Саат-кула (Велес)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Градски саат (Велес))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Градскиот саат во Велес

Саат кулата во Велес била изградена во првата половина на 18 век, кулата во централното градско подрачје на Велес служела како осматрачница за отоманските власти. Кон крајот на 18 век, во пeриодот на преродбата во Велес, кулата била претворена во градски саат. Оттогаш камбанаријата на саатот е постојан потсетник за времето за граѓаните на Велес.[1]

Со својата специфична архитектура, оваа градба од камен со раскошен врв денес е неодминлив симбол на Велес, присутен и на грбот и знамето на градот. Кулата овозможува убав поглед на централното градско подрачје. Ентериерот кој е израз на древната игра на дрвото и каменот ја прави оваа туристика атракција уште поинтересна. Градскиот саат кој им одолеал на вековите, веднаш го привлекува вниманието на љубителите на специфичната урбана архитектура.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Димовска - Чоловиќ, Мирјана (2008) (на македонски). Саат кулите во Република Македонија. Скопје: Национален конзерваторски центар-скопје; Едиција Културно-историско наследство на Република Македонија. стр. 114. ISBN 978-9989-131-08-0. http://www.kalamus.com.mk/pdf_spisanija/patrimonium_3/036%20-%2035%20Spisanie%20Vera%202010.pdf.