Носии од Малешево

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во пределот Малешево постарата женска народна носија се одликува со карактеристични везбени украси на кошулата, врз која се облекува рамно кроена антерија со долги ракави, тенка ткаена скутина - фута и плетени орнаментирани чорапи. Од почетокот на овој век, везените украси на кошулата се изоставени, а наместо антерија се носи фустан антериов, со поинакви кројни елементи и поинаков начин на украсување.