Бедфорд CF

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Опел Бедфорд Блиц)
Бедфорд CF
ПроизведувачБедфорд / Воксхал
Познат и какоОпел Бедфорд Блиц
Производство1969–1988
ПретходникБедфорд CA
Опел Блиц
НаследникБедфорд Миди
Класапикап
Мотор
  • 1.6 L
  • 1.8 L
  • 2.0 L
  • 2.2 L
  • 2.3 L
  • 2.85 L
  • 3.3 L
Пренос
  • 3-брзини (рачно)
  • 4-брзини (рачно)
  • 5-брзини (рачно)
  • 3-брзини (автоматско)

Бедфорд CF — минибус која бил произведен од страна на Бедфорд. Моделот бил претставен во 1969 година, заменувајќи го постариот модел CA, и според својата големина бил директен конкурент на Форд Транзит, кој влегол во производство четири години порано. Неговиот дизајн бил сличен на својот американски „колега“, Шевролет Ван (1971-1995).

Воксхал/Бедфорд како подружница на „Џенерал моторс“, на некои пазари надвор од Велика Британија и Ирска своите модели ги продавале под марката „Опел“. Конкретно, овој модел се продавал како Опел Бедфорд Блиц од 1973 година кога оригиналниот „Опел Блиц“ бил постепено повлечен од производство. На други пазари, како во Норвешка, моделот го задржал првинчното име[1].

Бедфорд CF бил познат по тоа што бил последното возило кое било произведено со мотор на Вокохал во 1987 година, бидејќи по оваа година моделите на брендот биле работени на платформата на Опел. Брендот Бедфорд продолжил со одредени свои дизајни, пред да престане да се произведува во 1991 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-08-29. Посетено на 2019-10-18.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Video clips
Images