Опел Адам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Опел Адам
ПроизведувачОпел
Познат и какоВоксхал Адам (Обединето Кралство)
Опел Адам Рокс
Производство2012–2019
Год. на модел2013–2019
СклопувањеГерманија: Ајзенах
Класамал автомобил (Сегмент-А)
Вид каросерија3-врати хечбек
ПлатформаПлатформа GM Fiat
Мотор1.0 L I3 - турбо (бензин)
1.2 L I4 (бензин)
1.4 L I4 (бензин)
Пренос5-брзини (рачно)
5-брзини (полуавтоматско)
Меѓуоскино раст.2,311 mм (91.0 ин)
Должина3,698 mм (145.6 ин)
Ширина1,720 mм (67.7 ин)
Висина1,484 mм (58.4 ин)
Нетоварена тежина1,086–1,135 kg (2,394–2,502 lb)
СродниОпел Корса
КонструкторДарен Лук

Опел Адам (германски: Opel Adam[1][2]) — мал автомобил кој се произведува од страна на германската марка на автомобили Опел од 2012 година. Името Адам доаѓа од основачот на компанијата Адам Опел. Моделот се продава под најразлични други брендови (особено Воксхал во Велика Британија). Тој бил претставен во Франција на Саемот за автомобили во Париз во 2012 година, со продажба што започнала во почетокот на 2013 година.

На 10 октомври 2018 година, Опел и неговата британска подружница, Воксхал, објавиле дека ќе ја оптимизираат својата постава на моделот и ќе се фокусираат на сегменти со голем волумен[3].

Според тоа, ниту еден наследник нема да го замени Адам, бидејќи компанијата ја најавила намерата да се фокусира на SUV, особено на новата Опел Мока, како дел од стратегијата за зголемување на продажбата на компанијата од 25% на 40% до 2021 година. На 29 април 2019 година, завршило производството на Адам.

Преглед[уреди | уреди извор]

Ако се земат предвид сите можности за персонализација, Адам може да се нарача во една од 61.000 комбниации за екстериерот или 81.000 за ентериерот. Производството започнало во фабриката Ајзенах во Германија во јануари 2013 година, покрај Корса. Гледан од предната страна, Адам поседува интересно поставене предни светлосни структури кои му даваат привлечен лик на малиот автомобил, а предниот дел кој е ниско до подлогата го прави да изгледа како мала бубачка, подготвена за интересни маневри. Кровната линија која неприродно опаѓа по Б-столбот визуелно значително го скратува Адам и ја нарушува страничната хармонија. Задниот дел е со најмногу компромиси – за да биде вратата од багажниот простор поголема, задните светлосни структури морале да бидат помали. 16-инчни фелни со кои бил опремен тест-моделот ја заокружуваат сликата за мал, тренди и интересен градски автомобил.

На моделот Опел Адам, инженерите посветиле поголемо внимание на ентериерот. Внатрешноста е опремена со комфорни седишта, голем мултимедијален уред со IntelliLink, управувач и менувач обложен со кожа. На предните седишта има доволно простор за возачот и совозачот, но задните седишта се пократки. Одличен додаток е City режимот на серво-управувањето кое дополнително го олеснува вртењето на управувачот и навистина го прави маневрирањето и паркирањето лесно и едноставно. Суспензијата е мека и ги впива сите нерамнини, но резултат на тоа е навалувањето во свиоци. На отворен пат Adam е комфорно место за седење со солидна звучна изолација. Адам се заснова на скратена верзија на платформата Корса D. Хечбекот со три врати е со должина од 3,70 метри и ширина од 1,72 метри, а седиштата се за четири лица.

Сигурност[уреди | уреди извор]

Адам одлично поентира и кога станува збор за безбедноста – освоените четири ѕвездички на Euro NCAP тестирањата се одличен резултат. Моделот се состои од шест воздушни перничиња, ABS, EBD и уште цела низа други системи се од исклучителна важност.

Награди[уреди | уреди извор]

Опел Адам ја добил наградата за дизајн на автомобили Red Dot во април 2013 година[4]. Во ноември 2012 година, читателите на „Auto Zeitung“ во Германија гласале за „Опел Адам“ како број еден градски автомобил[5]. На 38-та награди за избор на читатели на трговскиот магазин „Ауто мотор ун Спорт“, автомобилот ја освоил категоријата мини автомобили со 24,2 проценти од гласовите, победувајќи ги Фолксваген Уп (23,9 проценти) и Мини (16,6 проценти)[6].

Мотори[уреди | уреди извор]

Од претставувањето, имало избор на три мотори: 1,2 L 70PS (124 g / km CO2), и 1,4 L со 87 КС и 100 КС (129 g / km CO2). Сите мотори се достапни во режим ecoFLEX со помала емисија на CO2, 1,2 ecoFLEX со 118 g / km и 1,4s со 119 g / km. Од пролетта 2014 година, Опел вовел 1,0 три цилиндричен SIDI Turbo мотор[7].

Petrol engine
Модел Мотор Зафатнина Сила Вртежи Забелешка CO2 (g/km) Year
1.2 ecoFLEX]] S/S I4 1,229 cc 70 PS (51 kW; 69 hp) @5,600 врт/мин 115 N•m (85 lb•ft) @4,000 врт/мин 115 2012–
1.4 ecoFLEX S/S I4 1,398 cc 87 PS (64 kW; 86 hp) @6,000 врт/мин 130 N•m (96 lb•ft) @4,000 врт/мин 119 2012–
100 PS (74 kW; 99 hp) @6,000 врт/мин 130 N•m (96 lb•ft) @4,000 врт/мин 119 2012–
1.0T SIDI S/S I3 998 cc 90 PS (66 kW; 89 hp) @4,000-6,000 врт/мин 170 N•m (130 lb•ft) @1,800-3,600 врт/мин 99 2014–
115 PS (85 kW; 113 hp) @5,000-6,000 врт/мин 170 N•m (130 lb•ft) @1,800-4,700 врт/мин 99 2014–

Продажба[уреди | уреди извор]

„Опел“ планирал да продаде помеѓу 40.000 и 50.000 единици годишно во Европа[8] и продал над 45.000 во својата прва година, иако продажбата сè уште била во почетен режим во првите два месеци од 2013 година. Продажбата се зголемила во првите четири месеци од 2014 година.

Опел Адам не се продава во Данска, Норвешка, Шведска, Турција, Чиле, како и во земјите на ЗНД. Сингапур е еден од ретките пазари надвор од Европа кој го продава Опел Адам[9].

Спецификации[уреди | уреди извор]

Модел 1.6 Ecotec 16V
Број на цилиндри R4
Зафатнина на мотор (cm³) 1,598
Сила (kW/PS) 103/140 at 6,500
Вртежи (Nm) 160 на 4,700
Максимална брзина (км/ч) до 185
Резервар 42 литри
Цена без VAT 24,900 EUR

(Извор: Opel Magazine)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Opel ADAM: Just Unique“ (Press release). GM Media Europe. 11 July 2012. Посетено на 5 August 2012.
  2. „Opel Junior Opus 2: "REVELATION". Ebook.gmeuropearchive.info. Архивирано од изворникот (Adobe Flash) на 11 June 2012. Посетено на 9 May 2012.
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-07-07. Посетено на 2019-09-22.
  4. „Opel international - Product & Company Information, News, Experience, Excitement“. Архивирано од изворникот на 2015-01-21. Посетено на 15 July 2015.
  5. „Double win for Opel: ADAM and Ampera awarded "Auto Trophy". Посетено на 15 July 2015.
  6. „The Best Cars 2014: Opel ADAM Wins Major Readers' Choice Award“. Посетено на 15 July 2015.
  7. „New All-Aluminum 3-Cylinder Turbo Sets Refinement Benchmark“. media.gm.com. Посетено на 15 July 2015.
  8. „With Adam, Opel hopes to prove it can build a money-making minicar in Germany“. Automotive News. Посетено на 1 July 2014.
  9. „Opel Adam in Singapore“. Архивирано од изворникот на 2018-10-05. Посетено на 20 August 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]