Новаќе

Координати: 41°57′37″N 20°54′54″E / 41.96028° СГШ; 20.91500° ИГД / 41.96028; 20.91500
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 00:45, 13 октомври 2021; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (→‎Избирачко место: Јазична исправка, replaced: Изборно место → Избирачко место, изборно место → избирачко место, изборното место → избирач)
Новаќе
Новаќе во рамките на Македонија
Новаќе
Местоположба на Новаќе во Македонија
Новаќе на карта

Карта

Координати 41°57′37″N 20°54′54″E / 41.96028° СГШ; 20.91500° ИГД / 41.96028; 20.91500
Општина Боговиње
Население 304 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 28051
Надм. вис. 509 м
Новаќе на општинската карта

Атарот на Новаќе во рамките на општината
Новаќе на Ризницата

Новаќе — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба

Историја

Стопанство

Демографија

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Новаќе живееле 175 жители, од кои 135 Албанци и 40 Македонци.[2]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Новаќе имало 32 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година селото било дел од Брвеничка општина во Долнополошкиот срез и имало 22 куќи со 117 жители, Албанци и Македонци.[4]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 304 жители, сите Албанци.[5]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[6]

Година 1900 1905 1929 1948 1953 1961 1971 1981 1994 2002
Население 175[2] 32[3] 117[4] 172 191 237 280 305 331 304

Родови

Новаќе е албанско село.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:

  • Дервишовци (3 к.) најстар род во селото. Доселени се од некое село во областа Гора кај Призрен. Они се албанизирани Горанци.
  • Коматникоски (1 к.) доселени се од селото Јеловјане. Подалечно потекло од селото Рестелица во Гора. Они се албанизирани Горанци.
  • Десовци (1 к.) доселени се од селото Ново Село. Таму припаѓале на истоимениот голем род. Подалечно потекло од некое село во Гора. Они се албанизирани Горанци.
  • Беќировци (9 к.), Изероски (7 к.) и Абдиоски (2 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
  • Таироски (2 к.) доселени се од селото Калиште.
  • Анче (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Камењане.[7]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2064 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 353 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Стари македонски православни иселеници има во Тетово. Таму се иселени. Србиновци, Аврамовци, Мишковци, Димовци, Никодиновци, Ѓоровци, Атанасовци, Велјановци и Дамјановци. Цветковци се иселиле во Долно Седларце.[7]

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
  3. 3,0 3,1 Brankoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 122-123.
  4. 4,0 4,1 Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 23.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  7. 7,0 7,1 Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
  8. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски