm3 44 -{kW}- @ 5800 -{rpm}- 94 -{Nm}- @ 3400 -{rpm}- 160 km/h 15 7
-{1.3 ls sedan }- 5 степ.[18] 1297 cm3 55 -{kW}- @ 5800 -{rpm}- 101 -{Nm}- @ 4200 -{rpm}- 170 km/h 13.5 6.8
-{1.3 s gls}- [19] 1297 cm3 55 -{kW}- @ 5800 -{rpm}- 101 -{Nm}- @ 4200 -{rpm}- 170 km/h 13 6.9
-{1.3 s gls }- 5 степ.[20] 1297 cm3 55 -{kW}- @ 5800 -{rpm}- 101 -{Nm}- @ 4200 -{rpm}- 170 km/h 13 6.8
-{1.3 s ls sedan}- [21] 1297 cm3 55 -{kW}- @ 5800 -{rpm}- 101 -{Nm}- @ 4200 -{rpm}- 170 km/h 13.5 6.9
-{cabriolet 1.6 s}- [22] 1598 cm3 60 -{kW}- @ 5400 -{rpm}- 130 -{Nm}- @ 2600 -{rpm}- 6.8
карав. -{ 1.2 ls}- [23] 1196 cm3 40.5 -{kW}- @ 5600 -{rpm}- 84 -{Nm}- @ 3600 -{rpm}- 150 km/h 17.5 7.1
карав. -{ 1.3 s }- 5 степ.[24] 1297 cm3 55 -{kW}- @ 5800 -{rpm}- 101 -{Nm}- @ 4200 -{rpm}- 166 km/h 14 7
карав. -{ 1.3 s ls}- [25] 1297 cm3 55 -{kW}- @ 5800 -{rpm}- 101 -{Nm}- @ 4200 -{rpm}- 166 km/h 14 7.2
-{gsi}- [26] 1796 cm3 85 -{kW}- @ 5800 -{rpm}- 151 -{Nm}- @ 4800 -{rpm}- 203 km/h 9 8
-{gsi 16v}- [27] 1998 cm3 115 -{kW}- @ 6000 -{rpm}- 207 -{Nm}- @ 4800 -{rpm}- 217 km/h 7.7 7.4
Воксол астра -{1.8 sri}- [28] 1796 cm3 82 -{kW}- @ 5600 -{rpm}- 158 -{Nm}- @ 3000 -{rpm}- 195 km/h 9.3 7.7
Воксол астра -{2.0 gte}- [29] 1998 cm3 95 -{kW}- @ 5600 -{rpm}- 180 -{Nm}- @ 4600 -{rpm}- 206 km/h 8.5 7.7
Дизел мотор
-{1.6 d gl sedan}- [30] 1598 cm3 40.5 -{kW}- @ 4600 -{rpm}- 96 -{Nm}- @ 2400 -{rpm}- 152 km/h 19.5 6.1 -{l/100km}-
-{1.6 d ls}- [31] 1598 cm3 40.5 -{kW}- @ 4600 -{rpm}- 96 -{Nm}- @ 2400 -{rpm}- 150 km/h 19 5.9
карав. -{ 1.6 d ls}- [32] 1598 cm3 40 -{kW}- @ 4600 -{rpm}- 96 -{Nm}- @ 2400 -{rpm}- 147 km/h 21 6
карав. -{ 1.6 d ls }- 5 степ.[33] 1598 cm3 40 -{kW}- @ 4600 -{rpm}- 96 -{Nm}- @ 2400 -{rpm}- 147 km/h 21 5.7

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Lastauto Omnibus Katalog 1990, p. 153
  2. Weatherley, Brian, уред (31 мај 1990 г). Retirement for Bedford name. „Commercial Motor“ (Sutton, Surrey: Reed Business Publishing Group) том  172 (4371): 24. ISSN 0010-3063. http://archive.commercialmotor.com/article/31st-may-1990/26/retirement-for-bedford-name-vauxhall-is-dropping-t. 
  3. De Feyter, Tycho (2011-12-08). „Spotted in China: Shanghai Auto Saibao panel van“. CarNewsChina.com. 
  4. „Holden's Unique New Combo Delivers Unbeatable Van Value, Car-Like Comfort And Safety“. AutoWeb. 13 February 1996. Архивирано од изворникот на 10 August 2014. конс. 9 August 2014.  Unknown parameter |url-status= ignored (помош)
  5. „Opel. Opel in Portugal“. Car-cat.com. конс. 2010-07-19. 
  6. „World premiere at the Frankfurt Motor Show: Opel Combo Tour“. The Auto Channel. 22 August 2001. конс. 11 May 2015. 
  7. Patel, Pritesh; Scott, Candida (2007-04-18). „Opel Antwerp Loses Out on Next Astra Production Allocation, Strikes Begin“. IHS Inc. конс. 2015-05-12. 
  8. „Zaragoza Plant. Facts and Figures“. Opel. конс. 2015-05-12. 
  9. Pettendy, Marton (18 July 2011). „First look: Opel outs next Combo“. GoAuto. конс. 9 August 2014. 
  10. Beissmann, Tim (8 August 2013). „Holden Combo discontinued, no plans for replacement“. CarAdvice. конс. 9 August 2013. 
  11. „Fiat and Opel/Vauxhall Sign Contract for Combo Successor“. Vauxhall. 2010-11-29. конс. 2015-05-12. 
  12. Autonews production
  13. „Fiat to Build Combo for Opel“. autoevolution.com. конс. 2010-12-02. 
  14. https://www.welt.de/motor/modelle/article163045739/Welches-Opel-Modell-wird-als-Erstes-geopfert.html
  15. 1984 Opel Kadett 1.2 S full specs, performance and photos (since middle 1984 for Europe ), Приступљено 17. 4. 2013.
  16. 1984 Opel Kadett 1.3 GL full specs, performance and photos (since middle 1984 for Europe ), Приступљено 17. 4. 2013.
  17. 1984 Opel Kadett 1.3 GL 5-speed full specs, performance and photos (since middle 1984 for Europe ), Приступљено 17. 4. 2013.
  18. 1985 Opel Kadett 1.3 LS Sedan 5-speed full specs, performance and photos (since middle 1985 for Europe ), Приступљено 17. 4. 2013.
  19. 1984 Opel Kadett 1.3 S GLS full specs, performance and photos (since middle 1984 for Europe ), Приступљено 17. 4. 2013.
  20. 1984 Opel Kadett 1.3 S GLS 5-speed full specs, performance and photos (since middle 1984 for Europe ), Приступљено 17. 4. 2013.
  21. 1985 Opel Kadett 1.3 S LS Sedan full specs, performance and photos (since middle 1985 for Europe ), Приступљено 17. 4. 2013.
  22. 1987 Opel Kadett Cabriolet 1.6 S full specs, performance and photos (since middle 1987 for Europe )Шаблон:Мртва веза, Приступљено 17. 4. 2013.
  23. 1984 Opel Kadett Caravan 1.2 LS full specs, performance and photos (since middle 1984 for Europe ), Приступљено 17. 4. 2013.
  24. 1984 Opel Kadett Caravan 1.3 S 5-speed full specs, performance and photos (since middle 1984 for Europe ), Приступљено 17. 4. 2013.
  25. 1984 Opel Kadett Caravan 1.3 S LS full specs, performance and photos (since middle 1984 for Europe ), Приступљено 17. 4. 2013.
  26. 1984 Opel Kadett GSi full specs, performance and photos (since middle 1984 for Europe ), Приступљено 17. 4. 2013.
  27. 1988 Opel Kadett GSi 16V full specs, performance and photos (since middle 1988 for Europe ), Приступљено 17. 4. 2013.
  28. 1986 Vauxhall Astra 1.8 Sri full specs, performance and photos (since middle 1986 for Europe )Шаблон:Мртва веза, Приступљено 17. 4. 2013.
  29. 1986 Vauxhall Astra 2.0 GTE full specs, performance and photos (since middle 1986 for Europe )Шаблон:Мртва веза, Приступљено 17. 4. 2013.
  30. 1985 Opel Kadett 1.6 D GL Sedan full specs, performance and photos (since middle 1985 for Europe ), Приступљено 17. 4. 2013.
  31. 1984 Opel Kadett 1.6 D LS full specs, performance and photos (since middle 1984 for Europe ), Приступљено 17. 4. 2013.
  32. 1984 Opel Kadett Caravan 1.6 D LS full specs, performance and photos (since middle 1984 for Europe ), Приступљено 17. 4. 2013.
  33. 1984 Opel Kadett Caravan 1.6 D LS 5-speed full specs, performance and photos (since middle 1984 for Europe ), Приступљено 17. 4. 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]