Новогард
Новогард Nowogard | ||
---|---|---|
Градскиот дом во Новогард | ||
Земја | Полска | |
Војводство | Западнопоморско | |
Округ | Голењувски | |
Општина | Новогард | |
Површина | ||
• Вкупна | 12,6 км2 (49 ми2) | |
Население (2017) | ||
• Вкупно | 16.756 | |
• Густина | 1.330/км2 (3,400/ми2) | |
Пошт. бр. | 72–200 | |
Мреж. место | nowogard.pl |
Новогард (полски: Nowogard, германски: Naugard; кашупски: Nowògard) — град во Голењувскиот Округ на Западнопоморското Војводство, северозападна Полска. Населението брои 16.756 жители (2017).[1]
Име
[уреди | уреди извор]Името е кованка од зборовите нови и гард, што значи град на некогашниот поморски јазик.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Градот се наоѓа на 60 км североисточно од Шчеќин и 55 км јужно од балтичкиот брег.
Историја
[уреди | уреди извор]Местото настанало како средновековно утврдување (град)[2] и првпат споменува во 1268 г. како Ногарт во повелбата на поморскиот кнез Барним I, со која местото ѝ се предава на Каминската епископија како нејзин посед. Тука епископите подигнале замок.[2] Во 1274 г. гратчето и околината биле под управа на Ото фон Еберштајн и останале во сопственост на семејството сè до 1663 г. Во 1309 г. Новогард е прогласен за град, усвојувајќи ги германските закони.
Во првата половина на XIV век се подигнати утврдувања со долгнавесто пазариште во средината. Тука е подигната управната зграда и црквата. По смртта на последниот член на семејството Еберштајновци, во 1663 г. Нојгард му припаднал на Ернст Богуслав Крој, а во 1684 г. прешол во владение на изборни кнезови на Бранденбург.[2]
Во Источнопоморската операција за време на Втората светска војна, Црвената армија разурнала околу 60 отсто од градот.[2] На 5 март 1945 г. градот е зазеден од советската војска и предаден на Полска. Населението е истерано или пребегало, а на негово место се населени Полјаци.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]Главна знаменитост на Новогард е големото езеро кое се протега до градскиот центар. Долго е 2,7 км, а широко 620 м. Непосредната околина на градот е пошумена.
Познати личности
[уреди | уреди извор]- Фридрих Михаел Цајгенхаген (1694 – 1776) — германски свештеник court preacher of британскиот крал Џорџ I
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Новогард е збратимен со следниве градови:
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Податоци за Новогард на 31 декември 2017 г. — Полска во бројки (полски)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 nowogard.pl (полски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Новогард“ на Ризницата ? |
- Управен портал на Новогард — официјално мрежно место
53°39′N 15°07′E / 53.650° СГШ; 15.117° ИГД
|