Носии од Банско

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во женската носија од околината на Банско, посебно е забележлива облеката од црвена валана клашна, безракавна, долга до колена, со богати набори во долниот дел, која се облекува врз платнената кошула, украсена со ситно извезени геометриски мотиви. Врз ткаениот појас на предниот дел се опашува алова скутина - скутача, украсена со извезени мотиви и аплицирани монистра и л'скавци. Машката носија, сета од клашнени облеки во темни бои - чашири, елек, долама, ткаен појас, дебели волнени плетени чорапи и на главата калпак од јагнешка кожа, делува впечатливо како изразито планинска носија.

Галерија на останатите пирински носии[уреди | уреди извор]