Јужномакедонска носија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Женa од Воден во народна носија, почеток на XX век

Јужномакедонската носија е носија која е карактеристична за најјужниот дел на Македонија -


Карактеристики[уреди | уреди извор]

Народните носии и во овој дел на Македонија покажуваат голема разновидност, со бројни облеки и разновидна декорација.

Машките носии во јужномакедонската етничка целина се поедноставни и со помали пределски разлики. Основни делови во машките носии се: бела платнена кошула со широки ракави, гаќи од платно, клашнени ѕиври, ногавици, беневрези, тесни ткаени појасчиња за под колена - подвески, ќурдија - безракавна облека од црна клашна, и долама - зимска дебела облека со црвени украсни ширити. Сточарска облека е трлаган, гуна - од волна и козина, со широка јака за ќулафка.

Анализата на одделните облеки од составот на празничната женска и обредната машка носија укажува на зачувани далечни траги од старобалканската и старословенската културна традиција, со примеси на елементи од византискиот и ориенталниот начин на украсување.