Носии од Славиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Изглед на носијата

Во селата околу Крива Паланка, означени во народот како Источен дел на Славиште, женската носија се одликува со карактеристични белези на шопските носии - рамно кроена бела платнена кошула и шајак од црна клашна, долг до под колена, со куси ракави, украсен на градите и на ракавите со апликации од волнени гајтани и срма. Појасот е од волнена и конопна, пругасто - шарена ткаенина, а скутината означена како скутача е декорирана со ситни шарки, меѓу кои има и китки од срмени конци. Зимска и празнична облека е безракавно џубе, долго до колена, од црна клашна, со украси од гајтани и срма.