Опел Мока

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Опел Мока X
Opel Mokka ecoFLEX Edition – Frontansicht, 25. August 2013, Düsseldorf.jpg
ПроизведувачОпел
Познат и какоВоксхал Мока (Обединето Кралство)
Буик Енкор (Северна Америка и Кина)
Производство2012–денес
Год. на модел2013–денес
Склопување
Класакросовер
Тип на каросерија5-врати, 3-врати, 2-врати, SUV
ПлатформаПлатформа GM Gamma
Мотор
Пренос
  • 5-брзини (рачно)
  • 6-брзини
  • 6-брзини GM 6T40 (автоматско)
Меѓуоскино раст.2,555 mм (100.6 ин)
Должина4,280 mм (168.5 ин)
Ширина1,775 mм (69.9 ин)
Висина1,646 mм (64.8 ин)
Нетоварена тежина1,293 kg (2,851 lb) (2WD)
1,386 kg (3,056 lb) (4WD)
СродниШевролет Спарк
Шевролет Авео
Шевролет Тракс[2]
КонструкторКарстен Ангенхејстер [3]

Опел Мока — кросовер од типот SUV, кој се произведува од страна на германскиот производител на автомобили Опел од 2012 година. Продажбата започнала со моделот на година 2013 година, кон крајот на 2012 година[4]. Мока се произведува и во Бупијонг, Јужна Кореја и Сарагоса, Шпанија. Во 2016 година, моделот бил преименуван во Мока X. Исто така се продава и под брендот Воксхал во Велика Британија, и како Буик Енкор во Северна Америка и во Кина. Варијанта на Мока во Северна Америка е и Шевролет Тракс[2].

Опел и Воксхал[уреди | уреди извор]

Мока е позициониран под Антара и Зафира Турер во поставата на Опел и е достапна и во верзиите на предни тркала и со погон на четири тркала. Името Мока потекнува од мали, кружни зрна кафе од сортата Арабика.

Мока е заснована на платформата на ГМ „Гама II“. Откако бил воведен моделот, Мока бил понуден со три мотори: бензинец 115 КС (85 kW; 113 КС) 1.6 литри, 140 КС (103 kW; 138 КС) 1,4 литарски турбо бензинец и 130 PS (96 kW; 128 КС) 1,7 литарски дизел[5][6].

Други бензински и дизел мотори биле понудени подоцна, вклучително и 152 КС (112 kW; 150 КС) 1,4 литарски турбо бензинец со директно вбризгување со старт/стоп функција воведена за модел 2016 година.

Мотори[уреди | уреди извор]

Повеќето мотори се стандардни со пет брзини (само 1,6 литарски MPI бензински мотор) или шест брзински рачен менувач, со што технологијата Stop/Start започнала уште во 2014 година. Шест брзинскиот автоматски менувач со активен режим е опционално достапен за бензински и дизел мотори, вклучително и 1.4 литарски MPI Турбо бензински и 1,7 литарски дизел мотори CDTI и за моделите FWD и AWD.

Технологија Stop/Start на возила со автоматски менувачи за прв пат се појавила со воведување на новиот, помоќен (112 kW; 150 КС), B14XFT 1.4 литарски мотор надиректно вбризгување.

На пазарот во Русија е достапна верзија со 1,8 литарски бензинец A18XER (корејска ознака F18DA). Автомобилите за рускиот пазар биле произведувани во Калининград, Русија од Автотор, а подоцна и од Унисон (Минск, Белорусија) во 2015 година[7]. Во октомври 2014 г. спецификациите на моторот во следниве табели се од Прирачникот за сопственици на Опел за 2013, 2015 и 2018 година[8] [9][10].

Бензин
Модел Мотор Зафатнина Сила Вртежи ID код CO2 емисија(g/km) Години
1.4L VVT MPI Turbo I4 1364 cc 140 PS (103 kW; 138 hp) at 4900-6000 rpm 200 N•m (148 lb•ft) at 1850-4900 rpm A14NET B14NET 153 2013–
1.4L VVT DI Turbo 1399 cc 152 PS (112 kW; 150 hp) at 4900-6000 rpm 235 N•m (173 lb•ft) at 1850-4900 rpm B14XFT 155 2016–
1.6L VVT MPI 1598 cc 115 PS (85 kW; 113 hp) at 6200 rpm 155 N•m (114 lb•ft) at 4000 rpm A16XER B16XER 139 2013–
1.8L VVT MPI 1796 cc 140 PS (103 kW; 138 hp) at 6200 rpm 178 N•m (131 lb•ft) at 3800 rpm A18XER 225 (FWD, MT5), 257 (AWD, AT6) 2013–
Дизел
Модел Мотор Зафатнина Сила Вртежи ID код CO2 емисија(g/km) Години
1.6L CDTI ecoFLEX I4 1598 cc 110 PS (81 kW; 108 hp) at 4000 rpm 300 N•m (221 lb•ft) at 2000–2250 rpm B16DTN B16DTU 114-109 2015–
1.6L CDTI Turbo ecoFLEX 1598 cc 136 PS (100 kW; 134 hp) at 3500-4000 rpm 320 N•m (236 lb•ft) at 2000–2250 rpm B16DTH 109-119 2015–
1.7L CDTI ecoFLEX 1686 cc 130 PS (96 kW; 128 hp) at 4000 rpm 300 N•m (221 lb•ft) at 2000-2500 rpm A17DTS 120-129 2013–15

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Opel Mokka rolls off the production line in Zaragoza". Opel. 12 September 2014.
  2. 2,0 2,1 „New Chevrolet Trax Small Crossover is the Buick Encore's Global Twin, will Debut in Paris - Carscoop“. Carscoop.blogspot.com. 14 May 2012. конс. 14 July 2012. 
  3. „Kompakte Maße, großer Auftritt“. Vauxhall-Blog. 9 February 2012. конс. 14 July 2012. 
  4. „2013 Vauxhall-Mokka“. WorldCarFans. January 2012. конс. 10 January 2012. 
  5. „All-New Opel Mokka: Compact in Size, Big in Attitude“. Media: Europe. Adam Opel AG. 10 January 2012. конс. 16 May 2012. 
  6. Hudson, Paul. „Vauxhall Mokka SUV breaks cover“, „The Telegraph“, 11 јануари 2012 (посет. 13 февруари 2012 г).
  7. "Opel Mokka". Wroom.ru.
  8. Engine Data, 2013 Opel Owner's Manual, p. 195
  9. Engine Data, 2015 Opel Owner's Manual, p. 205
  10. Engine Data, 2018 Opel Owner's Manual, Engine Data, pp. 227,228

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

 
Commons-logo.svg
   Ризницата има содржини поврзани со: