Ежен Јонеско

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ежен Јонеско
Јонеско во 1993 година
Изворно имеEugen Ionescu
Роден/а26.11.1909
Слатина, Романија
Починат/а28.3.1994
Париз, Франција
ЗанимањеДраматург, писател, професор по француски Playwright, dramatist
НационалностРоманец, Французин
Апсолвент наУниверзитет во Букурешт
ЖанрДрама, проза
Книжевно движењеТеатар на апсурдот
Значајни наградиЧлен на Француската академија од 1970 година
Сопруг/аРодика
ДецаМари-Франс

Ежен Јонеско, (фр: Еugène Ionesco) роден како Еуген Јонеску (ром: Eugen Ionescu) (Слатина, (26 ноември 1909) - Париз, 28 март 1994.) — француско-романски писател и драматург, еден од главните претставници на Театарот на апсурдот. Со исмејувањето на најбаналните состојби, драмите на Јонеско на реален начин ја опишуваат самотијата на луѓето и безначајноста на животот на поединецот.

Животопис[уреди | уреди извор]

Јонеско се родил во жупанијата Олт, Романија, од татко Романец кој ѝ припаѓал на Православната црква и мајка Французинка со грчко-романски корени koja била протестанка. (Подоцна мајка му ќе се преобрати во православната вера.[1] И Ежен бил крстен како православен христијанин. Многу извори наведуваат дека е тој роден во 1912 година, но таа грешка настанала поради суетата на Јонеско кој сакал сопствената година на раѓање да се совпадне со годината кога умрел неговиот идол, романскиот драматург Караѓале.[2]

Во 1911 година, Јонеско се преселил во Франција каде што останал до 1922 година кога се вратил во родната Романија.[3] Неговите родители се развеле во 1916 година додека живееле во Франција.[3] Кога се вратил во Романија, морал повторно да го учи романскиот јазик за да може да ја следи наставата во текот на школувањето во Букурешт.[3] По завршувањето на средното училиште во 1928 година, ги започнал студиите на француската книжевност на универзитетот во Букурешт каде што дипломирал во 1933 година. За време на студиите ги запознал Емил Чоран и Мирча Елијаде со кои бил пријател до крајот на животот.

Во 1936 година, Јонеско се оженил со Родика Бурилеану (1910-2004). Имале една ќерка, Мари-Франс, за која Јонеско напишал многу неконвенционални приказни. Во 1938 година добил стипендија[3] и бегајќи од ромунскиот фашизам, се вратил во Франција каде што докторирал. По избувнувањето на Втората светска војна во 1939 година, останал во Марсеј, но дефинитивно останал во Франција дури во 1942 година. По ослободувањето на Париз во 1944 година, Јонеско со семејството се преселил таму. И покрај тоа што во Франија живел долго време, француско државјанство добил дури во 1950 година.[4]

Во 1970 година, Јонеско станал член на Француската академија.[5] Јонеско добил многу награди од кои најзначајни се: Наградата на филмскиот фестивал во Тур (1959), Наградата Италија (1963), Наградата на Друштвото на драмските писатели (1966, Национана Гран при за театар (1969), Гран при Монако (1969), Австриската државна нагарада за европска литература (1979), Наградата на Ерусалим (1973), потоа бил почесен доктор на универзитетеите во Њујорк, Лувен, Ворик и во Тел Авив. Јонеско починал во Париз, на 28 март 1994 година, на 84 godini, a закопан е на париските гробишта Монпарнас. Иако пишувал речиси само на француски, тој е еден од најнаградуваните романски уметници.

Јонеско - книжевник[уреди | уреди извор]

Корените на неговата прва драма[уреди | уреди извор]

Како и Самуел Бекет, Јонеско доцна почнува во театарот. Својата прва пиеса Ќелавата пејачка, ја напишал дури во 1948 година, a праизведбата била во 1950. По својата четириесетта година решил да учи англиски јазик со помош на методата Асимил по принципот на копирање на цели реченици за да ги запамети. Кога ќе ги прочитал повторно, чувствувал како воопшто да не учел англиски, туку открил изненадувачки вистини како, на пример, онаа дека во една седмица има седум дена; дека таванот е горе, а подот долу, односно, нешта што и порано ги знаел но кои го погодиле просто вџашувачки од тоа што се несспорно вистинити.

Тоа чувство во подоцнежната работа е само истакнато и засилено со претставувањето на ликовите, познати како Господин и Госпоѓа Смит. На негово изненадување, Госпоѓа Смит го известила својот сопруг дека имаат неколку деца, дека живеат во Лондон, дека се презиваат Смит, дека Господин Смит е службеник, дека имаат слугинка на име Мери која е Англичанка, исто како и самите тие. Многу значајно за Госпоѓа Смит, мислел, била нејзината методичност во нејзината потрага по вистината. Кај Јонеско клишеата и вистинските факти од воведниот разговор се преточуваат во дива карикатура и пародија во која јазикот се распаѓа и пука на фрагменти од зборови. Јонеско решил тоа искуство да го претвори во драмата Ќелавата пејчка, чија праизведба била во 1950 година, a ја режирал Никола Батај. Изведбата била чист неуспех и поминала незабележано сѐ додека неколку успешни критичари и писатели, меѓу кои биле Жан Ануј и Ремон Кено, не ја пофаиле претставата.

Рани дела[уреди | уреди извор]

Најраните дела на Јонеско, истовремено и најиновантни, се едночинките и антидрами: Ќелавата пејачка (1950), Лекција (1951), Столови (1952) и Жак или покорност (1955). Тие апсурдни скечеви, што ги нарекол "антипиеси" или "антидрами" (fra. anti-pièce), го опишуваат чувството на отуѓеност, на неможност и на бесмисленост на општенењето меѓу луѓето со надреална комична сила, со пародирање со конформизмот на буржоазијата и со конвенционална театарска форма. Јонеско ја одбива конвенционалната фабула како основа, наместо тоа ја зема драмската структура и забрзувањето на ритамот и (или) циклично повторување. Занемарувајќи ги психологијата и логичниот дијалог, тој го опишува дехуманизираниот свет со помош на механички ликови, ликови како кукли што кажуваат зборови не знаејќи го нивното знчење, на пример, Non sequitur. Јазикот е стегнат, зборовите и материјалните објекти добиваат свој сопствен живот, ликовите се потенцираат и се создава чувство на опасност.

Години на успех[уреди | уреди извор]

Со Неплатен убиец (1959), негова втора голема, вистинска драма, првата е Амеде или како да се ослободите од него), Јонеско започнува да истражува драмски состојби со похуманизирани ликови. Од поистакнатите ликови треба да се спомене Беранже кој е главен лик во повеќе пиеси на Јонеско, од кои последна е Воздушен пешак од 1963 година.

Беранже е полуавтобиографски лик кој ги изразува изненаденоста и стравот на Јонеско од отуѓената реалност. Тој е комично наивен со што ја придобива симпатијата на публиката. Во Неплатен убиец тој се соочува со смртта во облик на сериски убиец. Во Носорог ги посматра своите пријатели како еден по еден се претвораат во носорог, а само тој не се менува наспроти бранот на конформизам што ги зафаќа сите. Токму во оваа драма, Јонеско го изразува својот став кон идеолошкиот конформизам, поттикнат од подемот на Железната гарда - фашистичка организација во Романија, 1930-1941. Драмата Кралот умира од 1962 година, го претставува кралот Беранже I., човек кој се обидува да се помири со сопствената смрт.

Гробот на Ежен и Родик Јонеско на париските гробишта Монпарнас.
Натпис на гробот:
Моли се а не знам кому: на Исус Христос, се надевам.

Подоцнешни дела[уреди | уреди извор]

Подоцнешните дела на Јонеско привлекле многу помало внимание. Меѓу нив спаѓаат Жед и глад (1966 година), Игри од крвопролевање (1971година), Магбет (1972., слободната адаптација на Магбет од Шекспир и Ce formidable bordel|Тој страшен бордел (1973).

Освен либретото за операта Максимилијан Колб (музиката ја напишал Доминик Пробст), што е изведена во пет земји, екранизирана и снимена на цеде, Јонеско не напишал ни едно театарско дело по Патување кај мртвите од 1981 година. Но Ќелавата пејачка и денес сѐ уште се игра [1] во Театр де ла Ишет, каде што била првпат изведена во 1952 година.

Теориски трудови[уреди | уреди извор]

Како и Шо и Брехт, Јонеско има голем придонес за театарот со своите теориски текстови.[6]. Најмногу пишувал со цел да ги поправи критичарите кои не ги разбирале неговите дела и со тоа лошо влијаеле врз публиката. Во тие текстови Јонеско се изјаснил за начините на коишто треба да се реформира модерниот театар.[7] Белешки и противбелешки се собрани текстови од Јонеско во кои се изнесени причините поради кои почнал да пишува и да одговара на своите критичари.

Во првиот дел насловен како Театарско искуство, Јонеско тврди дека како дете не сакал да оди во театар затоа што тоа не предизвикувло кај него „никакво задоволство или чувство на учество“.[8] Напишал дека проблемот на реалниот театар е во тоа што не е толку интересен како театарот кој ја поттикнува „имагинативната вистина“ што ја сметал за многу поинтересна и поослободувачка отколку „тесната“ вистина претставена со строгиот реализам.[8] Тврдел дека „драмата која се потпира врз едноставни ефекти не е неопходно поедноставена драма“.[9]

Авангарден стил[уреди | уреди извор]

Параболите на Јонеско не се разултат на бунтовната имагинација туку се резултат на посматрањето на распаѓањето на реалниот свет.

Во Ќелавата пејачка, една од неговите најпознати и најизведувани драми, ја обработува темата на неможноста да се комуницира. Ликовите на Јонеско изговараат општи, клишеизирани реченици кои се празни, немаат никакво значење и се бесмислени. Проблемите на јазикот, односно, звучниот привид што нема смисла, Јонеско го обработува и во други драми: Лекција, Столови, Жртви на должноста, Амеде или како да се ослободите од него. Во драмата Носорог, објавена во 1960 година, што била поставена во Театар Одеон, во режија на познатиот Жан Луј Баро, тој го заменува процесот на зборови со процес на идеи. Кралот умира е драма на самотијата и на тескобноста пред смртта, а во Жед и глад, изведувана во Комеди франсез, тој исто така се подбива.

„Човекот на авангардата е како непријател што е во самиот град што сака да го уништи и против кој се буни, зашто како и владеењето и постоечкиот систем на изразување е облик на покорување. Човекот на авангардата е противник на постоечкиот систем.“

Оваа мисла за авангардата како слобода, изречена од Јонеско во 1959 година, ја објаснува неговата животна филозофија и творечка поетика за театарот на апсурдот.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Поезија[уреди | уреди извор]

  • Elegii pentru fiinte mici (1931.)

Драми[уреди | уреди извор]

Есеи и теориски текстови[уреди | уреди извор]

Романи и раскази[уреди | уреди извор]

Оперски адаптации и либрета[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

=

  1. Some sources such as the Who's Who in Jewish History (Routledge, London, 1995) and 'Ionesco Eugene' article in Encyclopaedia Judaica state that Ionesco's mother was Jewish. In his now famous diary, Romanian playwright Mihail Sebastian recorded that Ionesco told him his mother "had been Jewish, from Craiova." (Cf. Journal: 1935–1944, UK edition, 321.) Marie-France Ionesco, Eugène's daughter, details a more complex genealogy of her family. Marie-Therese Ipcar's father was Jean Ipcar, a Lutheran from France and her mother was Aneta Ioanid, a Romanian woman of Greek parentage and Orthodox Christian faith. Jean's biological father was a Frenchman of Lutheran faith named Émile Marin. His mother, Anna, later married a man named Sebastien Ipcher, from whom Jean got his surname, a French-Catholic variation of "Ipcher" or "Ipchier". Rumors of Marie-Therese's Jewish origin, Marie-France writes, may have originated from the fact that her paternal grandmother's surname is disputed between the French Lebel or German-Jewish Lindenberg. Whether Eugène Ionesco's great-grandmother was Jewish or not, is, according to Marie-France, unknown and irrelevant, especially in regard to Eugène Ionesco's positive view of Jews. Cf. Ionesco, Marie-France, Portrait de l'écrivain dans le siècle: Eugène Ionesco, 1909-1994, Gallimard, Paris, 2004.
  2. „Søren Olsen, Eugene Ionesco's life. Архивирано од изворникот на 2017-11-08. Посетено на 2015-08-18.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Eugène Ionesco: Ćelava pjevaćica • Stolice, SysPrint, Lektira dostupna svima, str. 7
  4. Eugène Ionesco: Ćelava pjevaćica • Stolice, SysPrint, Lektira dostupna svima, str. 8
  5. „Primanje Ionesca“. Архивирано од изворникот на 2005-03-04. Посетено на 2015-08-18.
  6. Wellwarth, George E. San i drama, str 33.
  7. Wellwarth, 33
  8. 8,0 8,1 Ionesco : Sabrani teatar, str. 15
  9. Ionesco : Sabrani teatar, str. 28