Горан Тренчовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Goran-trenchovski-portrait.jpg
Роден 24 април 1970
Струмица, Македонија Македонија
Познат по режијата на:
Словенски Орфеј
Вампирџија
Златна петорка
Игра и спас
Занимање режисер и писател

Горан Тренчовски (роден на 24 април 1970 во Струмица) е македонски режисер и писател.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Дипломирал режија на Академијата за уметности во Нови Сад, во класата на проф. д-р Боро Драшковиќ. По завршувањето на студиите, непосредно по распадот на СФРЈ, на 21 година станaл еден од најмладите и најплодни режисери на Балканот, како и првиот струмичанец - професионален режисер со диплома за високо академско образование. Бил на стручна специјализација во Прага и посетувал постдипломски студии на Филолошкиот факултет во Скопје.

Бил уметнички координатор на Академската театарска лабораторија и драматург на Народниот театар Антон Панов. Работел во Македонската радио телевизија како постојан режисер, а таму ја извршувал и функцијата раководител на секторот за режисерско обликување. Бил селектор и уметнички директор на IX и X издание на Фестивалот на камерен театар "Ристо Шишков".

Тренчовски има режирано во сите драмски медиуми. Потписник е на 100-тина професионални уметнички - театарски и филмски проекти, како и на над 500 ТВ-проекти. Напишал околу 300 текстови објавени низ списанијата и весниците. Има плодно искуство и како продуцент, организатор и издавач.

Иницијатор е, основач и менаџер на интернационалниот филмски фестивал Астерфест. Сподвижник на Тивериополската филмска алијанса. Доцент на ЕФТА - Универзитетот за аудиовизуелни уметности во Скопје.

Неговите режирани дела биле прикажани на повеќе фестивали во странство. Режирал повеќе филмски и ТВ проекти во различни жанрови (серии, документарци, докудрами, играни проекти), како и повеќе театарски претстави според класични и модерни драми.

Тој ја воведува и промовира "поетиката на (де)тронизација".

За неговите режии и проекти повеќе пати е високо оценуван и вреднуван од домашната и меѓународната јавност и од стручната критика.

Минатата година го заврши долгометражниот игран филм „Златна петорка“ по прозни и драмски мотиви, инспириран од настанот за 5-темина струмички студенти во 1951.

Моментно е докторанд на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Творештво[уреди | уреди извор]

Филмографија
  • "Алтер варијации", 1987.
  • "Временик", 1993.
  • "Клошари и плакати", 1994.
  • "Бумбари" (ТВ серија во 8 епизоди), 1994.
  • "Јиржи Менцел и чешкиот филм", 1999.
  • "Кречо", 2000.
  • "Мултилевел", 2000.
  • "Македонска емиграција", 2001.
  • "Вампирџија (ТВ филм)", 2002.
  • "Ден шести", 2002.
  • "Клевета", 2002.
  • "Чекор пред времето", 2003.
  • "Андер", 2004.
  • "Бајколенд", 2005.
  • "Кандидати" (ТВ серија во 5 епизоди), 2006.
  • "Езерската земја на Никола К.", 2006.
  • "Мартин од скалите" (ТВ серија во 6 епизоди), 2006.
  • "Adieus", 2007.
  • "Верувам во Македонија" (за Борис Трајковски), 2007.[2]
  • "Претседателот", 2009.
  • "Духот на татко ми" (за Ристо Шишков), 2010.[3]
  • "Игра и спас", 2013.[4]
  • "Златна петорка", 2016.
  • "Љубов и предавство" (сериски филм во 5 епизоди), 2017.
Театрографија
Книги

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

  • Авторска награда "Војдан Чернодрински" за современа драматизација и адаптација
  • Награда за уметнички сценски израз во Стоби
  • Гран при за ТВ филм на Сараевскиот филмски фестивал
  • Награда за ТВ продукција во Москва
  • Номинација за документарец во Вашингтон
  • Специјална награда за документарец во Новогард
  • Најдобра алтернативна претстава во Македонија
  • "Св. 15 Тивериополски свештеномаченици" за долгогодишен придонес во филмот и театарот
  • "Скрипт фест" за повеќегодишен успех во полето на филмската уметност
  • Златен Грифон за најдобар странски филм во Перуџа
  • Гран при за филм во ЈИЕ во Париз
  • Најдобар Балкански дух во Поградец
  • Најдобар странски игран филм во Мумбај
  • Гран при (најдобар игран филм) во Њу Џерси

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]