Прејди на содржината

Горновардарска носија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Горновардарската етнографска целина на македонските народни носии го зафаќа северозападниот дел од Македонија и во нејзиниот состав влегуваат: Кумановскиот крај со пределските целини: Жеглигово и Средорек; Скопската Котлина, со пределските целини: Скопска Црна Гора, Скопска Блатија, Скопски Дервен и Торбешија; Полошката Котлина, со пределските целини: Долни Полог, Горни Полог и групата - Села под планината Сува Гора.[1][2]

Во составот на Горновардарската етнографска целина влегуваат носиите од следниве региони:

Заеднички карактеристики

[уреди | уреди извор]

Носиите кои припаѓаат на оваа етнографска целина имаат меѓусебно испреплетени заеднички карактеристики, но истовремено се забележуваат и голем број различни елементи. Во нивниот состав, кај некои носии доминираат горните облеки изработени од бела волнена клашна, додека кај други се користат облеки од црн, кафеав или црвено обоен шајак. Само мал дел од носиите биле составени од пругаста лито ткаена волнена ткаенина, позната како алаџа или шарена ткаенина.

Долните делови од облеката, како што се кошулите, гаќите и фустанот (доколку е присутен), секогаш биле изработени од бел платнен материјал, направен од коноп, лен или памук. Во некои региони, се среќавале и платнени облеки направени од кенарлија платно во пруги. Белите волнени и платнени облеки претставуваат најстар тип на носии и се поврзани со старобалканското и старословенското културно наследство. Од друга страна, пругастите облеки се понова појава и претставуваат турско-ориентална културна придобивка.[1]

  1. 1,0 1,1 Здравев, Ѓорѓи (2005). Македонски народни носии - ткаеници, везови, китење и накит. Скопје: Матица македонса. стр. 52. ISBN 9989-48-584-4.
  2. Томовски, Крум (1996). Етнологија на Македонците. Скопје: МАНУ. стр. 145 и 146. ISBN 9989-649-25-1.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]