Казањ Арена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Казањ Арена
Kazan Arena 2017.png
Место Казањ, Татарстан, Русија Русија
Започнат мај 2010
Отворен јули 2013
Сопственик
Подлога трева
Цена на изградбата $ 450 милиони
Архитект Populous, V. Motorin
Игра ФК Рубин Казањ
Гледачи 45,379

Казањ Арена (руски: «Казань Арена»; татарски: Казан-Арена) — стадион кој се наоѓа во Казањ, Русија.

Карактеристики[уреди | уреди извор]

  • Површина на стадионот: 28 хектари
  • Капацитет: 45.379 гледачи
  • Површина на објектот: 73,330 m²
  • Вкупна површина на објектот: 135.967 m²
  • Паркинг: 6.285 места
  • Фудбалско поле: 9000 m², 105 mx 68 m

Историја[уреди | уреди извор]

На 5 мај 2010 година, рускиот претседател Владимир Путин поставил камен темелник на стадионот. Комплесот бил завршен во рекордно време - 36 месеци подоцна, во мај 2013 година, станувајќи првиот стадион изграден за Светското првенство 2018 во Русија.

Неговиот капацитет е 45.379 гледачи. Со неговото отварање, стадионот го заменил Централниот стадион како главен фудбалски стадион во Казањ.

Архитектонскиот концепт на стадионот е дизајниран од страна на компанијата Populous. Според планот на главниот дизајнер Дејмон Лавел, стадионот е единствен одговор на локалната култура и место.

Стадионот во текот на своето постоење е најчесто домаќин на фудбалски натпревари, односно своите домашни натпревари на стадионот ги игра екипата на ФК Рубин Казањ. Освен тоа, стадионот бил домаќин на неколку меѓународни настани, како Летна универзијада - 2013, на Купот на конфедерации во 2017 година, а ќе биде домаќин и на натпревари од Светското првенство во фудбал во 2018 година. Казањ Арена, исто така, бил домаќин на Светското првенство во водени спортови во 2015 година.

Првиот фудбалски натпревар на стадионот бил одигран на 17 август 2014 година помеѓу ФК Рубин Казањ и ФК Локомотив Москва (1:1). Првата победа на новиот стадион ФК Рубин ја остварил на 23 август во натпреварот од 5-тиот круг од првенството на Русија, победувајќи го актуелниот шампион во тоа време - ПФК ЦСКА Москва (2: 1). На 5 ноември 2015 година на стадионот бил одигран првиот натпревар од Лига Европа против ФК Ливерпул. Од 17 јуни до 2 јули 2017 година, на стадионот во Казањ Арена се одржале четири натпревари од Купот на Конфедерации 2017, посетувајќи го повеќе од 150.000 гледачи.

Натпревари[уреди | уреди извор]

Куп на конфедерации 2017[уреди | уреди извор]

Дата Време Екипа #1 Резултат Екипа #2 Круг Посетеност
18 јуни 2017 18:00  Португалија 2–2  Мексико Група А 34,372[1]
22 јуни 2017 21:00  Германија 1–1  Чиле Група Б 38,222[2]
24 јуни 2017 18:00  Мексико 2–1  Русија Група А 41,585[3]
28 јуни 2017 21:00  Португалија 0–0 (0–3 p)  Чиле Полуфинале 40,855[4]

Светско првенство 2018[уреди | уреди извор]

Дата Екипа Екипа#1 Резултат Екипа #2 Круг Посетеност
16 јуни 2018 13:00  Франција  Австралија Група Ц
20 јуни 2018 21:00  Иран  Шпанија Група Б
24 јуни 2018 21:00  Полска  Колумбија Група Х
27 јуни 2018 17:00  Јужна Кореја  Германија Група Ф
30 јуни 2018 17:00 Победник од група Ц Втор од група Д Осмофинале
6 јули 2018 21:00 Победник од натпревар 53 Победник од натпревар 54 Полуфинале

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]