Носии од Дебарски Дримкол

Од Википедија — слободната енциклопедија

Носијата во Дебарски Дримкол била носена во седумте села од овој регион. Оваа носија надоврзува на носијата од Голо Брдо со истите облековни елементи, но со разлики во нивното украсување и потемни колористични решенија.

Женска носија[уреди | уреди извор]

Зетовска носија од с. Дренок, Дебарски Дримкол, 20-ти години на XX век

Облеките што ја сочинуваат невестинската носија, наречени срамачки се најмногу украсени и најдекоративни, што е посебно забележливо на ракавите од невестинската кошула, означени како тноки рокаи - за денот на свадбата, оние наменети за понеделникот по свадбата - дотноки рокаи, како и декоративна мала невестинска скутина бофча, со долги волнени рески.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]